Контакт

Hitech

Времето потрошено за праќање службена е-пошта да се пресметува во работното време, предлага научна студија

Објавено пред

Патниците во градскиот превоз премногу често испраќаат службена е-пошта на пат до работното место, поради што таа активност би тебало да се пресметува во работното време, сметаат истражувачите од универзитетот West of England во Бристол.

Пристапот до безжичен интернет во јавниот транспорт и широката употреба на мобилни телефони на некој начин го продолжуваат работниот ден, се наведува во студијата.

Би-би-си информира дека студијата анализирала 5 000 патници на градските линии во Лондон, откако безжичниот интернет стана широко достапен. Според оваа студија, 54 отсто од патниците во возовите пристапот до интернет го користат за испраќање на службена е-пошта.

Оние кои оделе на работа испраќале е-пошта во врска со обврските што ги чекаат, додека, пак, оние кои се враќале, праќале пораки за нешто што не успеале да го завршат во текот на работното време.

Студијата покажала дека подобрата поврзаност на интернет влијае за продолжување на работното време и дека луѓето во возовите почесто користат лаптоп и мобилни телефони.

Ова истражување го покрена прашањето за рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот и дали е здраво дополнително да се продолжува работното време кога луѓето како и да е рутински одговараат на службената е-пошта дури и кога се слободни.

Токму затоа научниците го поставуваат прашањето – доколку патот до работа практично е дел од самата работа, зарем не треба тој да се пресметува во работното време?



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

„Гугл“ воведува нов вештачки глас во својот сервисм кој ќе звучи како вистински

Објавено пред

„Гугл“ веќе со години е глобален лидер на полето на паметните мобилни телефони и прелистувачи, а сега оваа компанија влегува на територијата на синтеза на гласот.

Text-to-speech или текст во говор е опција што често се користи на Запад, особено во деловното опкружување. Сега „Гугл“ претставува нов вештачки глас, кој всушност се генерира во Cloud или т.н. облак-платформа.

„Гугл“ пред неколку години купи WaveNet-технологија од британската компанија „Дип мајнд“. Оваа технологија овозможува компјутерот да генерира целосно природен глас, а корисниците може да изберат возраст, боја на гласот, па дури и начин на кој се акцентираат одредени зборови.

Оваа технологија се очекува да добие значење во роботиката во наредните неколку години.

„Гугл“ веќе низа години ги префрла повеќето свои опции на Cloud/облак-платформа, па така повеќе апликации веќе долго време работат во синхронизација со облак.

Нешто слично прави и „Епл“ со својата вештачка интелигенција нарачена Сири, но сега „Гугл“ ја презема иницијативата, а целта е, се разбира, целосна интеграција на услугите со вештачката интелигенција и Cloud-сервисите.

Прикажи повеќе...

Hitech

Јапонски милијардер го собори рекордот за твитер-објава со најмногу споделувања

Објавено пред

Јапонскиот милијардер и иден вселенски патник Јусаку Маезава вчера го сруши рекордот на „Твитер“ откако порака што ја објави на оваа социјална мрежа беше споделена 5,55 милиони пати.

Маезава во саботата на „Твитер“ напиша дека ќе им даде по 8 000 евра на одредени следбеници на неговиот профил. Милијардерот наведе дека ваква сума ќе исплати за 100 луѓе извлечени по случаен избор, кои претходно ја споделиле („ретвитувале“) неговата порака.

„Нов светски рекорд. Го соборив рекордот на ‘Твитер’ за бројот на споделувања на порака, досега рекордот беше 3,55 милиони“, соопшти Маезава.

Милијардерот, кој се збогати преку онлајн продажба на облека и кој е колекционер на дела од современата уметност, ќе биде првиот турист околу месечината на приватната американска вселенска компанија „СпејсЕкс“ (SpaceX), а негови придружници ќе бидат уметници. Патувањето е планирано за 2023 година.

Прикажи повеќе...

Hitech

Откриени патенти за три производи кои би можеле да го трансформираат „Епл“

Објавено пред

Серија штотуку одобрени патенти откри дека „Епл“ размислува за развој на мултиплеер игра, апликација за групен превоз, па дури и за сопствена облека. Тоа се концепти кои се меѓу 43 патенти што добиле одобрување.

Иако ваквите документи не гарантираат дека „Епл“ своите идеи ќе ги претвори во стварност, истите дефинитивно даваат увид во плановите на компанијата која очигледно има намера да ги прошири своите хоризонти.

iClothing

Преносливите уреди на „Епл“ се речиси неприкосновени, па само во текот на 2018 година оствариле добивка од 10 милијарди долари.

Сега се чини дека технолошката компанија сака ваквиот успех да го повтори и со сопствена линија на облека.

Имено, на „Епл“ му е одобрена лиценца за патент што се однесува на „паметна ткаенина“, која во голема мера наликува на многу нано материјали кои овозможуваат интегрирање на OLED екрани во облеката.

Убер за „Епл“

Компанијата исто така ја разгледува идејата за такси сервис, кој би бил интегриран во „Епл“ мапите.

Доколку овој патент стане реалност, корисниците веќе нема да треба да отвораат посебни налози за Убер или Лифт, туку би користеле податоци од App Store за плаќање на превозот.

Мултиплеер гејминг систем

Во најмала рака, „Епл“ доби патент за онлајн простор за мултиплеер игри. Плановите покажуваат интерфејс кој се користи за многу онлајн мини игри и тој може да послужи како основа за голем број на проекти.

Во прилог на оваа идеја е и фактот дека компанијата доби патент за ајфон или ајпад уреди со екран преку цела предна страна, кои би можеле да се користат како контролери, како оние кај „плејстејшн“ или „ексбокс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 часа

Ципрас ја доби довербата од Парламентот

Со 151 глас, Владата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја доби довербата во Парламентот по дебатата која траеше два дена....

Европа11 час

Преживеа Владата на Тереза Меј

Владата на британската премиерка Тереза Меј вечерва ја доби довербата од Парламентот. 306 пратеници гласаа против Меј, а 325 за неа....

Македонија12 часа

(Видео) Власта и опозицијата се договорија – Антикорупциска ќе има увид во банкарските сметки на функционерите

Прашањето за директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, Државната комисија за спречување  корупцијаа ќе има...

Македонија15 часа

Избега еден од осудените напаѓачи на Села, распишана е потерница

Никола Војминовски, кој е осуден на 13 и пол години затвор за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на...

Економија15 часа

И официјално заврши стечајот за „Фени“, апелација ги одби жалбите

Судот во Велес денес соопшти дека е правосилно одобрен планот за реорганизација на „Фени индустри“ од Кавадарци со што и...

Македонија15 часа

Меѓународна криминална група осомничена за кражби од сефови во македонски банки

Обвинителството отвори истрага против седум лица, и тоа четворица државјани на Украина и по еден државјанин од Молдавија, Казахстан и на...

Македонија17 часа

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија17 часа

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија17 часа

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Македонија18 часа

Скопјани принудувале малолетничка на проституција

Обвинителството отвори истражна постапка за трговија со дете кога било пријавено дека двајца скопјани принудувале 16-годишно девојче да врши полови...

Македонија19 часа

(Видео) Лашкоска: СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција

СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција. Сака насилнички со ЕУ-знаме да го протурка без дебата. Третпат...

Македонија19 часа

Претседателот на грчкото собрание смета дека договорот од Преспа е историски моќен

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, рече дека пратениците со јасно мнозинство треба да го изгласаат преспанскиот договор, бидејќи, како...

Македонија19 часа

Цаноски бара 40 милиони евра отштета за уривањето на „Космос“

На денешното судско рочиште за предметот на СЈО, ТНТ, за уривањето од политичка омраза на комплексот „Космос“, бизнисменот Фијат Цаноски...

Македонија20 часа

Братот на Заев, Вице, го тужи Александар Николоски за клевета

Во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвителното рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев,...

Македонија21 час

Путин: Постои надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор претставува политиката на...

Регион22 часа

Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентира приоритетите на романското претседателство со Европската Унија. „Првата фаза ќе...

Вести22 часа

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чиј дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас....

Македонија22 часа

Владата една и пол година ги слави празниците на Груевски, Законот за празниците нечепнат

Владата една и пол година ја разгледува можноста за укинување дел од неработните денови и измена на Законот за празниците,...

Свет23 часа

Британскиот парламент ќе гласа за недоверба на владата на Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да се соочи со гласање за недоверба, еден ден откако парламентот го отфрли нејзиниот...

Свет23 часа

Помпео: Иранските ракети за сателити се закана за Европа и Блискиот Исток  

Неуспешниот обид на Иран да ландира сателит во орбитата со трифазна ракета покажува дека намерата на Исламиската Република е да...

Досие