Контакт

Естрада

Во Тел Авив се подигаат шатори за туристите на „Евросонгoт“

Објавено пред

Градските власти објавија дека на туристите на „Евросонгот“ ќе им понудат кампување, но исто така и полуксузна варијанта. Таканаречениот „Град на шатори” ќе биде подигнат во паркот Јаркон, недалеку од салата каде што ќе се одржува „Евровизија“ и ќе ги имаат сите потребни објекти кои обично го следат кампувањето.

Се очекува дека европскиот ТВ-натпревар во пеење ќе привлече најмалку 10 000 странски туристи во Тел Авив, град со повеќе од 400 000 жители. Градоначалникот Рон Хулдаи (74) дека цените за кампување ќе бидат прифатливи, но не спомна конкретни бројки.

Ова сигурно ќе биде добра опција за дел од туристите, бидејќи цените на хотелското сместување во Тел Авив се особено високи за време на одржување на „Евросонгот“. Израелската пејачка Нета Барзилаи (26) победи минатата година на „Евровизија“ во Лисабон и на тој начин му овозможи на Израел да биде домаќин оваа година.

Многу меѓународни културни работници ја критикуваа одлуката да се дозволи Израел да го организира Евросонгот и повикуваат да се бојкотира настанот, обвинувајќи ја израелската влада за систематско кршење на човековите права на Палестинците.

Естрада

Свештеник ja обвини Селин Дион за сатанизам бидејќи бебињата ги облекува во черепи

Објавено пред

Големата музичка дива Селин Дион (51) е обвинета дека е сатанистка откако ја лансира својата линија на детска облека наречена „CELINUNUN”.

На интернет-страницата таа ја претстави својата колекција како облека која ги ослободува децата од традиционалните улоги на момчиња и девојчиња и им овозможува да растат со вредностите на еднаквост и слобода.

Бројни следбеници на социјалните мрежи, како и свештеник, поточно егзорцист, ја обвинија пејачката дека е сатанист и ги повикува демоните.

„Освен што облеката е исклучително грда, таа е морам да признаам и вознемирувачка. Бебе носи кошула на која има череп. Јакната изгледа како кеса за ѓубре. На некои маички, исто така, се гледаат очите на илуминатите. Ова е сатанска детска кампања“ – вели свештеникот во интервју за „Национален католички регистар“.

Свештеникот ја обвини Дион дека на маиците индиректно ги прикажува окултните симболи, а на еден чифт фармерки го имаше бројот три, на други бројот шест.

„Ова е симбол на сатанизмот. Три шестки или 666 се броеви кои се поврзувани со сатаната со векови. Облеката не е соодветна за возрасни, а камоли за деца“, додаде свештеникот.

Прикажи повеќе...

Естрада

Се снима филм за „Секс пистолс“

Објавено пред

Биографскиот филм за кариерата на музичките икони на 70-тите години на минатиот век  „Секс пистолс“ веќе е во подготовка, а инспиририран е од огромниот успех што го постигнат биографскиот филм за групата „Квин“ – „Боемска рапсодија“, според „Рок ен рол гараж“.

Британската продукциска куќа „Старлајт филмс“ веќе 18 месеци работи на филмот за еден од највлијателните панк-бендови во Велика Британија.

Во средиштето на приказната се покојниот менаџер на бендот Малколм Мекларен и познатата модна дизајнерка Вивијан Вествуд, кои во 70-тите години во лондонскиот кварт Челзи водеа бутик што имаше огромно влијание врз британската панк-сцена.

Режисерката на филмот, Ајеша Планкет , изјави за „Дејли стар“ дека биле импресионирани од бројот на продадени билети за „Боемска рапсодија“, потврдувајќи дека тоа само покажува дека постои огромен интерес на публиката за вакви филмови.

„Секс пистолс“ беа формирани во Лондон во 1975 година. Иако траеја само две и пол години и издадоа само четири синглови и еден студиски албум – Never Mind the Bollocks, Here’s the Sex Pistols, покрај „Рамонес“ и „Клеш“ се сметаат за еден од највлијателните бендови на панк-сцената во Велика Британија.

Прикажи повеќе...

Естрада

Леjди Гага во новата биографија отворено зборува за периодот кога се дрогирала

Објавено пред

Американската пејачка Леjди Гага во новата биографија Everyone Loves You When You Are Dead, која излегува на 5 мај, дава редок увид во својот живот пред да стане славна, и отворено зборува за периодот кога била зависна од дрога, пишува NME.

Во еден дел од книгата која ја напиша Нејл Штраус, Гага вели дека понекогаш е преплашена од тоа кога ќе помисли како лежела во својот стан во Њујорк, опкружена со бубачки и бубашваби, со огледала и со кокаин насекаде, без интерес да работи ништо освен да создава музика и да се дрогира.

Гага, чие вистинско име е Стефани Џоан Анџелина Германота, вели дека експериментирала со дрогата заради уметнички цели, инспирирана од Дејвид Боуви и Мик Џегер.

„Немав лошо детство. Сите работи низ кои поминав беа дел од мојата сопствена потрага по уметничко патување да се зафркавам како (Енди) Ворхол и Боуви и Мик”, пишува во книгата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното дејствување на...

Избори 201910 часа

МВР ќе издава лични карти и утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела...

Македонија16 часа

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија17 часа

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија19 часа

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија19 часа

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток20 часа

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Македонија21 час

Теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал денеска ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Европа21 час

Шпанската полиција спречи терористички напад на џихадистите за Велигден во Севиља

Шпанската полиција, наводно, спречила планиран напад на велигденските поворки во Севиља, при што во Мароко е уапсен еден џихадист, соопшти...

Избори 20191 ден

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија2 дена

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Избори 20192 дена

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија2 дена

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија2 дена

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Свет2 дена

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална...

Свет2 дена

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зашто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш бидејќи две недели...

Свет2 дена

Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесет и седумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери...

Македонија2 дена

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со...

Свет2 дена

„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот

Пејачката Тејлор Свифт, телевизиската новинарка Гејл Кинг и фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се меѓу шесттемина познати и највлијателни луѓе според...

Европа2 дена

(Видео) Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и...

Досие