Забава
Војводата и војвотката од Сасекс ќе им помагаат на луѓе што имаат итна потреба од храна

Од потпишување договор за продукција со „Нетфликс“ до поткаст-партнерство со „Спотифај“, војводата и војвотката од Сасекс работат со полна пареа на своите независни потфати по напуштањето на кралското семејство.
А нивниот последен проект се очекува да биде особено достоен, пишуваат британските таблоиди додавајќи дека нивната фондација „Арчивел“ ќе соработува со добротворната организација за храна „Светска централна кујна“ (World Central Kitchen).
Новото партнерство беше најавено минатиот викенд, а тоа значи дека фондацијата на принцот Хари и Меган ќе стане партнер со непрофитната „Светска централна кујна“, чија основна цел е да ги нахрани гладните во области погодени од природни катастрофи или кризи во целиот свет.
Двете организации ќе се обединат за да создадат четири нови центри за укажување помош во Порторико и карипскиот остров Доминика, кои треба да бидат отворени во 2021 година.
„Здравјето на нашите заедници зависи од нашата способност да се поврземе со нашата заедничка хуманост. Кога размислуваме за готвачот Андре и неговиот неверојатен тим во ‘Светската централна кујна’, ќе се потсетиме дека дури и во оваа година на незамисливи тешкотии многу неверојатни луѓе работат неуморно на поддржувњето едни со други. „Светската централна кујна“ нè инспирира преку сочувство во акција“, напиша парот на својот официјален имејл.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ромео Бекам личи на тато на насловната страница на L’Uomo Vogue

Синот на Викторија и Дејвид Бекам е веќе доволно возрасен за да влезе во светот на моделите и да биде новото лице на насловната страница на познатото модно списание L’Uomo Vogue.
Ромео, 18-годишниот син на Викторија (46) и Дејвид Бекам (45), веќе го имаше своето деби на машката модна сцена како манекен, а сега ја краси насловната на најновото издание на списанието, кое треба да излезе на киосците на 22 јануари.
Зад објективот стоеше славното фотографско дуо Мерт Алас и Маркус Пигот.
Русокосиот Ромео на својот инстаграм-профил ја покажа својата прва голема фотосесија и напиша: „Возбуден што ја споделувам мојата прва насловна страница за L’Uomo Vogue“.
Забава
Мет Дејмон бара 21 милион долари за својот имот во Лос Анџелес

Тој е еден од најуспешните актери во Холивуд.
Но, се чини дека Мет Дејмон е подготвен за промена и ја наведе својата палата во Лос Анџелес за продажба.
Ѕвездата (50) бара 21 милион долари за својот имот на Пацифичките Палисади, што го купи во 2012 година за 15 милиони долари.
Имотот се наоѓа зад висока жива ограда на половина хектар, а резиденцијата може да се пофали со простор за живеење на 13.500 квадратни метри.
Домот, опишан од агенцијата за недвижности како тропско прибежиште, нуди седум спални соби и 10 бањи, голем надворешен базен и рибник.
Забава
Адел и Симон Конецки постигнаа договор за развод на бракот

Британската пејачка Адел постигна договор со сопругот Симон Конецки за развод на бракот со спогодба речиси две години по нивното разделување.
„Ју-ес викли“ објави во четвртокот дека пејачката (32) и Симон (46), извршен директор на добротворната организација Drop4Drop, во петокот на 15 јануари ги поднеле условите за развод од 171 милион долари.
Иако Адел и Симон го завршија своето за да го финализираат разводот, бракот официјално нема да биде прекинат додека судијата не се потпише на документите.
Двајцата објавија дека ќе се разделат во април 2019 година, а Адел поднесе судски документи пет месеци подоцна. Тие се одлучија да користат медијација за да се прецизираат деталите за поделба на нивниот имот и на долговите.
Британската поп-сензација е една од најбогатите пејачки во својата земја. Нејзиниот раскошен глас и талентот ја сместија меѓу најценетите и најплатени светски музичари на денешнината.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот