Забава
Гвинет Палтроу реагира на негативен коментар за новиот производ на „Гуп“

Гвинет Палтроу соопшти дека нејзиниот лајфстајл-бренд „Гуп“ ја лансира првата секс-играчка со дрска објава на „Инстаграм“ на Денот на вљубените.
За да го промовира двостраниот вибратор на својата компанија, кој ќе се продава по цена од 95 долари, оскаровката сподели стара фотографија од 71. церемонија на доделувањето на „Оскарите“ (1999).
На изменетата фотографија се гледа како го држи новиот производ наместо златната статуетка.
Откако Клио Вејд, поетеса и активистка, ја нарече икона за трошење среде пандемија на Ковид-19 создавајќи свој вибратор, 48-годишната Гвинет имаше совршен одговор.
„Морав некако да го поминам времето, знаете?“, се пошегува на својата инстаграм-приказна мајката на две деца, која е во брак со Бред Фалчук од 2018 година.
Нејзината објава веднаш стана хит меѓу фановите и многу од нејзините славни пријателки ѝ коментираа, а Дру Баримор напиша: „О, боже, те сакам“.
Другите се шегуваа: „кому му е потребен ‘Оскар’ кога го имате најдобриот вибратор“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мајк Тајсон остро ја критикува серијата заснована на неговиот живот

Мајк Тајсон силно се спротистави на најавената серија на стриминг-платформата „Хулу“, базирана на неговиот живот.
Серијата „Железниот Мајк“, која беше најавена претходно во четвртокот, доби нарачка од осум епизоди во стримерот, а наводно, го истражува животот и кариерата на Тајсон во и надвор од рингот.
„Најавата на Хулу да прави неовластена мини-серија од приказната за Тајсон без надомест, иако неприкладна, не е изненадувачка, објави Тајсон на Инстаграм.
„Оваа најава за социјалните разлики во нашата земја е одличен пример за тоа како корпоративната алчност на Хулу довела до вакво, без слух, присвојување на животната приказна на Тајсон,“ напиша боксерската легенда.
Тој додаде: „Да се даде ваква најава за време на Месецот на афроамериканската историја, февруари, само ја потврдува грижата на Хулу за долари пред почитувањето на правата на црнците.“
Забава
Жерар Депардје обвинет за силување и сексуален напад

72-годишниот француски актер е обвинет за сексуални напади врз млада актерка во август 2018 година во повеќе наврати.
Судски извор потврди за агенцијата „Франс прес“ дека против Жерард Депардје била поднесена кривична пријава во декември, откако претходно беа отфрлени првичните обвиненија поради недостаток на докази.
Според обвинението, двете силувања се случиле во домот на Депардје во 2018 година, како и голем број сексуални напади во слично време. Силувањата, наводно, се случиле на 7 и 13 август.
Младата жена е актерка, која, наводно, била во домот на актерот како семеен пријател. Депардје претходно тврдеше дека станува збор за „консензуална врска“ и дека тој ѝ нудел совети за кариера како добар пријател на нејзиниот татко.
Нејзиниот адвокат побара „да биде почитувана приватноста за актерката“ во целиот случај.
Забава
Tаткото на Лејди Гага: Целото семејство е вознемирено од насилниот инцидент

Шетач на кучиња бил застрелан во Лос Анџелес во средата навечер, а осомничените успеале да побегнат со две од трите кучиња на поп-ѕвездата Лејди Гага, пренесува „Фокс њуз“ и го цитира нејзиниот татко Џое Германота, кој вели дека целото семејство е потресено од насилството.
Рајан Фишер, човекот кој ги ѝ ги чува кучињата, бил пренесен во болница со прострелни рани и е во критична состојба.
Магазинот „Пипл“ цитира негов пријател кој тврди дека Фишер буквално би го дал својот живот за оние што се под негова грижа.
Поп-ѕвездата Лејди Гага нуди награда од 500.000 долари за враќање на нејзините француски булдози, Коџи и Густав, украдени во насилна расправија во Лос Анџелес, поради што човек се бори за живот, полицијата и извор близок до пејачката изјавија во четвртокот.
Гага, која беше во Рим на снимање филм кога беа украдени кучињата, првично не коментирала за кражбата. Сепак, полицискиот оддел во Лос Анџелес потврди дека двата француски булдози биле украдени под закана со оружје од 30-годишен маж на авенијата Сиера Бонита во Холивуд ноќта во средата.
Третото куче, Мис Азија, избегало и подоцна било пронајдено.
Инцидентот е последен во низата насилни кражби на француски булдози во САД во последните месеци.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер