Забава
Во оригиналното сценарио Џон Вик бил 75-годишен маж

Џон Вик, ликот што го глуми Кијану Ривс во истоимениот блокбастер, првично требало да биде човек на возраст од 75 години.
Ривс го портретира титуларниот убиец во три филма, но продуцентот на серијалот, Бејсил Иваник, откри дека улогата првично требало да му припадне на постар актер.
Пишувајќи во својата нова книга „Не требаше да му го убијат кучето“ (They shouldn’t Have Killed His Dog), Бејсил објаснува: „Еден од моите најдобри пријатели, Чарли Фераро од агенцијата за таленти, му го испрати ова сценарио на писателот Дерек Колстад. Главниот човек беше 75-годишен маж, а случувањата беа 25 години откако се пензионирал“.
„Беше забавно да се гледа како Клинт Иствуд удира. Си помислив: во ред, веројатно има едно или две имиња со кои би можеле да го направите ова: Клинт Иствуд, Харисон Форд“.
Иваник потоа објасни како Кијану се појавил како опција за да го глуми Џон Вик.
„Мојот друг најдобар пријател е Џими Дармоди од Си-еј-еј, кој во тоа време го застапуваше Кијану“.
„Дали имате акциони филмови за Кијану Ривс? Се сеќавам дека си помислив: Ривс е една од најголемите акциони ѕвезди во последните 25 години“.
Потоа му го дадовме сценариото и му рековме: јасно е дека немаш 75 години.
На крајот се покажа дека го направиле вистинскиот избор имајќи предвид дека Ривс беспрекорно ја испорача улогата на поранешен платен убиец, кој се откажува од работата откако ќе се вљуби. Пет години подоцна тргнува во потера по насилници, кои провалуваат во неговиот дом, го претепуваат и му го убиваат кучето, подарок од неговата покојна сопруга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Aр Кели имал секс со 15-годишно девојче

Музичарот Ар Кели имал секс со 15-годишно девојче, според сведочењето во судот во Чикаго.
Наводната жртва – позната на поротата под псевдонимот Џејн – тврди дека хитмејкерот имал секс со неа „стотина пати“ пред таа да наполни 18 години, почнувајќи кога таа имала 15 години, а тој бил во 30-тите.
Џејн, која сега има 38 години, исто така им кажа на поротниците дека барала раперот (55) да ѝ биде кум кога имала 13 години. Ова се случувало во 90-тите.
Следните недели, таа детализираше како Ар Кели, наводно, ѝ телефонирал и ѝ кажувал сексуално експлицитни работи. Тој првпат ги допирал нејзините гради и другите делови од телото кога имала 14 години на снимање во Чикаго, родниот град на хитмејкерот.
Во тој период започнало наводното „пенетрирање“. Ова се случило во неговиот дом на северната страна на градот. Жената ѝ кажа на поротата дека таа имала 15 години кога првпат почнале да имаат сексуален однос.
Кога обвинителот ја праша како знаела што да прави во кревет, Џејн пред судот рече: „Тој ми кажуваше што да правам“.
Кога ја прашаа колку пати имаат секс пред нејзиниот 18-ти роденден, таа одговори: „Неброени пати. Стотици“.
Обвинителите цитираа видео, наводно, снимено од самиот Кели, на кое се гледа како раперот има секс со девојчето како она што ја покрена истрагата за неводите за злоставување деца.
Обвинителите веруваат дека Кели – вистинското име му е Роберт Силвестер Кели – ја поткупил и заплашил Џејн да не сведочи против него, што таа не го сторила и тој на крајот беше ослободен. Во овој случај, Џејн сега соработува со истражителите.
Ар Кели – кој ги негира сите обвинувања – се соочи со бура од тврдења дека е сексуален насилник. Ваквите наводи се омасовија во екот на движењето MeToo и документарната серија од 2019 година, Surviving R Kelly.
Забава
Гвинет Палтроу ја сподели својата дневна рутина – од утринскиот тренинг до туширање на отворено

Гвинет Палтроу им даде увид на фановите во нејзината секојдневна рутина.
49-годишната оскаровка откри дека се придржува до одреден распоред, кој обично почнува рано наутро со исцрпувачки тренинг со славната фитнес-инструкторка Трејси Андерсон.
Додека ги води фановите низ еден ден од нејзиниот живот, како реклама на сопствениот бренд за животен стил и велнес „Гуп“, во соработка со ексклузивниот бренд за накит „Картие“, Гвинет без шминка го документира своето типично утро.
По секојдневната сесија на потење, мајката на две деца откри дека обично ужива малку време сама во приватна сауна додека пие сок од целер и чита книга.
Потоа, таа признава дека „се чувствува детоксирано, со мала вртоглавица и црвенило на лицето“.
„Надоврзувам со убаво туширање на отворено, кое е едно од моите омилени места во домот. Мојот туш е полн со чисти производи за убавина“, објаснува таа.
Забава
Алексис Бледел и Винсент Картхајзер се разведуваат

Алексис Бледел и нејзиниот сопруг Винсент Картхајзер, наводно, се разделиле.
40-годишната актерка тргнува по свој пат по осум години брак со 43-годишниот колега актер, објави „Ју-ес викли“.
Истиот извор тврди дека имал увид во документите за развод, кои Винсент ги поднел во Врховниот суд на округот Путнам во државата Њујорк на 10 август.
Тие имаат син на кој му посакаа добредојде во 2015 година.
Не e наведена причина за разделбата. Последен пат заедно беа фотографирани на свечена церемонија на црвен килим во 2017 година.