Контакт

Екологија

Во Боцвана се удавиле 400 биволи кои бегале од лавови

Објавено пред

Стотици биволи се удавиле во река на границата меѓу Боцвана и Намибија. Според првите информации, се чини дека за инцидентот се виновни лавови кои го потерале стадото кон реката, објавија властите во Боцвана, а пренесе Би-би-си.

Сопственикот на локален имот за Би-би-си рекол дека биволите наишле на пречка бидејќи речниот насип бил превисок за да излезат од водата. Тој кажал дека никогаш не слушнал да се удави толку големо стадо на биволи. Властите во Боцвана проценуваат дека настрадале околу 400 животни.

Симоне Мичелети, сопственик на дом на намибискиот брег на реката, изјавил дека стадото било невообичаено големо и броело околу 1 000 биволи. Мичелети додал дека во вторникот навечер слушнал лавовски рик. Исто така рекол дека времето било облачно, без месечина, па биволите немале никаква прегледност во мракот.

Министерството за заштита на животната средина во Боцвана во својот извештај објави дека масовниот помор во реката Чобе не е невообичаен, но Мичелети смета дека бројот на мртви биволи е превисок. За споредба, во најголемото давење на вакви животни, на кое тој бил сведок, настрадале околу педесетина биволи.

Екологија

Пацифичка држава воведува забрана за крема за сончање

Објавено пред

Островската држава Палау во западниот Пацифик ќе стане првата земја што ќе воведе забрана за користење  крема за сончање со цел да се зачуваат чувствителните корални гребени.

Екологистите веруваат дека состојките на кремите за сончање се исклучително штетни за морскиот свет, односно дека истите може да доведат до побрзо белење на коралите, пишува Би-би-си.

Владата на Палау потпиша закон со кој се воведува забрана за употреба и продажба на креми за сончање и производи за нега на кожата кои содржат десетина штетни хемикалии, вклучувајќи и оксибензон и октиноксат. Законот ќе стапи на сила во 2020 година, наведува Би-би-си.

Овие две состојки во кремите за сончање служат за апсорција на ултравиолетова светлина, но може да доведат до предвремено белење и смрт на коралите.

Претседателот на Палау, Томас Ременгесау, рече дека забраната е навремена и дека казните за прекршување на забраната ќе изнесуваат 1 000 американски долари.

Прикажи повеќе...

Екологија

Луѓето се виновни за изумирањето на 60 отсто од животинскиот свет

Објавено пред

Биодиверзитетот на Земјата во последните неколку децении минува низ постојано, катастрофално уништување. Од 1970 до 2014 година истото резултирало со намалување на популацијата на диви животински видови за дури 60 проценти, покажуваат најновите податоци на Светскиот фонд за заштита на природата (WWF).

За целите на извештајот со назив „Жива pланета“ (Living Planet Report) кој WWF го изработил во соработка со Лондонското зоолошко друштво, експерти ширум светот собирале податоци за околу 4 000 различни видови  птици, риби, цицачи, водоземци и влекачи.

Директорот на WWF, Марко Ламбертини, по повод објавувањето на извештајот кажа дека заштитата на природата треба да се сфати во поширок контекст, а не само во правец за да се зголеми заштитата на загрозените животински видови, како што се пандите, тигрите и китовите.

„Не постои перспектива за здрава иднина на луѓето кои живеат на планета со непостојана и нарушена клима, исцрпени океани, уништена почва и опустошени шуми, на планета која речиси целосно е лишена од биодиверзитет“, предупреди тој.

Исчезнувањето на фауната е евидентно на планетата, а некои нејзини делови се особено ранливи, како на пример тропските предели.

Во претходниот, десетти извештај „Жива планета“ забележано беше намалување на популацијата на диви животински видови за 58 проценти, а годинава научниците предупредуваат дека ситуацијата се влошува, односно дека популацијата на диви животни е намалена за дури 60 отсто.

Прикажи повеќе...

Екологија

Програма за намалување на загадувањето во Болоња: Оние кои ќе пешачат или возат велосипед ќе добиваат награда

Објавено пред

Италијанскиот град Болоња се обидува да ги мотивира луѓето да ги користат автомобилите колку што е можно помалку и по тој повод воведуваат бесплатно пиво, сладолед или билети за кино за сите оние кои возат велосипеди или пешачат.

Доделувањето на наградата е дел од новата програма против загадувањето во градот. Властите се обидуваат да влијаат врз свеста на граѓаните да користат велосипеди, да пешачат или, најверојатно, да го користат јавниот превоз што е можно повеќе.

Оваа програма беше прв пат воведена кон крајот на 2017 година од страна на Марко Амадори.

