Контакт

Забава

Во Канада се одржа првата конференција за Земјата како рамна плоча

Објавено пред

Канада беше домаќин на првата конференција на која стана збор за Земјата како рамна плоча. По тој повод, многу членови на заедницата на „рамноземјаните“ се собраа за да ги слушнат во живо презентациите на своите најпознати теоретичари или, едноставно, само да бидат во можност да разговараат едни со други за своите верувања и мислења, пренесува новинарот Мек Ламорекс за „Вајс“.

Над 200 луѓе седеле и разговарале за разни теми што се однесуваат на Земјата како рамна плоча.

„Повеќето од нив беа средновечни белци, но имаше и неколку исклучоци“, објаснува новинарот.

„Во суштина тие изгледаат како просечни луѓе од вашето секојдневие, а не како ексцентрици какви што можеби очекувате на средба од ваков вид. Покрај задоволството од средбата во живо со најголемите јутјуб-ѕвезди, кои ја промовираат ваквата теорија, кај повеќето учесници може да се забележи и олеснување што може слободно да зборуваат за својата омилена тема, без некој да им се потсмева за тоа“, се наведува во извештајот на Ламорекс.

За време на предавањата биле презенитрани разни аргументи за тоа зошто Земјата е рамна, а секој говорник си имал засебна теорија.

Некои идеи се општоприфатени во заедницата на „рамноземјаните“, како што е онаа дека Земјата е тркалезен диск со Северниот Пол во неговиот центар, а мразот на Антарктикот се протега по рабовите и ја задржува целовитоста. Некои членови, пак, се приврзаници на поневеројатни теории од типот дека Бог ги поставил планетите и ѕвездите на свод во форма на купола за да бидат еден вид украси за луѓето.

Некои говорници на конференцијата ја базирале својата теорија на библиската доктрина за Земјата како рамна плоча. Тие во своите говори вметнувале научен жаргон, но во повеќето случаи нивните говори звучеле како проповеди.

Иако медиумите честопати се гледаат како противници на теоријата за Земјата како рамна плоча, кои само ја исмеваат заедницата, луѓето на конференцијата биле подготвени да дадат изјави, информира репортерот на „Вајс“. Тој вели дека често ја слушал фразата „подобро лоши медиуми отколку никави медиуми“.

Ламорекс за време на конвенцијата разговарал со еден човек кој му кажал дека жената го напуштила поради неговите убедувања, друг човек станал „рамноземјанин“ по разводот, а трет учесник бил таму бидејќи бил привлечен од многуте јутјуб-видеа што ги гледал на таа тема.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Горили позираат за селфи со нивните ренџери

Објавено пред

Две горили се фотографирани како позираат на опуштено селфи со ренџери, кои ги спасиле како бебиња. Фотографијата е направена во сиропиталиште во Националниот парк Вирунга, во Конго, каде животните се одгледани, откако ловокрадци ги убиле нивните родители.

Заменикот директор на паркот, Иносент Мбурануме за Би-би-си изјавил дека горилата научиле да ги имитираат нивните негователи, кои се грижат за нив уште од бебиња, како и дека мислат оти негователите се нивни родители.

Кога во јули 2017 година биле убиени нивните родители, горилата имале два и четири месеци. Брзо потоа биле најдени и однесени во сегашното сместувалиште.

„Бидејќи пораснаа со луѓе, тие ги имитираат луѓето и стојат на две нозе, учат да бидат луѓе“ изјавил Иносент Мбурануме. Тој нагласи дека не е лесно да се биде ренџер, дека секогаш не е забавно, туку најчесто е опасна работа.

Петмина ренџери минатата година беа убиени во Националниот парк Вирунга во заседа на бунтовници, а од 1996 година до денес убиени се 130 ренџери.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Инстаграм“ наскоро може да го скрие бројот на лајкови од вашите објави

Објавено пред

Сѐ повеќе се чини дека причината зошто луѓето поставуваат било што на социјалните мрежи е само поради лајкови.

