Контакт

Забава

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, вели дека нејзините изјави не се контроверзни

Објавено пред

Меган Маркл, војвотката од Сасекс, изјави дека нејзините јавни коментари честопати биле погрешно протолкувани од критичарите и дека не биле контроверзни.

Меган, родена во Америка, ги повика луѓето да промовираат позитивност на интернет и заедно со својот сопруг, принцот Хари, ги охрабри Американците да гласаат на претседателските избори во ноември. Тоа предизвика реакција во некои кругови затоа што кралското семејство на Велика Британија традиционално не се впушта во политика.

Како одговор на прашање на самитот на најмоќни жени, во организација на магазинот „Форчн“, Меган рече дека се обидува да биде автентична во коментарите во јавноста и дека нејзините ставови честопати се погрешно сфатени.

„Ако погледнете назад во она што сум кажала, навистина е интересно бидејќи тоа што се чини инфламаторно е толкувањето на луѓето за тоа“, рече Меган. „Но, ако го слушате она што јас всушност го велам, тоа не е контроверзно“.

Во вторникот Меган ги охрабри луѓето да избегнуваат „кликнување“ на дезинформации на интернет и да пријавуваат коментари кои не се вистинити, особено во периодот пред изборите во ноември.

Хари и Меган сега живеат во Јужна Калифорнија откога во март се повлекоа од своите кралски улоги за да создадат нови кариери. Тие се иселија од Велика Британија во услови на непријателски настроени медиуми.

Минатиот месец парот потпиша договор со стриминг-гигантот „Нетфликс“ за да продуцира филмови и ТВ-серии.

Забава

Не гледај, Бен! Девојката на Афлек во прегратки на машки модел додека снима реклама за парфем

Објавено пред

Во реалниот живот таа е во среќна врска со Бен Афлек.

Но, најновиот човек на Ана де Армас пред камерите беше дрзок машки модел, кој страсно ја прегрнува и бакнува на реклама за парфем што се снимаше на Малибу неделава.

 

32-годишната актерка и модел лежи на песокот, а нејзиниот колега ја крева во рацете и потоа страсно ја бакнува.

Новата Бонд-девојка, која ја игра и Мерилин Монро во претстојниот биографски филм, зрачи со гламур на снимањето.

Прикажи повеќе...

Забава

Холандскиот крал се извини за годишниот одмор среде рестрикции за патување

Објавено пред

Кралот на Холандија, Вилем-Александер, денес се извини дека се обидел да замине на годишен одмор за време на забрана за патување.

Петчленото семејство се врати од одмор во Грција само 24 часа по напуштањето на Холандија.

Кралот Вилем-Александeр, кралицата Максима и нивните три ќерки беа принудени да се вратат во Холандија по негодувањето на јавноста за нивниот одмор во Грција имајќи предвид дека тие заминаа во исто време кога во земјата беа воведени построги мерки за заштита од Ковид-19 и препораки да не се патува.

Сега, кралот и кралицата јавно се извинија за својата постапка: „Боли што ја изневеривме вашата доверба во нас. И покрај тоа што патувањето беше во согласност со прописите, беше многу неразумно да не се земе предвид влијанието на новите ограничувања врз нашето општество. Нашата одлука за враќање беше донесена со сознание дека не требаше да заминеме.“

Прикажи повеќе...

Забава

Мелани Грифит се вклучи во кампањата за превенција на рак на дојка

Објавено пред

Актерката Мелани Грифит сподели фотографии во розова долна облека наменета за промовирање на светскиот месец за борба против ракот на дојка, дел од меѓународна здравствена кампања за подигање на свесноста за оваа болест.

Мелани (63) седи преку када за фотографија што ја сподели на своите 513.000 следачи на Инстаграм во средата попладне.

„Носам класичен градник Classic Demi и килоти со висока половин“, напиша таа. Брендот  KiT Undergarments всоопшти дека дел од парите од продажбата на овие сетови долна облека ќе бидат наменети за програмата за подигање на свеста преку Фондацијата за истражување на рак на дојка.

Пред две години Мелани призна дека ѝ го отстраниле карциномното ткиво од носот со многу тешка операција.

Мелани неодамна го прослави својот 63. роденден додека беше во карантин среде пандемија на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Нови 640 заболени и 12 починати од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на...

Свет1 час

Шведска ги повика повозрасните граѓани да излезат од изолација

На повозрасните Швеѓани, на возраст над 70 години, и на другите ризични групи сега им се препорачува да ги следат...

Свет2 часа

(Видео) Жена се заканувала дека ќе се разнесе на железничка станица во Лион

Желелезничката станица „Пар-Диу“ во Лион е евакуирана поради пријава за бомба, а во тек е полициска акција, соопшти полицијата додавајќи...

Македонија4 часа

Македонскиот државен врв на разговор со претседателот на Европскиот парламент: Подготвени сме за успешна приказна

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска остварија...

Македонија5 часа

Обвинение за поранешниот градоначалник​ на општина Чашка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против поранешниот градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластување. Тој...

Европа6 часа

И покрај дневниот рекорд од над 11.000 заразени, Германците уверени дека вирусот може да се спречи

Централниот германски епидемиолошки институт „Роберт Кох“ денеска ја оцени актуелната епидемиолошка состојба и рекордниот број на новозаразени во земјата од...

Македонија9 часа

Првата меѓувладина конференција ќе биде позитивен сигнал и до регионот, порача Заев на онлајн средба со Борел

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни...

Регион9 часа

Во Хрватска повеќе од 1.500 новозаболени, десетмина починати во Загреб

Хрватскиот кризен штаб објави нови податоци според кои има повеќе од 1.500 новозаболени од коронавирус, а во Загреб има десетмина...

Свет9 часа

99-годишна жена од Шпанија го победи коронавирусот

Кога 99-годишната Флорентина Мартин се заразила со коронавирус во септември, нејзината внука стравувала дека ќе заврши сама на одделот за...

Македонија10 часа

Стевановиќ: Заразените со лесни симптоми да се лекуваат дома

Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние...

Свет10 часа

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори

Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека...

Македонија11 час

Активни над 6.000 случаи со коронавирус, болниците се полнат

Во моментот како активни се водат 6.069 случаи на коронавирус на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје. Само...

Свет24 часа

Починал волонтер што учествувал во тестовите за вакцина против Ковид-19

Бразилската здравствена агенција „Анвиса“ потврди дека починал волонтер што учествувал во испитувања на вакцина против Ковид-19, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Станува...

Македонија1 ден

Дванаесетмина починати и нови 641 заразен од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нов случај на...

Топ1 ден

Кондовец со возило удрил во полицаец и побегнал, нападнати биле и полицајците што го пронашле

Во вечерните часови на 20 октомври, на скопската улица Ѓорче Петров, автомобил „ауди“, управуван од А. А. (26) од село...

Македонија1 ден

Инспекторите ќе можат да ги затвораат кафеаните со новите законски измени

Со новите построги мерки кои се во собраниска процедура инспекторите ќе можат веднаш да ги затвораат угостителските објекти до 30...

Свет1 ден

(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин...

Македонија1 ден

Филипче: Мерките мора да се донесат во најкраток можен рок

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека обидот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението...

Македонија1 ден

Владата ги осуди изјавите на Каракачанов: Тие се недолични и недостојни

Владата ги осуди изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во...

Македонија1 ден

Царовска: Екскурзии годинава нема да се организираат, учениците можат на прошетка до пет километри

Екскурзии оваа година нема да се организираат, испратени се упатства од Бирото за развој на образование, истакна министерката за образование...

Досие