Контакт

Забава

Во подготовка ТВ-серии „Блејд ранер“ и „Елиен“

Објавено пред

Режисерот сер Ридли Скот потврди дека неговите култни научнофантастични филмови „Блејд ранер“ и „Елиен“ ги претвора во ТВ-серии.

Во интервју за „Би-би-си радио 4“ во понеделникот, два дена пред светската премиера на неговиот нов филм „Куќата Гучи“, сер Ридли изјави дека веќе напишал пилот-верзија за „Блејд ранер“ како серија од 10 епизоди.

Истото тоа ќе се случи и со „Елиен“, додаде тој.

Оригиналниот филм „Блејд ранер“ од 1982 година е сместен во дистописка иднина во Лос Анџелес, со Харисон Форд во главната улога како истребувач.

Филмот за вонземјани од 1979 година „Елиен“, со Сигурни Вивер и Том Скерит во главните улоги, имаше три продолженија.

Editorial use only. No book cover usage.
Mandatory Credit: Photo by 20th Century Fox/Kobal/Shutterstock (5886256cb)
Sigourney Weaver
Alien – 1979
Director: Ridley Scott
20th Century Fox
BRITAIN
Scene Still
Alien, le huitième passager

Забава

Меси се закити со уште една „Златна топка“, сопругата Антонела го привлече вниманието

Објавено пред

Аргентинецот Лионел Меси на доделувањето на „Златната топка“ дојде во придружба на семејството, кое ретко може да се види во јавноста.

Неговата сопруга Антонела се појави во златен фустан, кој ја откри тетоважата круна на десната рака. Со нив беа трите сина, кои ја воодушевија публиката, облечени во исти сакоа како нивниот славен татко.

Фотографии на семејството од синоќешната церемонија во Париз бргу ги преплавија социјалните мрежи. „Тие се облечени така што на сите им е јасно кој ќе ја освои ‘Златната топка’“, твитнаа фановите.

„Кралот Меси и кралицата Антонела“, напишаа други споделувајќи фотографија од синоќешната церемонија.

Повеќето коментари беа за поубавата половина на Меси, која се чини дека беше ѕвезда на вечерта.

„Видете ја Антонела! Таа не е облечена како некој што ќе биде втор… таа дојде за да победи“.

Антонела и Меси се запознале кога тој имал само пет години и наводно се забавувале во средно училиште. Се шпекулира дека на девет години Лео сакал таа да му стане сопруга и често ѝ пишувал љубовни писма.

Антонела студирала стоматологија, но прекинала за да се запише на студии за комуникација. На крајот се откажала од тоа и станала модел. Ретко се појавува во јавност и постојано одбива интервјуа. Таа не е активна на „Фејсбук“ и на „Твитер“, а на „Инстаграм“ повремено објавува фотографии со сопругот и синовите.

Првиот син Тијаго го добија во 2012 година, а Матео се роди три години подоцна. Во 2018 година го добија и третиот син Чиро. Се венчаа во 2017 година во родното Росарио, Аргентина, далеку од очите на јавноста.

Лионел Меси синоќа седми пат беше прогласен за најдобар фудбалер на светот.

Прикажи повеќе...

Забава

Ридли Скот возврати на критиките на семејството Гучи

Објавено пред

Со еден од најелегантните ансамбли на модерното време – Лејди Гага, Џаред Лето, Адам Драјвер, Ал Пачино, Џереми Ајронс, Салма Хајек и Џек Хјустон – оваа драматизација на убиството на Маврицио Гучи секако ги поларизира публиката и критичарите и наиде на остра осуда од семејството Гучи.

Патриција Гучи, една од вторите братучетки на Маврицио, тврдеше дека филмот House of Gucci не е верен – иако режисерот Ридли Скот соработувал со познатата модна куќа додека го снимал филмот.

„Се обидов да искажам што е можно поголема почит кон фактите,“ рече тој во интервју за „Тотал филм“.

„Приказната на смешен начин е, всушност, сатира. И затоа сатирата е отмен начин да се каже дека е комедија. И мислам дека има доста комични елементи. Секако во првите два чина“, додаде тој.

Минатата недела во програмата „Тудеј“ на Би-би-си радио 4“ режисерот разговараше за новиот филм во кој Лејди Гага ја глуми жената осудена за организирање на убиството на својот поранешен сопруг и поранешен шеф на модната куќа „Гучи“.

Братучетка на убиениот Маврицио посочи дека филмот го краде идентитетот на едно семејство за да оствари профит за да го зголеми приходот на холивудскиот систем.

Одговарајќи на нејзините коментари, легендарниот режисер рече: „Јас не се занимавам со тоа. Мора да запомните дека еден Гучи беше убиен, а друг отиде во затвор поради затајување данок, така што не можете да ми зборувате за остварување профит. Штом го направивте тоа, станувате дел од јавниот домен“.

А што се однесува на забелешките дека физичкиот изглед на Ал Пачино нема ништо заедничко со Алдо Гучи, режисерот одговори: „Искрено, како би можеле подобро да бидат претставени од Ал Пачино? Извинете! Веројатно ги имате најдобрите актери на светот, треба да имате толку среќа“.

Прикажи повеќе...

Забава

Член на семејството Гучи го критикува кастингот на „Куќата Гучи“

Објавено пред

Внуката на Алдо Гучи го критикува изборот на актери за крими-драмата „Куќата Гучи“, односно, како што рече, ужасниот кастинг на филмот на Ридли Скот бидејќи актерите воопшто не личат на нејзините роднини.

Патриција Гучи, втора братучетка на покојниот Маврицио, тврди дека е навредена од начинот на кој нејзиното семејство е претставено во филмот и остро го критикува „дебелиот и грд“ приказ на нејзиниот дедо Алдо од страна на актерот Ал Пачино.

Медиумите пренесоа нејзина поранешна изјава откако наследниците на модната династија навестија дека ќе преземат правно дејство поради искривување на вистината за нивните предци.

Патриција во едно интервју за „Асошиетед прес“ изјави дека е вџашена од тоа како е претставен Алдо, кого во филмот го глуми Ал Пачино.

„Мојот дедо беше многу убав човек, како и сите Гучи, и многу висок, со сини очи и многу елегантен. Него го глуми Ал Пачино, кој не е многу висок, а на сите фотографии е дебел, низок, со зулуфи, навистина грд. Срамота бидејќи тој воопшто не личи на него“.

Филмот, во кој главните улоги ги толкуваат Лејди Гага и Адам Драјвер, е заснован на вистинита сторија – убиството на Маврицио и судењето на неговата поранешна сопруга – опишано во книгата „Гучи: Сензационална приказна за убиство, лудило, гламур и алчност“. Патриција Реџани, ликот што го толкува Лејди Гага, е во центарот на експлозивната приказна. Таа издржа 16 години затвор поради организирање на убиството.

Но, братучетката на Маврицио е загрижена дека филмот оди подалеку од вистинската крими-приказна која ги полнеше насловните страници и дека влегува во нивниот приватен живот.

„Навистина сме разочарани. Зборувам во име на семејството“, рече таа.

„Го крадат идентитетот на едно семејство за да заработат, за да го зголемат приходот на холивудскиот систем… Нашето семејство има идентитет, приватност. Можеме да зборуваме за сѐ. Но, постои граница што не може да се помине“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

460 нови случаи на Кoвид-19 и вкупно 12 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на...

Топ2 часа

Родители од Скопје го принудувале детето да дава сексуални услуги

По претходно донесена наредба за истрага од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на 29 ноември...

Македонија3 часа

Бугарската министерка Комитова: Патот „Струма“ има недостатоци, но тие не се причина за пожарот во автобусот

Заштитната ограда во која удри автобусот е според стандардите што важеле во 2002 година кога се реконструирал патот, а денеска...

Европа4 часа

ЕМА: Вакцини против омикрон може да се одобрат за три месеци

Европскиот медицински регулатор денеска објави дека може да одобри вакцини приспособени за заштита од омикрон-варијантата на коронавирусот за три до...

Европа4 часа

(Видео) Австрискиот државен врв затекнат на журка, без маски, најавени кривични пријави

Партијата на слободата на Австрија (ФПО) поднесе жалба против австрискиот канцелар, како и други политичари, за забава по учеството во...

Регион5 часа

Грција со казни за невакцинираните, 100 евра ќе платат повозрасните што не примиле ниту една доза

Грција денеска соопшти дека со 100 евра ќе ги казни лицата на возраст од 60 години, како и постарите што...

Европа6 часа

Блинкен: Потребно е поголемо присуство на ЕУ и САД на Балканот

Австрискиот министер за надворешни работи, Мајкл Линхарт, и министерот за надворешни работи на САД, Антони Блинкен, сметаат дека е потребно...

Македонија19 часа

Повреден возач кога македонски камион се превртел на автопат во Хрватска

Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана...

Македонија21 час

Сопственикот на „Беса транс“: Си велам зошто не бев и јас во автобусот

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, првпат по стравотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во интервју за...

Македонија22 часа

Заев – Гаши: Постигната начелна согласност за можна соработка, во тек се консултации за кадровски решенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, имаа работна средба...

Македонија1 ден

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а...

Македонија1 ден

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија1 ден

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа1 ден

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот сој омикрон, изјави...

Македонија1 ден

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа1 ден

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет1 ден

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија2 дена

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет2 дена

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија2 дена

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Досие