Контакт

Забава

Возрасните да вежбаат двапати неделно за да останат активни подолго, советуваат врвни лекари

Објавено пред

Возрасните лица да прават вежби за зајакнување на мускулите двапати неделно, како и аеробни вежби, за да си помогнат да останат активни подолго, советуваат врвните лекари во Велика Британија.

За првпат, во препораките се вклучени совети за безбедно ниво на активност и за бремените жени и нови мајки. Танц или Таи Чи се препорачуваат за лицата на над 65-годишна возраст, за да ги намалат падовите во староста.

Физичката активност, како што наведуваат лекарите, штити од гојазност, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и депресија. Новите упатства за физичка активност се изработени од главните медицински службеници во Велика Британија и ажурирани за да ги одразуваат најновите научни докази.

Нивната порака е дека секоја активност е подобра отколку никаква активност.

Професорот Сали Дејвис, вели дека повеќето деца и возрасни во Велика Британија не се доволно активни.

„Ни треба поактивно патување, потребно е луѓето да се симнат од автобусот, да се качуваат по скали наместо да користат лифт…Треба да бидеме поактивни“.

Упатствата препорачуваат возрасните да градат сила и рамнотежа за да се спречи природниот пад на мускулната маса и густината на коските, процес што започнува на околу 50-годишна возраст.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Наука

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Објавено пред

Таинствена старт-ап компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да помогне во зачувување на нашата планета.

Компанијата „Хелиоген“, досега не многу позната во јавноста, која се занимава со чиста енергија, во вторникот објави дека открила начин преку кој со помош на вештачка интелигенција и мноштво огледала, може да се собере голема количина сончева енергија, која создава електрична топлина над 1.000 Целзиусови степени.

Компанијата всушност креирала соларна печка каде може да се достигне температура која изнесува отприлика една четвртина од онаа на површината на Сонцето, пишува Си-ен-ен, а пренесува „Индекс“.

За прв пат, успешно е концентрирана толкава сончева енергија за таа да може да се употребува при изработка на цемент, челик, стакла и други индустрики производи. Со други зборови, сончевата светлина наскоро би можела да ги замени фосилните горива во значаен дел од индустријата и во голема мерка да го намали ослободувањето на штетни гасови.

„Тоа е технологија која е поевтина од фосилните горива и не произведува јаглерод диоксид“, изјавил за Си-ен-ен, Бил Грос, основач и извршен директор на „Хелиоген“.

„Во овој случај навистина зборуваме за пронаоѓање на светиот грал“, додал тој.

Еден од проблемите со сончевата енергија е дека сонцето не секогаш сјае, а индустриските постројки, како оние што произведуваат цемент или челик, имаат постојана потреба од високи температури. „Хелиоген“ тврди дека овој проблем ќе се реши со системи за складирање кои можат да ја зачуваат сончевата енергија за облачни и дождливи денови.

Прикажи повеќе...

Забава

Уапсен маж во Флорида кој криел дрога во папокот

Објавено пред

Човек од Флорида го користел папокот на својот стомак за да сокрие вреќичка дрога, соопшти полицијата.

Мартин Скели (41) од Санкт Петербург бил приведен минатиот викенд откако, наводно, се појавил во „Мекдоналдс“ во Клирвотер со игла наполнета со дрога, објавија медиумите.

Инспекторите кај него пронајдоа игла со 28 мерици, а тој беше уапсен под обвинение за поседување метамфетамин, објави „The Smoking Gun“, повикувајќи се на изјавата за апсење.

Полицијата го претресе Скели пред да биде однесен во затвор во округот Пинелас.

Пред да биде транспортиран, властите го прашале Скели дали има уште дрога скриена во него, предупредувајќи го дека може да се соочи со дополнителни обвиненија доколку пронајдат дрога додека е во затвор, но Скели негирал, се наведува во изјавата на полицијата.

„Додека беше процесуиран во затворот, полицијата најде мала вреќичка со метaмфетамин ставена длабоко во шуплината на папокот на стомакот“, соопшти полицијата.

„Бев глупав и не размислував“, рекол Скели кога полицијата ја пронашла дрогата.

