Контакт

Забава

Вработен на аеродром заедно со багажот се натоварил и себеси во авион

Објавено пред

Да се заспие на работа не е баш добра идеја, но доколку никој не ве фати, тогаш тоа не е нешто страшно. За жал, ова не може да се каже и за еден случај на аеродромот во Канзас Сити.

Имено, вработен на овој аеродром, кој работел на товарење  багаж во авионот, заспал во делот на авионот предвиден за багаж и одлетал за Чикаго.

Дваесет и седумгодишното момче дури и не почувствувало кога авионот слетал, па вработените на аеродромот во Чикаго го пронашле во багажникот. Не е познато дали тој спиел цело време или се разбудил во средината на летот.

Портпаролка на компанијата „Американ ерлајнс“ изјави дека работникот случајно заспал и дека по слетувањето немало потреба да добие медицинска помош.

Иако авиокомпанијата била загрижена за неговото здравје, сигурно не била задоволна и од неговото однесување, кое сепак јавно не го коментирала.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Гулаб писмоносец продаден на аукција за рекордни 1,25 милиони евра

Објавено пред

Гулабот писмоносец обучен во Белгија беше продаден во неделата на аукција преку интернет за рекордни 1,25 милиони евра, со што стана најскапата птица во светот.

Интернет-страницата Pigeon Paradise (Pipa) ја објави рекордната цена што ја постигна гулабот Армандо Пуни, кој беше одгледан од Џоел Вершут, еден од најистакнатите одгледувачи во Белгија.

„Никој не се надеваше дека гулабот ќе го надмине магичниот лимит од 1,1 милион евра. Конечната продажна цена изнесува 1.252.000 евра“, објави Пипа, не откривајќи го идентитетот на купувачот.

Белгиската новинска агенција Белга, сепак, наведува дека купувачот е Кинез, кој „сигурно ќе го употреби рекордерот за репродуктивни цели за да добие нови шампиони”.

Интересот на кинеските колекционери во последниве години го поттикна порастот на цената на гулабите писмоносци за трка, во која победник е првиот гулаб пуштен од кафезот кој се враќа дома.

Семејството Вершут на аукција преку интернет продаде 178 гулаби за околу 2 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Забава

Лекарите веќе не го препорачуваат аспиринот како превенција на срцето и мозочниот удар

Објавено пред

Здравствените експерти на Американската асоцијација за срце и Американскиот кардиолошки колеџ не препорачуваат аспирин за постари лица како превенција од срцев удар ако тие лица немаат висок ризик од, или постоечки болести на срцето.

Во согласност со насоките на овие организации, лекарите можат да им пропишат аспирин на некои постари пациенти со висок ризик, како што се оние кои имаат проблеми со холестерол или нивото на шеќер во крвта, сè додека не постои зголемен ризик од внатрешно крвавење. Сепак, упатствата не препорачуваат употреба на лекови за згрутчување на крв, како што е аспирин, за која било возраст.

„Лекарите треба да внимаваат кога пропишуваат аспирин за пациенти на кои не им биле дијагностицирани кардиоваскуларни болести”, изјави кардиологот Роџер Блументал од Универзитетот Џон Хопкинс. „Многу поважно од препорачување аспирин е да се подобрат животните навики и да се контролира крвниот притисок и нивото на холестерол.”

Според неодамнешните студии, земањето мали дневни дози аспирин во најдобар случај е губење пари за здрави постари лица, и во најлош случај може да го зголеми ризикот од внатрешно крвавење и предвремена смрт.

Прикажи повеќе...

Забава

Миа Калифа за малку ќе се задавела, момчето го скрил прстенот во колач

Објавено пред

„За малку ќе го проголтав прстенот“, рече  возбудено  некогашната порноѕвезда  Миа Калифа (26), која се пофали дека е свршена со Швеѓанецот Роберт Сандберг (28).

Роберт, инаку по професија готвач, одлучил дијамантскиот прстен да го сокрие во јадење. А Миа веднаш почнала лапливо да го јаде колачот и за малку ќе се задавела. Оваа Либанонка не очекувала дека ќе се сврши. Всушност, како што самата напиша, тој ден се шетала низ трговски центар и од забава пробувала прстени.

„Јас навистина не го очекував тоа. Веднаш тој ден Роберт се врати во трговскиот центар и ми купи прстен, со кој ме изненади“, рече Калифа. Веста дека се свршила ги погоди нејзините обожаватели кои се надеваа дека таа ќе се врати во порноиндустријата. Но, ништо од тоа. Барем засега.

Сексапилната Миа денес ја гради кариерата како спортска коментаторка. На еден од нејзините први преноси таа имаше ужасна несреќа. На хокејски натпревар Миа ја погоди пак во градите и го скрши нејзиниот имплант. Една година таа мораше да чека да го извадат, а потоа го замени со уште поголем.

