Контакт

Бизарно

Возач загинал во обид да го земе мобилниот кој му паднал на автопат

Објавено пред

Полицијата соопшти дека човек од Калифорнија загинал на автопат во државата Конектикат.

Во соопштението се наведува дека човекот случајно го испуштил телефонот од прозорецот и потоа го запрел возилото за да го земе уредот.

Полицијата информира дека загинатиот Хоа Ного (34) од Сакраменто бил со уште тројца другари во камионет, објави АП.

Тој го паркирал возилото на страната од автопатот и претрчал преку три ленти за да стигне до телефонот. Кога се упатил кон своето возило, бил удрен од автомобил и им подлегнал на повредите.

Во врска со случајот не е покренато обвинение, информира агенцијата.

Бизарно

Мароканка обвинета дека го убила, распaрчила и го зготвила своето момче

Објавено пред

Во Обединетите Арапски Емирати уапсена е Мароканка која се сомничи дека брутално го убила своето момче, пренесе агенцијата „Асошиетед прес“ (АП).

Обвинителите ја товарат за убиство на своето момче, чие тело потоа го распарчила и го зготвила, на крајот послужувајќи го како оброк за пакистански работници. Неговите остатоци Мароканката ги послужила како традиционален оброк со ориз и месо познат како макбус, јавува АП.

Националните медиуми во Абу Даби пренесоа дека жената била уапсена под сомнение дека го убила момчето со кого била во врска седум години кога тој ѝ кажал дека планира да се ожени со друга.

Според медиумите, човекот бил убиен пред три месеци, но злосторството било откриено во последните неколку дена кога неговиот брат почнал да го бара. Тогаш во блендерот на девојката на својот брат пронашол човечки заб. Полицијата објави дека на жената ќе ѝ се суди кога ќе биде спроведена целосна истрага.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Четка за тоалет со ликот на Доналд Трамп стана хит во Нов Зеланд

Објавено пред

Четка за тоалет со ликот на американскиот претседател Донал Трамп е вистински хит во Нов Зеланд. Четката за цена од 20 долари се продава онлајн и досега ја порачале над 2.000 лица.

Четките за тоалет со Доналд Трамп се продаваат на интернет-страницата еtsy.com, а продавачот ги рекламира како моќна алатка што ќе направи тоалетот повторно да свети. Популарната четка на крајот на рачката го има ликот на Трамп облечен во син костум и црвена вратоврска.

„Нека ви светне домот повторно. Ниту еден претседател немал ваква тоалетна четка како мојата“, напишал продавачот на објавата на интернет-страницата.

Производот досега има добиено најдобри оценки и 5 ѕвездички од купувачите.

„Го сакам овој кул и уникатен предмет. Очекувам да го подарам на Божик“, вели еден од купувачите.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Американска компанија на своите вработени им подготви необични божикни подароци

Објавено пред

 

„Беншот“ е семејна фирма од Хортонвил, Висконсин, предводена од татко и син, која произведува чаши отпорни на куршуми, со вистински куршуми вградени од страна за да изгледаат како да се погодени.

Според Апелтон Пост-Кресент, производителот на стакло „Беншот“ се одлучил на ироничен подарок за да ја промовира компанијата и да изгради тим.

Wisconsin business gives employees handguns as Christmas gifts

Benshot, a northeast Wisconsin company that produces glassware embedded with bullets, gifted handguns to staff as an early Christmas present. DETAILS: https://on.tmj4.com/2QHckEp

Gepostet von TODAY'S TMJ4 am Mittwoch, 14. November 2018

Имено, работодавците им подарија пиштол на секој од своите 16 постојани вработени. Ова е првпат компанијата да направи такво нешто, а сосопственикот Бен Волфграм вели дека е мотивиран од желбата да се зајакне неговиот тим и личната безбедност на работниците.

Сосопственикот Бен Волфграм рече дека повеќето од неговите работници биле возбудени што ќе добијат огнено оружје.

„Никогаш не сум бил дел од вакво нешто“, рече нивниот работник Челзи Приест.

Технички, работниците нема да ги отпакуваат своите подароци  во компанијата, имено тие веќе добија подарок картички со кои може да го подигнат своето оружје. Волфграм рече дека неколку работници на почетокот го одбиле овој подарок, објави „Њузер“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија2 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија3 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized6 часа

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија6 часа

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски7 часа

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија7 часа

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски8 часа

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Македонија11 час

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет11 час

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија11 час

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Афера „Банки“12 часа

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата....

Бегството на Груевски12 часа

(Видео) Дескоска: Ќе бараме екстрадиција на Груевски и да му е доделен азил

Македонија, денеска, или најдоцна утре ќе го достави барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Министерката за правда, Рената...

Бегството на Груевски12 часа

Груевски добил азил во Унгарија?

Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија донела одлука за барањето на бегалецот Никола Груевски, но оттаму, нема детали дали...

Европа13 часа

(Видео) Избоден полицаец во напад во Брисел, напаѓачот повреден

Во историскиот центар во Брисел утрово непознат напаѓач со нож нападна еден полицаец кој се збоди со повреди. По нападот...

Македонија14 часа

Дисциплинска за полицаец кој употребил сила врз актерката Ирена Ристиќ

Одделот за внатрешна контрола при МВР поведе постапка за дисциплинска одговорност на полицаец од полициската станица Центар, кој пред два...

Македонија14 часа

Вучиќ: Груевски во Србија влезе со важечки документи, прашање е како ја напуштил Македoнија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави синоќа дека поранешниот премиер Никола Груевски со регуларни документи влегол во Србија, дека во...

Македонија1 ден

ДЗС: Спасени четири лица завеани на Пелистер

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека...

Свет1 ден

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со...

Македонија1 ден

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер...

Досие