Оние кои сакаат да бидат дел од програмата, најпрво треба да ја инсталираат апликацијата „Подобри точки” која го следи нивното движење. Корисниците за секој километар поминат пеш или пак со велосипед добиваат поени кои можат да се заменат со пиво, сладолед или билет за кино.

Во првите три месеци од оваа година, повеќе од 10 000 луѓе аплицирале за програма, а граѓаните на Болоња почнаа и да се натпреваруваат во освојувањето на повеќе поени, поминуваат и по неколку километри пеш или со велосипед.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа8 минути

Нова регулатива на Европскиот парламент – ако возот доцни, ви се враќаат парите

Со мнозинство гласови на пратениците, Европскиот парламент донесе Уредба за правата на патниците во железничкиот сообраќај. Според неа, доколку возот...

Македонија11 час

Црногорската полиција: Груевски влезе во Црна Гора и ја напушти истиот ден

Црногорската полиција објави соопштение по информацијата дека експремиерот Никола Груевски на патот кон Унгарија поминал низ Албанија, по што влегол...

Македонија13 часа

(Видео) Демонстрантите спречени да дојдат до домот на Елизабета Канческа-Милевска

Поддржувачите на иницијативата „Македонија блокира“ вечерва се упатија во населбата Пржино, кон домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска,...

Македонија14 часа

Албанската полиција потврди дека Груевски поминал низ Албанија при бегството во Будимпешта

Полицијата во Албанија за албанската телевизија „Топ ченал“ ги потврди информациите дека експремиерот Никола Груевски преку албанската граница заминал за...

Македонија16 часа

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива...

Македонија17 часа

Стејт департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја,...

Македонија17 часа

(Видео) Марковски: Одговорност да се бара од МВР, СЈО и од судот

МВР, СЈО и судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола...

Македонија17 часа

Во битката со аерозагадувањето приоритет се домаќинствата и транспортот

Со двегодишен план и стратегија за справување со аерозагадувањето и дополнителни 1,5 милион евра за интервентни мерки за две години...

Македонија19 часа

Како се организирало бегството на Груевски – под истрага и полицајци во МВР

Две истраги во моментот се водат во Министерството за внатрешни работи за да се утврди како било организирано бегството на...

Македонија19 часа

(Видео) Бошњаковски: За екстрадицијата на Груевски прибрана е документација на 400 страници

Досега е прибрана документација на повеќе од 400 страници, со која македонското Министерство за правда ќе бара екстрадиција на Никола...

Македонија19 часа

Обвинителството: Постојат сомнежи дека службени лица му помогнале на Груевски нелегално да излезе од Македонија

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за бегството на поранешниот премиер Никола...

Македонија20 часа

Невладините организации укажаа на сите пропусти на истражните органи за бегството на Груевски

Петнаесетина невладини организации, меѓу кои и Хелсиншкиот комитет, „Цивил“, Македонското здружение на младите правници, „Евротинк“, МОФ, „Транспаренси интернешнл“ и „Транспарентност...

Македонија20 часа

(Видео) Орбан за азилот на Груевски: Прашајте ги правниците зошто не е во транзитен центар

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, запрашан од „24.ху“: „Како може криминалец од Македонија илегално да влезе во Унгарија и зошто не...

Крвав четврток20 часа

Вибер-контакт на Мукоски на 27 април: „Шеќерка мене остајте ми ја, отворајте ги вратите“

Од вибер-групата, каде што членуваат некои од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која се организирале граѓаните да дојдат во...

Крвав четврток20 часа

Јанакиески до Мукоски на 27 април: Алал вера за денес, брат

Од СМС и вибер-пораките за 27 април, кои Јавното обвинителство денеска ги презентира на рочиштето за крвавиот четврток во комуникацијата...

Македонија22 часа

Министер од кабинетот на Орбан: Груевски побарал азил преку амбасада на Унгарија

Министерот Гергели Гулијаш од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потврди дека Груевски дал изјава во унгарска амбасада, каде што...

Европа23 часа

Британскиот министер за брегзитот поднесе оставка

Британскиот министер за брегзитот, Доминик Раб, денеска поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за...

Македонија23 часа

Српска „Политика“: Груевски побегнал преку Албанија

Провладиниот белградски весник „Политика“ во денешното издание на насловната страница објавува текст во кој се тврди дека Груевски во Унгарија...

Македонија23 часа

Бугарското Министерство за правда: На Груевски не му е издаден бугарски пасош

Никола Груевски не е бугарски државјанин и нема поднесено документи за издавање бугарски пасош, соопшти бугарското Министерство за правда по...

Македонија1 ден

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Досие