Контакт

Бизарно

Ги дрогирал колегите на работа од бизарна причина

Објавено пред

Тинејџер од Мисури е обвинет за ставање ЛСД во пијалак на колегите од работа. Тој рече дека го сторил тоа бидејќи неговите колеги биле премногу негативни и несреќни, а тој сакал да го исправи тоа, според „Сан“.

Деветнаесетгодишното момче на полицијата ѝ ги признал причините за ставање халуциногени дроги во пијалакот на своите колеги поради што му се закануваат неколку повреди за зашеметување колеги и поседување наркотици.

Менаџерката на компанијата забележала дека тој застанал во близина на нејзината чаша со вода и одлучила да не пие од неа. Таа ја повикала полицијата кога забележала дека на нејзините колеги не им било добро и дека еден од нив почнал да се тресе.

На прашањето од полицијата зошто тинејџерот одлучил да стави дрога во нивните пијалаци, добиле објаснување дека ги сметал за здодевни и негативни и мислел дека треба да им го поправи расположението.

Оваа исклучително невообичаена ситуација се случи во продавница за изнајмување автомобили во Мисури.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Куче починало 15 минути по неговиот сопственик кој боледувал од рак

Објавено пред

Уште кога во 2011 година Стјуарт Хачисон бил дијагностициран со тумор на мозокот, неговиот лојален француски булдог, по име Неро, постојано бил покрај него.

Кога младиот пациент болен од рак починал на возраст од само 25 години на 11 август 2019 година, животот на Неро згaснал само 15 минути подоцна, пишуваат британските медиуми.

Кај Стјуарт бил дијагностициран тумор на мозокот пред 8 години, по што тој бил подложен на операција и хемотерапија со цел да ја лекува тешката болест. Но, карциномот се раширил на неговите коски и се формирал уште еден агресивен тумор.

Стјуарт, кој се оженил со сопругата Даниела (22), во јануари, неговиот двегодишен француски булдог го именувал Неро.

Двојката имала уште две други кучиња, Нала, на возраст од четири години, и Амелија – кутре од Нала и Неро.

Мајката на Стјуарт, Фиона Конахан (52), скршена од болка изјавила:

„Стјуарт почина околу 13:15 часот тој ден, а Неро почина приближно 15 минути подоцна. Имаше три кучиња, но со Неро беа особено блиски“.

„Неро беше кучето кое секогаш беше со него. Даниела е скршена што ги загуби двајцата, но се бори со болката“, додала мајката.

Фиона објаснила дека четири недели пред да почине, Стјуарт од болница бил префрлен во неговиот дом.

„Тој сакаше да умре дома, таму каде што се родил. Се грижевме за него. Го очекувавме тоа. Го очекувавме, но сепак е тешко. Tрауматично e кога конечно ќе се случи“, објаснила мајката, додавајќи дека во текот на последните 4 недели од животот на Стјуарт кај Неро ветеринарите детектирале проблеми со ‘рбетот иако претходно кучето немало никакви здравствени компликации.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Вработена на аеродром добила отказ зашто му порачала на патник дека е грд

Објавено пред

Вработена во обезбедувањето на аеродром во Њујорк доби отказ од работа кога на еден патник му врачила ливче со рачно напишана порака „Ти си грд!!!“

Инцидентот се случил во текот на јуни, но за него се дозна пред неколку дена кога патникот Нил Страснер добил снимка од надзорните камери и ја поставил на „Јутјуб“.

На снимките од меѓународниот аеродром „Грејтер Рочестер“ се гледа како вработената во обезбедувањето му врачува порака на Страснер кога тој поминал низ детекторот за метал.

Страснер вели дека во тие моменти не размислувал за пораката и се упатил кон излезот, но работничката викнала по него: „Зарем нема да ја прочиташ пораката?“

Кога му довикнала, таа почнала да се смее, a Страснер подоцна се пожалил кај нејзините претпоставени.

Одделот за безбедност во сообраќајот соопшти дека жената била привремено вработена како припадник на обезбедувањето додавајќи дека има нулта толеранција за такво поведение на работниците.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) По 50 години, најдена порака во шише од руски морнар

Објавено пред

На брегот на западна Алјаска на почетокот на овој месец било пронајдено шише во кое се наоѓала порака од руски морнар напишана пред 50 години, а благодарение на социјалните мрежи набргу бил пронајден и авторот.

Пораката во зелено шише ја нашол човек додека собирал дрва.

Тајлер Иваноф го објавил откритието на „Фејсбук“, а корисниците што знаат руски јазик ја превеле пораката и таа значела поздрав на руски морнар уште од времето на Студената војна. Во неа е напишана адреса и се бара одговор од лицата што ќе ја најдат.

Новинари на руската телевизија „Русија 1“ откриле дека авторот на пораката е капетанот Анатолиј Ботсаненко.

„Изгледа дека е мој ракопис. Сигурно!“ рекол Ботсаненко наведувајќи дека пораката ја испратил додека бил на бродот „Сулак“, чија изградба ја надгледувал во 1966 година и со кој пловел до 1970 година.

Ова откритие стариот капетан го примил многу емотивно и се расплакал кога слушнал од новинарите дека неговата пловна база е фрлена во отпад во деведесеттите години.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион3 часа

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет3 часа

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Македонија4 часа

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Регион4 часа

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Македонија5 часа

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Hitech15 часа

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија22 часа

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија1 ден

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија1 ден

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија1 ден

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија1 ден

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Свет1 ден

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет1 ден

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Русија е...

Свет1 ден

Коалициската влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува, денеска, во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет1 ден

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Македонија1 ден

На дел од граничните премини задржување до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ во утринскиот извештај. На граничните премини...

Регион2 дена

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет2 дена

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион2 дена

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Досие