Тоа е всушност начин да се добие потврда од другите, а популарноста се оценува според бројот на лаjкови што една објава ги добила. Сепак, во малку контроверзен и за многумина неочекуван чекор, се чини дека „Инстаграм“ тестира промена во својот кориснички интерфејс, каде што лајковите под сликата ќе бидат скриени од вашите следбеници, пишува PC Press.

Ова го откри Џејн Манчун Вонг, која на својот твитер-профил сподели дека постои можност во иднина никој, освен самиот корисник, да не знае колку лајкови има одредена негова фотографија на „Инстаграм“. Наместо тоа, она што следбениците ќе може да го забележат во ваков случај е дека вашиот пост бил лајкуван, меѓутоа без прецизирање на конкретна бројка.

Многумина сметаат дека станува збор за контроверзна одлука, бидејќи голем број познати личности на социјалните мрежи се потпираат токму на бројот на лајкови за да покажат колку се популарни, со цел да може да ги контролираат цените кои ги наплаќаат за одредени маркетинг промоции.

Меѓутоа, од „Инстаграм“ имаат интересно гледиште кое гласи: „Сакаме вашите следбеници да се фокусираат на суштината на она што го споделувате, а не на вашиот пост да се гледа како на генератор на лајкови“.

Засега не е јасно дали плановите на „Инстаграм“ поврзани со оваа промена навистина ќе станат реалност или пак станува збор само за тест, со цел да се „испита пулсот“ и да се добијат повратни информации од корисниците.

Прикажи повеќе...

Забава

Бранко Ѓуриќ се пофали дека Џоли му подарила гитара за 50. роденден

Објавено пред

Актерот Бранко Ѓуриќ – Ѓуро (56) се пофали дека е пријател со холивудските актери Анџелина Џоли (43) и Бред Пит (55). Кога Анџелина одлучи да го снима филмот „Во земјата на крвта и медот“ за војната во Босна и Херцеговина, таа избра актери од овие области кои беа на добар глас. Затоа Бранко беше поканет на интервју.

„Анџелина ми рече: ‘Драг Ѓуро, овде Енџи’ и така почнавме да го развиваме нашето пријателство, почнавме да се допишуваме и да соработуваме во врска со сценариото“, вели тој.

Кога се сретнаа шест месеци подоцна, Анџелина го нарече стар пријател како отсекогаш да се знаеле. Тогашниот партнер на Анџелина, Бред Пит, се појавил на сетот.

„Тој беше многу шармантен, скромен и некако срамежлив. Ми кажа пцости од овие подрачја на кои се сеќаваше од времето кога снимаше во 80-тите години во Црна Гора. И, интересно, тој ме праша за тие луѓе, реквизитите и помошниците. Ги знаеше нивните имиња и ме праша како живеат. Тој е навистина социјално освестен“, рече Бранко.

Тие снимаа два месеца во Будимпешта, а потоа се видоа и во Лос Анџелес, Њујорк… Не им беше лесно на сцената бидејќи Бред и Анџелина беа ѕвезди секаде каде што ќе се појавеа.

Пријателството помеѓу Ѓуро и Анџелина остана. Таа редовно му ги честита родендените и му испраќа подароци.

„За мојот 50. роденден таа ми подари совршена гитара. Таа ја сака музиката. И прстенот што го имам е од Бред. На гитарата напиша посвета: „Драг мој Бранко, ја сакам твојата музика, го сакам сето ова“. И морам да признам дека честопати свирам на неа на концертите“, рече Бранко.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет29 минути

Локална исламистичка група одговорна за нападите во Шри Ланка

Владата на Шри Ланка објави дека зад оргнизираните напади на цркви и хотели на Велигден стои екстремистичката група Нешенел Товид...

Топ58 минути

Убиени татко и неговиот осумгодишен син во Слупчане

Татко и неговиот осумгодишен син се пронајдени мртви во автомобил во близина на кумановското село Слупчане. Според информациите од кумановското...

