Контакт

Естрада

Влезовите за журката на Вегас и Мајк блокирани од обожавателите кои во Охрид се во огромен број

Објавено пред

Преголемиот број на публика дојдена да го посети настапот на реномираните диџеј имиња од светската сцена Димитри Вегас и Лајк Мајк ги блокираше влезовите на Билјанини извори каде вчера имаше вистински спектакл.

Публиката во еден глас ги пееше најголемите хитови како When i Grow Up, Stay A While и Trenor.

„Македонија вие сте одлична публика!“, рекоа тие.

На спекталот енергијата ја вжештија и хитовите Instagram, Blah, Blah, Blah и Comlicated, кои се соработки и ремикси со светските диџеј како Дејвид Гета, Армин Ван Бурен и Афро Брос.

Пред настапот на Вегас и Мајк, публиката ја забавуваше македонскиот диџеј Галоски, за кого публиката коментираше дека повеќе зборува отколку што внимава на микс музиката која ја правеше. За влез во втори партер се чекаше и по еден час пред стадионот „Билјанини извори”.

„Се слушаме до Африка, а Охрид Колинг е најголем фестивал во Европа”, викаше Галоски од сцената на „Билјанини Извори“.

„Охрид Колинг“ годинава е спектакл за кој ќе се зборува уште долго, а тој продолжува и вечерва со Џакс Џонс и Роџер Санчез. Фестивалот е во организација на Аволон продукција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Во декември аукција на предмети од бракот на Френк и Барбара Синатра

Објавено пред

Повеќе од 200 предмети од Френк и Барбара Синатра, од филмски сценарија до накит, ќе бидат понудени на аукција што следниот месец ќе се одржи во Њујорк.

Аукциската куќа „Сотби“ објави дека предметите што двојката ги собрала во текот на 22-годишниот брак даваат јасен приказ на нивниот приватен и јавен живот.

Прикажи повеќе...

Естрада

Џони Штулиќ против Шербеџија: „Никогаш не сме биле пријатели ниту, пак, му напишав песна“

Објавено пред

„Знаеше на полноќ да ме повика на прошетка низ Загреб. Со него најубаво се молчеше во тие прошетки низ Загреб. Имавме чудно пријателство. Го замолив да направи песна за претставата ‘Хрватски славуј’, која ја режирав во Загреб во 1989 година. Џони ја направи песната ‘Мени се душо од тебе не растаје’ за отворањето на претставата на сцената. Па, сега, со насловот на овие концерти му испраќам порака, како на стар пријател“, рече Раде Шербеџија за РТС најавувајќи го својот концерт во Белград и објаснувајќи зошто концертот беше именуван по една песна од Бранимир (Џони) Штулиќ.

Но, оваа изјава не му се допадна на поранешниот фронтмен на „Азра“, кој на дамнешното пријателство очигледно заборавил, па испрати демант во кој се оградува од сите изјави на Шербеџија за нивните дружења.

„Шербеџија лаже мрачно. Џони никогаш не го повикал на прошетка низ градот, ниту му направил песна ниту, пак, некогаш биле пријатели, сосем обратно, тој во една пригода, по своја желба, го возеше со својот ‘мерцедес’ за да биде со него, меѓутоа го искористи тој повик за полесно да ја отуѓи песната и да ја вметне во својата претстава без прашање, се разбира, за да го скрие тоа, тој потоа ја снимил, а сега веќе со тие одвратни лаги ја оправдува и причината на самото негово постоење“.

Прикажи повеќе...

Естрада

Пукано кон вила во која биле раперите Канје Вест и Текаши 69

Објавено пред

Американските медиуми објавија дека најмалку осум куршуми биле испукани во насока на вила во која се наоѓале музичарите Канје Вест и Текаши 69.

Се тврди дека инцидентот се случил во вила на Беверли Хилс, која била изнајмена за потребите на снимање музички спот.

Медиумите објавија дека и пејачката Ники Минаж, најверојатно, била во вилата.

Исто така, полицијата додава дека во инцидентот нема повредени, но се открило дека еден куршум минал низ прозорецот на една од спалните соби.

Медиумите објавија дека Текаши 69, една од ѕвездите на новиот бран во рап-музиката, бил цел на напад и за време на снимањето спот со 50 Сент во август годинава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија12 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија12 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија14 часа

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија15 часа

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања17 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија17 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток18 часа

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија18 часа

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија19 часа

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Крвав четврток19 часа

Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување претседател на Собранието

Во пораките пронајдени од вештачењето на мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пронајдена е вибер-комуникација, во која...

Македонија21 час

(Видео) Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата...

Свет21 час

(Видео) Хамас лансира над 400 ракети кон Израел во најжестокиот борбен судир од 2014 година

Палестинските милитанти утрово кон Израел лансираа најмногу ракети од конфликтот во 2014 година предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на...

Македонија22 часа

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник...

Европа22 часа

(Видео) 15-годишно девојче се бори за живот по сообраќајната несреќа на автобус во Лондон

Дваесет лица беа повредени, од кои едно лице доби тешки повреди во сообраќајната несреќа на еден автобус во лондонската област...

Свет22 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки...

Македонија23 часа

СДСМ: Груевски го допре дното

Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност, велат од СДСМ. Од партијата велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Економија24 часа

Од денеска пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната...

Македонија24 часа

Мицкоски се сомнева дека власта не знае каде е Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сомнева дека власта не знае каде се крие неговиот претходник Никола Груевски кого полицијата...

Македонија1 ден

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Досие