Контакт

Забава

Во Јапонија можете да спиете на работа, но постојат правила за тоа

Објавено пред

Ако сакате работа од соништата, можете да размислите за преселба во Јапонија бидејќи токму таму спиењето на работа е сосем прифатливо.
Јапонците го имаат дури и терминот инемури, што значи присутен додека спие, пишува „Дејли мејл“.

Оваа практика беше делумно воведена поради долгите работни часови во Јапонија и фактот што луѓето во оваа земја спијат во просек само шест часа.

Меѓутоа, за инемури важат одредени правила.

Ако сте нови во компанијата и сакате да покажете колку вредите, не смеете да спиете. Меѓутоа, ако имате 40 или 50 години, можете слободно да спиете. Колку повисоко сте на општествена скала, толку повеќе ви е дозволено да спиете на работа, вели д-р Бриџит Стигер, кој специјализира за јапонската култура.

Дури и кога на човекот му е дозволено да дреме на работното место, правилата на инемури бараат работниците да бидат способни да се вклучат во секој разговор секогаш кога тоа е потребно и тоа во истиот момент.

Забава

Машки ескорт открива што бараат жените од него

Објавено пред

Рајан Џејмс имал добра работа во финансиите кога решил да стане машки ескорт.

Инспириран од поранешната девојка, која веќе била во оваа индустрија, Џејмс ја оставил сигурната работа во корпорацијата и сега наплатува меѓу 400 и 6.000 долари за своите професионални сексуални услуги.

Мускулестиот 31-годишник од Сиднеј зборува за тоа зошто жените ги бараат неговите ескорт-услуги и како им признал на семејството и пријателите со што се занимава.

„Јас веднаш не му кажав на моето семејство што правам. Речиси веднаш им кажав на моите пријатели, но семејството дозна подоцна“, рече тој.

„Имаше секакви реакции, но семејните врски останаа исти. Оваа работа не е нешто што родителот би го избрал за своето дете“, објаснува тој.

Нарекувајќи ја својата работа наградувачка, Џејмс исто така открива кое е најчестото барање од жените што ги користат неговите услуги.

„Жените најчесто бараат состанок со вечера. Сценариото вклучува типичен вечерен оброк и запознавање по што следува враќање во хотелот или во станот на клиентот за приспособено и лично искуство“, рече тој.

На неговата веб-страница ова искуство се нарекува луксузно вечерно излегување, а Џејмс наплатува 3.500 долари за шест часа релаксација и задоволство или 4.500 долари за една ноќ со појадок.

View this post on Instagram

Rainy days in Brisbane are making it hard to get out of bed.

A post shared by Ryan James (@ryanjamessydney) on

Во интервју за FEMAIL за тоа што жените вообичаено бараат открива дека не е во прашање само секс – туку некој вид дружење и разговор.

Прикажи повеќе...

Забава

Жена посетила над 1.000 локации на кои се снимени сцени од познати филмови

Објавено пред

Филмската блогерка Андреа Дејвид е жена на која многумина ѝ завидуваат. Таа како обожавател на кинематографија и патувања успеала да ги поврзе двете најголеми пасии во животот и да посети повеќе од 1.000 локации на кои биле снимени сцени од нејзините омилени филмови.

Оваа 40-годишна жена патува низ целиот свет и пронаоѓа локации од познатите филмски наслови – од Хогвортс до мостот по кој трчаше Форест Гамп.

Андреа дури успеала да пронајде и локации што отсликуваат некои сцени во анимираната серија „Симпсонови“, а стигнала и до Јордан, каде што чекорела по патеките на Индијана Џонс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea David 🎬 (@filmtourismus) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea David 🎬 (@filmtourismus) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea David 🎬 (@filmtourismus) on

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Јарец со две кози се возеше во метро во Париз

Објавено пред

Човекот што денес во метрото во Париз внесе две кози и јарец предизвика застој во подземниот сообраќај поради што мораа да интервенираат безбедносните сили, според „Паризиен“.

Козите и јарецот се најдоа во метрото против своја волја бидејќи бездомник ги украл пред музејот „Лувр“.

Козите се дел од проектот на Град Париз за животните да бидат на тревникот пред „Лувр“.

Припадниците на обезбедувањето на метрото, сепак, многу се намачија додека да ги извадат козите и јарецот од возот во метрото, така што на крајот мораа да дојдат полициски единици со специјална опрема.

Парижаните што се најдоа на станицата или во возот ги фотографираа настаните и ги ставија на социјалните мрежи со шеговити коментари, иако некои доцнеа на работа бидејќи сообраќајот на таа линија беше речиси еден час во прекин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија2 часа

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија2 часа

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија3 часа

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија3 часа

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија4 часа

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Свет4 часа

Снимка од разговор во случајот со Кашоги: Кажи му на шефот дека мисијата е извршена

Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на...

Македонија5 часа

Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од...

Македонија5 часа

(Видео) Јанкулоска: Нема причина да ми се определи притвор

Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

Македонија6 часа

Судот потврди – Јанакиески и Божиновски притворени оти може да избегаат

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени поради опасност од бегство. „Кривичниот совет...

Македонија18 часа

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија19 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија20 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија21 час

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија22 часа

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања24 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија1 ден

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток1 ден

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија1 ден

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија1 ден

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Досие