Ова за Миа нема да биде прв брак. Како 18-годишна девојка, таа се омажи за средношколската љубов, но тој брак не издржа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Пожарот на Скопска Црна Гора се шири

Пожарот на Скопска Црна Гора, на местото наречено Влајингроб, што избувна пред неколку часа, се шири. На терен интервенираат противпожарни...

Свет12 часа

Уапсен осомничениот за нападот во трамвајот во Утрехт

Холандските власти го уапсиле осомничениот за нападот во Утрехт, во кој беа убиени три лица. Станува збор за триесет и...

Топ15 часа

Собранието ќе потроши речиси половина милион евра на авиобилети и хотели

Засилена меѓународна соработка, средби, конференции, семинари, специјални гостувања поврзани со ЕУ и НАТО-интеграцијата, како и редовни активности на пратениците, спаѓаат...

Македонија15 часа

Кај „Чинарот“ во Охрид се ѕида со одобрение за поставување урбана опрема

Општина Охрид ги одобрила градежните активности на плоштадот Чинар во Охрид, каде што минатата недела охриѓани алармираа за нова дивоградба....

Македонија16 часа

(Видео) Премиерот со премногу овластувања во новата агенција за разузнавање, реагираат експертите

Една од главните забелешки на експертската јавноста на јавната расправа за формирањето на новата агенција за разузнавање која ќе ја...

Свет17 часа

НАТО бара Русија да го врати Крим, Путин таму денеска отвори две нови електрани

Северноатланската алијанса по повод, како што велат од таму, петгодишнината од анексијата на Крим од страна на Русија, во соопштение...

Свет19 часа

Напаѓачот од Нов Зеланд сам ќе се брани пред судот

Терористот кој во петокот во новозеландскиот град Крајстчрч нападна две џамии и уби 50 луѓе, а рани над 40, планира...

Владо Бучковски Владо Бучковски
Македонија20 часа

Бучковски ми кажа дека „Маѓар телеком“ е политички монтиран случај, рече сведокот

Професорот од Правниот факултет Дејан Мицковиќ во сведочењето за случајот „Маѓар телеком“ на прашање на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова,...

Македонија20 часа

Мицковиќ: На Зврлевски му пријавив дека добивам закани да сведочам за „Маѓар телеком”

Дејан Мицковиќ, професорот од Правниот факултет во Скопје, сведочеше на денешното рочиште за случајот „Маѓар телеком”, како поранешен претседател на...

Топ21 час

Двајца мотоциклисти загинаа во сообраќајни несреќи

Дваесет и едногодишен гостиварец вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток, додека возел мотоцикл...

Свет22 часа

Австралиската полиција ги претресе куќите на сестрата и мајката на Брентон Тарант

Австралиската полиција извршила претрес во две куќи на подрачјето на Нов Јужен Велс во потрагата по материјал што би можел...

Регион22 часа

Вучиќ: Мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците на Косово бидејќи, како што...

Свет23 часа

Владата на Нов Зеланд поддржа построги закони за оружје

Премиерот на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн, изјави дека владиниот кабинет ги поддржал измените на законот за оружје, по терористичкиот напад...

Регион1 ден

Грчката полиција: Брентон Тарант престојувал на Крит и Санторини

Грчката полиција соопшти дека осомничениот за нападите во двете џамии во Нов Зеланд, Брентон Харисон Тарант престојувал на грчките острови...

Избори 20192 дена

Силјановска: Да ја спречиме еколошката катастрофа во Охрид и Струга

„Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга“, порача кандидатката за претседател, Гордана...

Свет2 дена

Масовен погреб за жртвите од авионската несреќа, во земјата спуштени празни ковчези

Илјадници граѓани и членови на семејствата се собраа на заедничкиот погреб за жртвите на настраданите во недамнешната авионска несреќа во...

Избори 20192 дена

Пендаровски: Мојот концепт е за напред, а на Силјановска е за назад

Заедничкиот кандидат за претседател на нашата држава Стево Пендаровски по посетата на Охрид, попладнево се сретна и со граѓаните во...

Крвав четврток2 дена

Првпат во Македонија притворот се гарантира со гаранција, реагираат адвокатите на обвинетите за 27 април

Адвокатите на обвинетите за настаните од 27 април реагираат на определувањето притвор за нивните клиенти, бидејќи, како што пишуваат, судот...

Македонија2 дена

(Видео) Арсовски: Шилегов ќе ги труе скопјани со опасен отров од странство

Петре Шилегов нема намера да се откаже од труењето на скопјани, истакна денеска на прес-конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој...

Регион2 дена

Вучиќ за упадот во РТС: Нема да дозволиме насилство, наидоа на тврд орев

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска напладне се обрати пред српската јавност во однос на вчерашните случувања, кога дел од демонстрантите...

Досие