Избори 20192 часа

Пендаровски во водство со 4.606 гласа, според последните податоци од ДИК

Стево Пендаровски е во водство со 4.606 гласа, според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК). Од обработени 98,8 избирачки...

Избори 20192 часа

Дука нов градоначалник на Дебар, во Охрид и во Ново Село ќе има втор круг

Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ за Дебар, победи на локалните предвремени избори што се одржаа вчера заедно со претседателските. Дука...

Свет2 часа

Ден на Земјата – што може секој поединец да направи за да ја заштитиме нашата планета?

Додека голем број граѓани од католичка вероисповед од Европа и светот го празнуваат првиот ден од Велигден, 22 Април исто...

Топ3 часа

Еден мотоциклист загина, а друг тешко повреден во сообраќајна несречќа на патот Скопје-Велес

Еден мотоциклист загина, а друг е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот „Пријателство“, во атарот...

Вести3 часа

Бројот на жртви во терористичките напади во Шри Ланка се искачи на 290

Бројот на жртви во терористичките напади во цркви и хотели во Шри Ланка порасна на 290, а бројот на повредени...

Избори 201912 часа

Зекири: Горчлива победа, граѓаните знаат да наградат, а и да казнат

Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири, по завршување на првиот круг од претседателските избори на кои во тесно водство е кандидатот...

Избори 201913 часа

Дерковски: Силјановска освои 309.799, Пендаровски – 310.751 и Река – 75.519 гласа

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, соопшти дека се обработени 96,92 отсто од гласовите, при што гласале 41,92 отсто...

Избори 201913 часа

Пендаровски: Едвај чекам да се фатам за работа од позиција шеф на државата

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во своето обраќање во медиумскиот центар оцени дека првиот круг од претседателските избори минал во демократски...

Избори 201913 часа

Заев прогласи победа на Стево Пендаровски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, прогласи победа на Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори. Тој рече дека од 98,28...

Избори 201913 часа

Мицкоски: Ја победивме хотел-коалицијата

„Победивме, но целосно не ги поразивме“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференцијата по првиот круг од претседателските избори....

Избори 201913 часа

Силјановска: Ако на моите се додадат гласовите на Река, приказната е јасна

Не сум човек што потонува во триумфализам, знам дека допрва следува битката, но мислам дека ако ние добивме толкав број...

Избори 201914 часа

Адеми: Максимално сме фокусирани за победа во вториот круг

Портпаролот на изборниот штаб на ДУИ, Арбер Адеми, не сакаше да го коментира резултатот од изборите во однос на албанското...

Избори 201916 часа

Јанушев: Водиме во голем број места

„Радувај се Македонијо, правдата доаѓа. ВМРО-ДПМНЕ победува. Гордана ќе биде“, со овие зборови генералниот скеретар на партијата, Игор Јанушев, ја...

Избори 201916 часа

(Видео) Бајрами: До ОЈО и МВР нема пристигнато никаква пријава за случајот во Студеничани

Претседателот на Комисијата за следење изборни нерегуларности при Јавното обвинителство на РСМ, обвинителот Џелал Бајрами, по затворањето на гласачките места...

Избори 201917 часа

МВР: Гласач под дејство на алкохол оштетил кутија, четворица ги фотографирале ливчињата

Во текот на изборниот ден регистрирани се четири фотографирања на гласачки ливчиња, а сторителите се приведени. Гласач во Новаци, пак, под...

Избори 201917 часа

Претседателските избори со најмал одѕив досега

Според податоците од досегашните изборни процеси, неизбежен е впечатокот дека опаѓа одѕивот на македонските граѓани во првиот круг од претседателските...

Избори 201917 часа

Одѕивот до 18.30 часот 39,71 проценти

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека одѕивот на првиот круг од претседателските избори до 18.30 часот изнесува 39,71 проценти, односно...

Свет22 часа

(Видео) Уапсени седум лица за терористичките напади во Шри Ланка, бројот на жртви се искачи на 200

Уапсени се седум лица, осомничени за бомбашките напади на неколку локации во земјата. Зад нападите би можела да стои локална...

Досие