Контакт

Естрада

Гитаристот Дејвид Гилмор донира 21,5 милион долари за заштита на планетата

Објавено пред

Гитаристот нa „Пинк флојд“, Дејвид Гилмор, на аукцијата во Њујорк продаде 127 гитари од својата колекција за речиси 21,5 милион долари и целата сума ја донира на непрофитната организација ангажирана во борбата против климатските промени и заштита на планетата, ClientEarth.

На аукцијата, која се одржа минатата недела во „Кристи“ во Њујорк, собрани се 21.490.750 долари и се поставени некои светски рекорди кога станува збор за продажба на гитари, објавија американските медиуми.

Седумдесет и тригодишниот музичар ги донира сите средства од аукцијата на ClientEarth, непрофитна организација која се бори за заштита на планетата на која живееме.

Естрада

Македонски хакери тврдат дека ги блокирале интернет-страниците на пејачките Дуа Липа и Рита Ора

Објавено пред

Хакерската група која што се претставува како македонски анонимуси на „Твитер“ објави дека ја урнале интернет страницата на англиската пејачка со албанско потекло Дуа Липа, откако на социјалните мрежи таа објави мапа на Голема Албанија и пораки за Косово.

AnonOpsMKD на 22 јули објави дека ја преземале официјалната веб-страница на Дуа Липа и дека тоа го направиле „чисто од научни цели, за оние кои мислат дека немаат капацитет“ и дека сајтот нема да биде функционален еден час, со слика како изгледал истиот по нападот.

Нешто подоцна, групата објави дека извршила напад и врз сајтот на уште една позната пејачка со албанско потекло, Рита Ора, тврдејќи дека нејзината страница нема да биде функционална во следните два часа.

„Косово е веќе поставено правилно на сите мапи, како дел од Србија“, напишаа на „Твитер“ групата AnonOpsMKD.

Се претпоставува дека оваа група стои и зад хакерските напади на Министерството за образование и Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден, како и зад нападот на платформата „Тајм.мк“ на денот на изборите.

Прикажи повеќе...

Естрада

Пејачката Дуа Липа на „Инстаграм“ објави слика со знаме од голема Албанија

Објавено пред

Британската пејачка по потекло од Косово, Дуа Липа, на својот инстаграм-профил објави фотографија на која е прикажано знамето на голема Албанија, кое албанските навивачи со дрон го развеаја над стадионот на „Партизан“ во Белград за време на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија во 2016 година.

На знамето беше прикажана територијата на т.н. голема Албанија со Косово, делови од Србија, Црна Гора, Грција и од Македонија.

„Ав – тох – тон, придавка (за жител на место), домороден наместо да потекнува од мигранти или колонисти“, напиша 24-годишната пејачка објаснувајќи ја паролата која е испишана на знамето.

На знамето се и ликовите на Иса Болетини и Исмаил Џемаили, кои се сметаат за херои во албанската историја.

Ваквиот потег наиде и на критики, како, на пример, од британскиот новинар Сем Стрит, кој остро застана против објавата на пејачката.

„Додека луѓе како Новак Ѓоковиќ се обидуваат да го обединат Балканот и добиваат само критика поради тоа, Дуа Липа седи во Лондон и прави вакво нешто“, напиша англискиот спортски новинар.

Родителите на Дуа Липа во 1992 година се преселиле од Приштина во Лондон, каде што таа се родила три години подоцна. Пејачката со светска популарност е позната по тоа што на социјалните мрежи ја промовира независноста на Косово и идејата за албанско обединување.

Инаку, фудбалскиот натпревар во Белград заврши со службена победа на репрезентацијата на Албанија од 0-3 кога поради тензиите, беше невозможно мечот да продолжи.

 

 

Прикажи повеќе...

Естрада

Таблоид тврди дека принцот Хари доживеал нервен слом

Објавено пред

Повеќе странски медиуми ја пренесоа веста дека принцот Хари доживеал нервен слом и бил однесен во психијатриска клиника.

Како што пишува магазинот „Глоуб“, состојбата на Хари се влошувала во текот на изминатите години, особено откако тој минал 10 години служејќи во армијата.

Според пишувањата на таблоидот, „капката што ја прелила чашата“ била разделбата од кралското семејство односно тешкиот чекор на кој се одлучил за да ја заштити својата сопруга Меган Маркл од британската јавност и медиумите кои не се особено наклонети кон неа.

Тој во еден момент призна дека не сака неговата сопруга да мине низ она што и се случило на неговата мајка.

„Принцот и Меган се расправаа за тоа како би изгледал нивниот живот во САД кога ќе заврши карантинот, што го доведе до точка на пукање. Тој заврши во локалната клиника за ментални болести. Слушнав дека има синдром на пострауматски стрес, предизвикан од смртта на неговата мајка, а сегашната состојба и траумата поради разделбата од кралското семејство само ја влошила ситуацијата“, изјавил неименуван извор за таблоидот „Глоуб“.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ30 минути

Уапсен тетовец кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата ЕВН Македонија, на две одвоени...

Македонија1 час

СДСМ: Продолжуваат сериозни разговори за формирање одговорна Влада

„СДСМ, како предводник на коалицијата „Можеме“, со освоени најмногу пратенички места во Собранието го доби мандатот за состав на нова...

Свет1 час

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати казна од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена на 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет1 час

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет4 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет13 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет13 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа14 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија15 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија16 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ17 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија18 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија20 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија20 часа

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија21 час

(Видео) Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Македонија21 час

Заев: Подготвен сум да бидам премиер во наредните четири години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е уверен дека ќе успее да состави влада во следните 20 дена, а веќе денеска...

Македонија21 час

(Видео) Лидерите од албанскиот блок не дојдоа, Ахмети остана сам на средбата во хотелот „Парк”

На закажаната средба на партиите од албанскиот блок на иницијатива на ДУИ се појави само Али Ахмети. Како што рече...

Македонија22 часа

Браќа од Битола обвинети за ширење детска порнографија, собирале интимни снимки од малолетнички

Битолското Јавно обвинителство поднесе обвинение против двајца браќа од Битола на возраст од 51 и 52 години, од кои едниот...

Досие