 

 

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Најсилниот човек на светот вежба во спортска сала од 150.000 долари

Објавено пред

Брајан Шо неколкупати ја има освоено титулата најсилен човек на светот. Првпат во 2011 година, а потоа во 2013, 2015 и во 2016 година. Покрај тоа, тој има освоено многубројни други турнири, а благодарение на неговата популарност на социјалните мрежи, тој се збогатил.

Дел од тоа богатство тој го инвестира во изградба на домашна спортска сала, каде што секојдневно тренира за да остане во форма. Многу од обожавателите беа заинтересирани за тоа како изгледа салата, па Брајан решил да им дозволи да ја видат.

Како што откри, во неа вложил импресивни 150.000 американски долари, а во 17-минутно видео тој покажал дека салата содржи опрема каква што едноставно не постои на друго место.

Прикажи повеќе...

Најново

Наука19 минути

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Таинствена старт-ап компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да...

Економија21 минута

Ангеловска за ММФ: Оваа институција е претпазлива со заклучоците, но нема негативни коментари

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка...

Економија50 минути

Заев: Инвестираме во човечкиот капитал преку мерки во образованието

Во однос на мерките преку кои државата ќе инвестира во човечкиот капитал, на што е посветен предлог-буџетот за идната година,...

Европа1 час

Пронајдени 25 слепи патници на брод во Холандија

Во контејнер замрзнувач на брод кој од Холандија тргнал кон Велика Британија пронајдени се 25 слепи патници, соопшти холандската организација...

Свет1 час

НАТО проширува операции и во вселената

НАТО ги проширува своите операции во вселената, петта оперативна зона, по копното, морето, воздухот и неодамна и сајбер-просторот, велат извори...

Македонија2 часа

Димитров во Брисел на состанок со сојузниците од НАТО

На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Брисел ќе учествува...

Регион13 часа

Мигрант силувал две студентки во Љубљана

Триесет и осумгодишен државјанин на Мароко е уапсен под сомнение дека силувал две студентки во Љубљана. Како што пренесуваат локалните...

Македонија14 часа

Хрватска го поддржува писмото за Северна Македонија, но нема да го потпише

Хрватска го поддржува писмото кое во врска со Северна Македонија и Албанија на Европската комисија ѝ го испратија министрите за...

Европа15 часа

Членките на ЕУ поделени за предлогот на Франција

Земјите членки на Европската Унија се поделени за предлогот на Франција, некои од нив изразиле поддршка, а други се воздржани...

Македонија17 часа

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Свет19 часа

Шведска ја прекина истрагата за силување против Асанж

Шведското обвинителство ја отфрли истрагата поради обвинение за силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, покренато уште во 2010 година....

Македонија19 часа

Екоактивистите ќе протестираат итно да се одземе концесијата од „Еуромакс ресурсис“

Се ближи датумот кога оваа влада нема да може да донесува и спроведува одлуки, а Министерството за економија сè уште...

Македонија21 час

(Видео) Дуковски: На Боки 13 не му работи бубрегот и мокри крв

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста рече дека е загрижен поради здравствената состојба на...

Топ21 час

(Видео) Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од Валандовско

Граничната полиција на преминот Табановце ноќеска во камион со приколка со бугарски регистарски ознаки пронајде 100 килограми марихуана. Приведен е...

Македонија22 часа

Тупураинен: ЕУ нема да му го сврти грбот на Балканот

Претседавачката со Советот на ЕУ, финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, порача дека министрите на ЕУ од денешниот состанок...

Македонија23 часа

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше да бидат преведени сите списи на албански во ТНТ

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ...

Топ24 часа

Дрога и муниција пронајдени во куќа на 25-годишник во Ѓорче Петров

Полицијата уапси двајца скопјани на возраст од 25 и 32 години при извршен претрес во дом во населбата Ѓорче Петров....

Интервју/Дебата1 ден

(Интервју) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата...

Економија1 ден

САД одново ги одложија санкциите за „Хуавеј“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија „Хуавеj“ за уште...

Досие