Забава
Војвотката од Сасекс синоќа се појави на Си-ен-ен

Меган Маркл, војвотката од Сасекс, непланирано се појави на годишната специјална емисија „Херои на Си-ен-ен“ во чест на најинспиративните моменти на годината и луѓето што ги остварија таквите моменти.
Во видеоклип снимен за Си-ен-ен, војвотката од Сасекс им оддаде почит на тивките херои – заедници и индивидуалци – кои ги поддржуваа ранливите категории луѓе среде пандемијата на Ковид-19.
Војвотката од Сасекс видеото го снимила додека седи на клупа во куќата што ја купија на почетокот на оваа година со својот сопруг, принцот Хари. Во заднината се гледаат виолетови цвеќиња. Таа носи блуза во слична боја како и цвеќињата, со убави детали на вратот и комплементарни тонови на шминка. Изгледот го дополни со обетки од брендот „Кетрин Зораида“ и ракавици од „Картие“.
Ова ненајавено ТВ-појавување на Меган беше за време на годишната специјална ТВ-емисија на Си-ен-ен со наслов Heroes: An All-Star Tribute за да им се заблагодари на тивките херои или на оние што помогнаа повеќето луѓе да добијат храна среде пандемијата.
Војвотката од Сасекс (39) во двоминутниот клип изјави: „Видовме заедници исправени пред предизвикот како преземаат акција. Кога запреа програмите за ручек за деца, видовме дека нашите соседи вложуваа големи напори за тие деца да ја имаат потребната храна. И ние како заедница се појавивме за да доставиме храна што им е потребна на ранливите луѓе“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Адвокатите на војвотката од Сасекс бараат пресуда без судење во спорот со британски весник

Правната битка на Меган Маркл, војвотката од Сасекс, против весникот „Мејл он сандеј“ продолжува, а најновата вест денес е дека Меган и нејзиниот адвокатски тим се надеваат дека ќе спречат случајот да дојде до суд.
Според британските медиуми, тимот на Меган во вторникот побарал од судијата Џастис Варби да донесе одлука за правно постапување во случајот за приватност и авторски права, без потреба да се продолжи со целосно судење.
Поради ограничувањата за коронавирусот, адвокатскиот тим на Меган во моментот се наоѓа на виртуелно рочиште или судско сослушување преку видео, што почна во вторникот наутро и се очекува да заврши до четврток.
Адвокатите на Меган поднесоа барање за скратена пресуда со образложение дека весникот нема изгледи да ја брани својата одлука да објави писмо што војвотката му го напишала на својот татко Томас Маркл веднаш по нејзината венчавка со принцот Хари во 2018 година.
Забава
Шварценегер ги покажа мускулестите нозе

Тој стекна светска слава со бодибилдинг кога го препознаваа под псевдонимот австриски даб.
И децении потоа Арнолд Шварценегер одржува форма, па така и оваа недела ја почна со вообичаеното возење велосипед покрај плажа.
73-годишниот поранешен гувернер на Калифорнија ги покажа мускулестите нозе додека се движеше по велосипедската патека на плажата Вил Роџерс. Терминаторот се погрижи да преземе мерки на претпазливост и заштита со носење маска на лицето во тек на пандемија на коронавирусот.
Пред неколку дена Шварценегер се појави на „Инстаграм“ со својот син Џозеф Баена, кој оди по стапките на својот татко во бодибилдингот.
На фотографијата објавена од Џозеф (23) таткото и синот стојат пред мурал на кој се гледа Арни во најславните денови кога го нарекуваа австрискиот даб.
Забава
Мајкл Б. Џордан и Лори Харви на раскошно бегство во Сент Бартс

Мајкл Б. Џордан и неговата нова девојка Лори Харви беа уловени од папараците за време на нивното романтично бегство во Сен-Бартелеми минатиот петок.
Со чаша мартини во раката, 33-годишниот актер и моментно најсекси маж на планетава, ја прегрнува атрактивната манекенка на лебдечка платформа среде океан.
Тие заедно го прославија нејзиниот 24-ти роденден.
Мајкл Б. Џордан во ноември беше прогласен за најсекси маж на светот за 2020 година, според магазинот „Пипл“.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот