Контакт

Бизарно

Германец си ги заборавил ќерките на бензинска, поминал 170 километри и не забележал дека ги нема

Објавено пред

Германски државјанин на автопат во Баварија си ги заборавил своите две ќерки, пишуваат германските медиуми.

Како што се наведува, тој со девојчињата патувал кон езерото Гарда по повод велигденските празници, а неговата сопруга останала дома.

„Бизарна ситуација се случила на бензиска пумпа. Девојчињата отишле до тоалетот, а кога се вратиле, го немало ни автомобилот ни татко им. Девојчињата го знаеле домашниот телефонски број и успеале да стапат во контакт со мајката, преку која дошле и до мобилниот телефонски број на таткото“, наведуваат медиумите.

Полицијата ѕвонела 48 пати кај несовесниот татко, кој не се одѕвал на повиците, а веќе се наоѓал во Австрија, на 170 километри оддалеченост.

Пред полицијата на сослушување мажот изјавил дека не забележал оти неговите ќерки не се во автомобилот.

Бизарно

(Видео) Чевлите од „човечка кожа“ – хит на социјалните мрежи

Објавено пред

Канадските дизајнери Роуз Далтон и Стив Рај Баскаран стојат зад брендот „Фекал матер“ и дизајнираа високи потпетици направени од „човечка кожа“, кои станаа хит на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

Yes, they're walkable

A post shared by Fecal Matter (@matieresfecales) on

Роуз и Стив првично создадоа потпетици во фотошоп, а потоа го претставија концептот во „Вог“. По тоа, направија еден чифт од „човечка кожа“.

Овие чевли претставуваат реплика на нозете на Роуз Далтон со специфичен додаток на боцки и потпетици, создадени од уметницата Сара Ситкин.

View this post on Instagram

Fuck you Fascism 🇧🇷#elenão

A post shared by Fecal Matter (@matieresfecales) on

Тие се направени од силикон, кој се користи како имитација на човечка кожа, па дури имаат и прсти со нокти, младежи и влакна. Овие чевли чинат 10.000 долари и се произведуваат само по нарачка.

View this post on Instagram

I can help you get out of the Matrix

A post shared by Fecal Matter (@matieresfecales) on

Корисниците на социјалните мрежи најчесто се згрозени од дизајнот со кој оваа двојка го предизвикува општеството и ги поместува границите на човечкиот изглед.

 

Прикажи повеќе...

Бизарно

НЛО забележан во близина на Ирска, во тек е истрага

Објавено пред

Сè почна во петокот, 9 ноември, во 6.47 часот изутрината по локално време, кога пилотот на „Бритиш ервејс“ се јави во контролата на летање на аеродромот во Шенон, објави Би-би-си.

Пилотот сакаше да дознае дали имало воени вежби во тоа подрачје бидејќи нешто се движело многу бргу. Тој доби негативен одговор од контролата.

Пилотот на „Бритиш ервејс“, кој летал од Монтреал во Канада до аеродромот „Хитроу“, рече дека видел многу силна светлина и дека објектот дошол од левата страна на авионот пред бргу да се сврти кон север.

Тој не знаеше што би можело да биде тоа кога еден пилот од авионот на „Вирџин“ се приклучил на разговорот сугерирајќи дека тоа би можело да биде метеор или некој друг објект што повторно влегол во атмосферата на земјата.

Пилотот рече дека повеќе објекти ја следеле истата орбита и дека биле многу светли.

Другиот пилот додаде дека брзината на движење на овие објекти била астрономска.

Ирската управа за воздухопловство ги испитува извештаите за необичната светлина и за НЛО, наводно, забележан на југозападниот брег на Ирска.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Јогата е демонска креација, тврди американски пастор

Објавено пред

Американски пастор од црквата Assemblies of God веќе извесно време во својата заедница одржува жестоки проповеди против јогата. Тој за оваа дисциплина тврди дека има демонски корени и смета дека следбениците на црквата треба да ја избегнуваат, пишува „Ју-ес-еј тудеј“.

Џон Линдел ја води Пентекосталната црква во Озарк, Мисури, која брои околу 11.000 члена. Линдел на членовите во црквата им објаснува дека јогата е демонска затоа што во таа вештина циркулираат демонски сили, кои ги прават луѓето подложни на учењата на хиндуизмот, кој, според пасторот, исто така е демонска религија.

Пасторот во своите беседи зборува остро против секоја практика што е некомпатибилна со протестантската традиција. Така, покрај хиндуизмот, тој критикува и некои други верувања.

„Можеби ќе бидете изненадени од тоа што јогата ја ставам на исто ниво со паранормалното. Но, јогата е показател колку нашето општество се претвори во постхристијанска култура. Претходно, на јогата автоматски се гледаше како на форма на индиски мистицизам и сите христијани ја избегнуваа, што не е случај сега“, вели свештеникот.

Членовите на локалните јога-клубови набргу реагираа на изјавите на свештеникот. Тие стравуваат дека неговите негативни и неосновани коментари ќе го намалат бројот на посетители на часовите по јога, а многумина од нив се загрижени и за својата лична безбедност, особено по пукањето во студио за јога што неодамна се случи во САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија1 час

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија3 часа

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања4 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија5 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток5 часа

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија6 часа

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија6 часа

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Крвав четврток7 часа

Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување претседател на Собранието

Во пораките пронајдени од вештачењето на мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пронајдена е вибер-комуникација, во која...

Македонија9 часа

(Видео) Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата...

Свет9 часа

(Видео) Хамас лансира над 400 ракети кон Израел во најжестокиот борбен судир од 2014 година

Палестинските милитанти утрово кон Израел лансираа најмногу ракети од конфликтот во 2014 година предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на...

Македонија9 часа

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник...

Европа9 часа

(Видео) 15-годишно девојче се бори за живот по сообраќајната несреќа на автобус во Лондон

Дваесет лица беа повредени, од кои едно лице доби тешки повреди во сообраќајната несреќа на еден автобус во лондонската област...

Свет10 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки...

Македонија11 час

СДСМ: Груевски го допре дното

Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност, велат од СДСМ. Од партијата велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Економија12 часа

Од денеска пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната...

Македонија12 часа

Мицкоски се сомнева дека власта не знае каде е Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сомнева дека власта не знае каде се крие неговиот претходник Никола Груевски кого полицијата...

Македонија20 часа

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Македонија1 ден

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Топ1 ден

ЕЛЕМ повторно склучил милионски договор во четири очи

АД ЕЛЕМ склучил договор во вредност од 92.040.000 денари со приватната фирма „Марковски компани“ од Битола, во постапка на преговарање...

Досие