Контакт

Забава

Во текот на паузата Ед Ширан пишувал 25 песни неделно

Објавено пред

Ед Ширан откри дека пишувал 25 песни неделно за време на паузата што ја најави по раѓањето на неговата ќерка.

Музичката суперѕвезда (30) реши да ѝ го посвети целото свое време на ќерката Лира, која се роди во септември 2020 година.

Британскиот музичар, автор на повеќе мегахитови меѓу кои Perfect, Thinking Out Loud, Shape of You, откри дека продолжил да работи на нова музика и напишал два албума за време на својот застој.

Весникот „Сан“ го цитира хитмејкерот: „Направив два албума и напишав околу 250 песни, од кои 50 се балади.“

„Јас пишувам околу 25 песни неделно и се надевам дека барем една од нив ќе биде во ред и ќе се најде на списокот записи.“

Весникот пренесува дека добитникот на „Греми“ имал неколку сесии за пишување песни со сер Елтон Џон.

Инсајдер за весникот изјави: „Ед и Елтон заедно напишаа неколку нови песни. Тие се навистина добри пријатели и беше одлично што може да се поврзат и да работат на нова музика заедно.“

„Песните што ги напишаа се одлични и имаат многу посебно место во срцето на Ед.“

Фановите ќе го слушнат петтиот студиски албум на Ширан – кој најверојатно ќе биде насловен Subtract – подоцна оваа година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Гејм, сет и стил… Лејди Гага на час по тенис

Објавено пред

Таа никогаш не се плаши да се облече најдобро за  кој било тематски настан.

Лејди Гага остана доследна на стилот облечена во бел спортски комплет „Најк“ на тениски терен во северна Калифорнија, каде што со момчето Мајкл Полански одиграа партија тенис.

35-годишната оскаровка одлично ја одигра улогата на професионалка во тенис додека упатуваше топчиња над мрежата облечена во бел спортски градник и плисирано здолниште.

 

Гага, чие полно име ѝ е Стефани Џоан Анџелина Германота, делува дека е целосно концентрирана на играта.

Прикажи повеќе...

Забава

Убавина која трае: Венеса Вилијамс во бикини на плажа

Објавено пред

Поранешната Мис на Америка го покажа своето витко тело во бикини.

Својата слава како кралица на убавината првпат ја стекна во 1980-тите. А Венеса Вилијамс докажа во вторникот дека сè уште е во можност да ги зашемети фановите со своето сензационално тело на 58-годишна возраст.

Актерката која го глумеше ликот на Рене Пери во хит-серијата „Очајни домаќинки“ може да се види на Инстаграм како зрачи со гламур додека позира во бели бикини на плажа.

„Дали правиме бикини-фотографии во нашите рани 50-ти? Ок“, напиша таа и додаде емотикон на бран.

Прикажи повеќе...

Забава

Кели Кларксон мора да му плаќа на поранешниот сопруг месечна издршка во износ од 200.000 долари

Објавено пред

На Кели Кларксон ѝ е наложено да му плаќа на својот поранешен сопруг Брендон Блексток приближно 200.000 долари месечно како издршка за него и за нивните две малолетни деца.

39-годишната пејачка, текстописец и ТВ-водителка („Шоуто на Кели Кларксон“), чиј имот е проценет на 45 милиони долари, од 1 април 2021 година требаше да му плаќа на нејзиниот поранешен сопруг и поранешен менаџер 50.000 долари месечно како издршка на поранешен брачен другар.

Дополнително, судот ѝ наложи да му плаќа уште 45.000 долари месечно на Блексток како издршка за нивните малолетни деца Ривер (7) и Ремингтон (5), според правните документи до кoи дојде The Blast.

Документите откриваат и детали за финансиите на Кларксон, наведувајќи дека таа заработува 1.583.617 долари месечно.

Сè на сè, Кели ќе треба да пополнува чек од 195.601 долари за нејзиниот поранешен секој месец.

Судот дополнително бара од неа да плати 1,25 милиони долари за да ги покрие адвокатските трошоци на Брендон настанати со разводот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

Нови 47 лица заразени од коронавирус, во Македонија активни 359 случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.593 тестирања, а регистрирани се 47 нови случаи на...

Македонија15 часа

Груевски ќе развива бизнис во Унгарија, на 15 јули регистрирал фирма со широк опсег на дејности

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, регистрирал фирма со широка деловна активност во гратче во близина на Будимпешта, три години по...

Топ16 часа

(Видео) Полицаец бил дел од скопска банда за шверц на дрога и оружје, користеле и блиндирано возило

По повеќемесечно криминалистичко истражување, денеска Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со Единицата за специјални полициски операции...

Свет17 часа

Кинезите бараат СЗО да испита дали коронавирусот настанал во Америка

Повеќе од 15 милиони корисници во Кина потпишаа онлајн петиција за истрага на лабораторијата „Форт Детрик“ во Соединетите Американски Држави...

Домашен21 час

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за среброто на Олимписките игри

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за освоениот сребрен медал во дисциплината теквондо...

Македонија22 часа

Заев и Тачи договорија соработка за локалните избори

Лидерите на СДСМ и на ДПА, Зоран Заев и Мендух Тачи, договорија соработка за локалните избори. Заев соопшти дека СДСМ...

Македонија23 часа

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, владата со препораки за заштита од топлотниот бран

Владата издаде препораки како заштита на населението од топлотниот бран и од денеска-среда до недела (29.07-01.08.2021 година) се препорачува: ослободување...

Свет24 часа

Бајден: Mаските и вакцините најдобра заштита од делта-сојот

Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека носењето заштитни маски и вакцинирањето во области во кои доминира делта-сојот на коронавирус се...

Македонија2 дена

Maкедонците сè уште се вакцинираат на белградскиот саем

Македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот саем. „Меѓу 300 и 500 граѓани се вакцинираат дневно на саемот во...

Македонија2 дена

Напад врз новинар ќе се смета како напад врз службено лице, се воведува и кривично дело демнење

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објави дека во Владата поминале измените на Кривичниот законик, со кои заштитата на медиумските работници...

Македонија2 дена

Заев по повод 20 години од Рамковниот договор: Успешна историја благодарение на партнерите ЕУ, САД и НАТО

Владата денеска одржа тематска седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање на седницата премиерот Заев потенцира...

Македонија2 дена

Дејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Дејан Геoргиевски го прекина 20-годишниот пост на Македонија и од Олимписки игри ќе го донесе досега најблескавиот медал во 30-годишната...

Топ2 дена

Тетовец лажно се претставувал како лекар, измамил повозрасен охриѓанец и добил 40.000 денари

45-годишен тетовец лажно се претставувал како лекар и на тој начин измамил повозрасен жител од Охрид од кого добил 40.000...

Македонија2 дена

Регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на...

Македонија2 дена

Заев: 17 октомври е датумот за локалните избори

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска...

Европа2 дена

(Видео) Силна експлозија го потресе Леверкузен: Жителите добиле предупредување за екстремна опасност

Силна експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен облак од...

Македонија2 дена

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Ова, додаде тој,...

Европа2 дена

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт2 дена

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Во полу-финалето, Георгиевски го...

Македонија2 дена

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се...

Досие