Забава
Гвинет Палтроу ја рекламира својата колекција зимска облека

Таа најдобро ги промовира производите на сопствената лајфстајл и спа компанија и редовно ги рекламира на веб-страница за животен стил „Гуп“.
И во неделата, Гвинет Палтроу помина извесно време на маркетинг на парчиња зимска облека од сопствената колекција G. Label на официјалниот Инстаграм на „Гуп“.
Актерката и дизајнерка (48) објави фотографии на кои позира во модели од јануарската колекција на, како што ги нарече „најважни луксузни работи во гардеробата“ достапни за купување на „Гу п“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Гал Гадот чека трето дете

Ѕвездата на суперхеројскиот блокбастер Wonder Woman или жена-чудо потврди дека таа и нејзиниот сопруг Јарон Варсан се подготвени да го пречекаат нивното трето дете – братче или сестричка за тригодишната Маја и деветгодишната Алма.
Гал Гадот сподели симпатична семејна фотографија на која се гледаат двете ќерки и сопругот.
Израелката која стана едно од најзвучните имиња во светот на филмот откако го оживеа ликот на „Вондер вуман“, претходно откри дека се чувствувала возвишено кога станала мајка.
Споделувајќи го своето искуство, таа рече: „Кога ги родив моите две ќерки. Знам дека ова звучи претерано, но се чувствував како да сум Бог кога се породив. Најдоброто чувство на светот е да станеш мајка и да дадеш живот.“
„Бев многу понервозна со својата прва бременост, но со Маја беше полесно. Поинаку е бидејќи го имате тоа искуство кога ќе добиете второ дете.“
Забава
Меган Маркл доби 625.000 долари надомест за трошоци во спорот со британски таблоид

Британски судија во вторникот донесе одлука дека на Меган Маркл, војвотката од Сасекс, треба да ѝ бидат исплатени 625.000 американски долари како привремен надомест на трошоци во постапката откога таа ја доби тужбата против „Мејл он сандеј“ за повреда на приватноста.
Минатиот месец судија на Високиот суд во Лондон пресуди дека таблоидот ја нарушил нејзината приватност и го повредил нејзиното авторско право објавувајќи делови од писмо што му го напишалa на татка си Томас Маркл, со кој се раздели во пресрет на нејзината венчавка со внукот на кралицата Елизабета, принцот Хари.
Судијата Марк Ворби пресуди во нејзина корист без одржување судење велејќи дека написите се очигледна повреда на приватноста иако весникот тврди дека војвотката имала намера содржината на писмото да стане јавна и дека тоа претставува дел од стратегијата за медиуми.
На рочиште во вторникот Ворби одби да му дозволи на весникот да се жали на таа одлука велејќи дека нема вистинска перспектива Апелацискиот суд да донесе поинаков заклучок. Сепак, весникот е во можност да аплицира директно до судот.
На судот му беше кажано дека адвокатскиот тим на Меган бара повеќе од 1,5 милион фунти надомест за правни трошоци, со половина од износот што треба да се плати во рок од 14 дена, сума што весникот ја опиша како несразмерна.
Забава
Доли Партон прими вакцина против Ковид-19

Иконата на американската кантри-музика ја прими првата доза од вакцината против Ковид-19
75-годишната Доли Партон, која донира 1 милион долари за развој на вакцина протов коронавирусот, беше воодушевена што ја прими вакцината на „Модерна“.
Споделувајќи фотографија на социјалните мрежи, таа напиша: „Доли добива доза од сопствениот лек“.
Минатата година познатата пејачка и текстописец изјави дека се чувствува многу почестена и се гордее што донирала пари за истражување на една од најперспективните вакцини против Ковид-19.
Во февруари 75-годишната пејачка инсистира на тоа дека ќе ја чека својата вакцина против коронавирусот бидејќи не сака луѓето да мислат дека тоа е шоу.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер