Контакт

Забава

Гвен Стефани и Блејк Шелтон се венчаа на интимна церемонија на ранчот на кантри-пејачот

Објавено пред

Гвен Стефани и Блејк Шелтон официјално го врзаа јазолот во саботата, 3 јули, по шест години љубов. Интимната церемонија се одржа на ранчот на кантри-пејачот во Оклахома, во присуство на членови на семејството и блиски пријатели.

Фотографиите добиени од „Пејџ сикс“ ја прикажуваат капелата во која Блејк (45) и Гвен (51) рекоа „да“ во саботата. Порталот наведува дек Блејк наводно ја изградил малата симпатична капела на својот имот за размена на брачните завети со рокерката.

Капелата се наоѓа на масивниот имот на Блејк и може да се види на фотографиите дека е украсена со бели цвеќиња покрај голем шатор за забави.

Забава

„Форбс“: Ријана и официјално е милијардерка

Објавено пред

Нето богатството на поп-sвездата Ријана се проценува на 1,7 милијарди долари, што ја прави најбогата музичарка во светот, но нејзината музика не е примарен извор на нејзиното богатство, објави престижниот магазин „Форбс“ во средата (4 август).

Пејачката родена на Барбадос, чиешто родено име е Робин Фенти, црпи 1,4 милијарди долари од богатството преку својот удел од 50 проценти во козметичката линија „Фенти бјути“.

Остатокот од богатството на Ријана доаѓа од нејзиниот удел во компанијата за долна облека „Севиџ икс фенти“ и нејзиниот приход како пејачка и актерка, пишува списанието.

Компанијата за убавина на Ријана, чија втора половина ја поседува LVMH, е позната по својата широка палета од 50 тонови за кожа, вклучувајќи темни нијанси за афроамериканки, кои беа ретки кога беше лансирана во 2017 година. Ова ја направи лидер во инклузивноста во индустријата.

Пејачката најпозната по хитовите Umbrella и Love The Way You Lie го зазема второто место зад Опра како најбогата жена забавувач, објави „Форбс“.

Прикажи повеќе...

Забава

Маргот Роби не сака пауза, подготвена повторно да ja игра Харли Квин

Објавено пред

Австралиската актерка Маргот Роби ја отфрли можноста да се одмори од улогата на супернехативката Харли Квин.

31-годишната актерка неодамна навести дека сака да се повлече од улогата на негативката на DC Extended Universe (DCEU) во три филма, но сега рече дека е секогаш подготвенада ја портретира Харли на големото платно.

Маргот за „Ентертејнмент тунајт“ изјави: „Не, доста ми беше пауза. Подготвена сум повторно да ја глумам.“

„Ги снимав ‘Птици грабливки’ и ‘Одред самоубијци’, така што имаше многу Харлиjки во период од една година, но тоа беше пред некое време. Секогаш сум подготена за нови“.

Прикажи повеќе...

Забава

Памела Андерсон ја продаде куќата во Малибу

Објавено пред

Памела Андерсон, конечно, ја продаде својата палата во Малибу за 11,8 милиони долари иако на пазарот за недвижности ја објави за цена од 14,9 милиони долари претходно годинава.

Продажбата на домот од 2.700 квадратни метри може дури и да го собори рекордот на недвижен имот во Malibu Colony, каде што еден квадрат е проценет на повеќе од 4.000 долари, според ТМЗ.

Новата среќна сопственичка на домот е Лорен Крајс, извршна директорка и раководителка за креативна стратегија на „Крајс мебел“ (Kreiss Furniture).

Меѓу ѕвездите што поседуваа куќи во оваа мала заедница се Ед Нортон, Џим Кери, Леонардо ди Каприо, Барбара Стенвик, Роналд Колман и Глорија Свонсон.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Владата ќе го разгледува предлогот за воведување кризна состојба во државата поради пожарите

Владата денеска во 08.30 часот треба да одржи седница за предлогот на Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба во траење...

Македонија12 часа

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија14 часа

Пожарот во Пехчево засега не може да се гасне со хеликоптери, леталата се вратиле назад

Петте хеликоптери, два македонски и три српски, кои беа пратени да го гаснат пожарот во Пехчево, се враќаат назад. Ова...

Македонија14 часа

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија14 часа

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија16 часа

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија18 часа

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ21 час

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион23 часа

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа23 часа

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија23 часа

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија24 часа

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Регион24 часа

(Видео) Грчките пожарникари цела ноќ се бореа со пожарите, гори и предградие на Атина

Вкупно 81 пожар избувнаа во Грција во последните 24 часа, а пожарникарите сѐ уште се борат со 40 од нив, кои...

Свет1 ден

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар може само вакцинирани

Во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала и во театар без потврда за вакцинација, изјави...

Топ1 ден

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија2 дена

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија2 дена

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија2 дена

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија2 дена

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Досие