Контакт

Забава

(Видео) Главниот град на Литванија се прогласи за „Г-точка“ на Европа

Објавено пред

Промотивната кампања за главниот град на Литванија, Вилнус, предизвика дискусии поради нејзината сексуална експлицитност, но нема сомневање дека му даде популарност на овој европски град.

Кампањата всушност се состои од постери со слика на која е прикажана жена во врвот на сексуалното задоволство, на постела на која е исцртана мапата на Европа, при што девојката во рака ја држи токму Литванија.

„Вилнус, Г-точката на Европа. Никој не знае каде е, но кога ќе го најдеш, чувството е неверојатно“, е слоганот на кампањата.

Рекламата за главниот град на Литванија ги подели мислењата во јавноста, само неколку недели пред закажаното септемвриско доаѓање на папата во Вилнус.

Литванската католичка црква веќе изрази загриженост поради туристичката кампања што ја користи женската сексуалност, тврдејќи дека истата ќе создаде погрешна слика за Вилнус, град во кој живеат 540 000 луѓе.

Литванската влада побара од туристичките организации да го одложат почетокот на кампањата додека папата не замине.

Забава

Модната недела во Токио со најоткачена улична мода во историјата

Објавено пред

Сите модни недели предизвикуваат голема возбуда, но една од нив особено се издвојува – онаа на која ѝ се радуваат најкреативните и најоригиналните, поинаква од сите други – Модната недела во Токио. Заборавете за минимализмот и елеганцијата што сте ги виделе во Њујорк, Париз, Лондон, Милан… и уживајте во слободата! Барем кога станува збор за модата.

 

 

Мешавина од разни отпечатоци, пренагласена шминка за очи, коса во неонски нијанси, маски, мажи во фустани, дури и во традиционална облека што вклучува дрвени сандали…

Така накусо изгледаат сцените од улиците на Јапонија додека трае овој престижен моден настан, кој навистина е празник за вистинските љубители на модата и за оние што по секоја цена сакаат само едно – да бидат поинакви.

Прикажи повеќе...

Забава

Манекенката се омажи во тајност, фотографиите од свадбата ги изненадија сите

Објавено пред

Манекенката Карли Клос, која до неодамна беше еден од „ангелите“ на „Викторијас сикрет“, се омажи во тајност, со нејзиниот свршеник Џошуа Кушнер. Таа објави фотографии на социјалните мрежи, а претходно никогаш во јавност не откри кога ќе прави свадба.

Карли носела фустан од „Диор“, а свадбата се одржала во Њујорк.

Манекенката во јули годинава ја објави свршувачката, а покрај нивните заеднички фотографии тогаш напиша: „Не можам со зборови да опишам колку те сакам. Џош, ти си ми најдобриот пријател и мојата сродна душа. Едвај ја чекам нашата заедничка вечност. Милион пати ‘да’“.

Прикажи повеќе...

Екологија

Италија во 2020 година ќе ги забрани пластичните чаши, чинии и прибори за јадење

Објавено пред

Италија ќе ја забрани употребата на пластични чаши, прибори за јадење, чинии и други производи за еднократна употреба од јануари 2020 година, изјави италијанскиот министер за животна средина, Серџо Коста.

Со најавената забрана официјален Рим ги уважува предлозите на Европската комисија, кои допрва треба да бидат усвоени. Исто така, ќе бидат вклучени производи, како пластични сламки, балони и мешалки за пијалаци.

„Мојата цел е да се исчистат морските екосистеми колку што е можно повеќе“, рече Коста за италијанскиот дневен весник „Ла Република“ додавајќи дека овој потег првин бара да се намали влијанието на некои пластични производи за еднократна употреба.

Комисијата во мај побара забрана на пластични производи за еднократна употреба на ниво на ЕУ предупредувајќи дека пластиката чини повеќе од 80 отсто од отпадот фрлен во морето.

Италијанскиот министер најави и дека од 2020 година на рибарите повеќе нема да им биде дозволено во морето да го враќаат отпадот собран во мрежите. Тој додаде дека постои план и за забрана на козметика која содржи микропластика.

Микропластиката вклучува мали парчиња пластика, помали од пет милиметри, кои го загадуваат морето бидејќи системите за прочистување на водата не може да ги филтрираат. Таа се смета за сериозна закана за морскиот екосистем.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Додека Договорот од Преспа не дојде во нашиот Парламент ние остануваме во Владата, порача Каменос

Грчкиот министер за одбрана и коалицискиот партнер на Алексис Ципрас, Панос Каменос, лидерот на Независни Грција, денеска од Солун, каде...

Македонија4 часа

(Видео) Шекеринска: Македонија со оваа одлука станува фактор на стабилност во регионот

Пратениците презедоа одговорност и испишаа нова шанса во историјата на Македонија, сакам да им честитам на сите за заедничкиот напредок...

Македонија5 часа

Русија останува на својот став, ве признавме под името Република Македонија

Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува,...

Свет5 часа

(Видео) САД бара повеќе информации од Ријад, но не сака да биде запрена продажбата на оружје

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека не е задоволен од саудиските власти за смртта на новинарот Џемал Кашоги, но...

Македонија7 часа

Бавна правда: 650 судења се одложени за 1,5 година поради отсуство на обвинител

За една и пол година (2017 до јуни 2018 година) во скопскиот кривичен суд биле одложени 672 судења, од кои...

Македонија7 часа

Звиздиќ со честитка до Заев: Сакам вашата одлука да ја зајакне европската перспектива на целиот Западен Балкан

Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ испрати честитка до македонскиот премиер Зоран Заев за изгласувањето...

Македонија21 час

Стејт департмент: Ова е историска шанса за Македонија и регионот

Стејт департментот ја поздрави одлуката на Собранието, со која Македонија треба да ги започне уставните измени и имплементација на Спогодбата...

Македонија21 час

Кривична пријава за говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе известување за...

Македонија23 часа

„Катимерини“: Наскоро нов конфликт во грчката Влада поради Македонија

Само три дена по оставката на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас и предупредувањето на премиерот, Алексис Ципрас дека нема...

Македонија24 часа

(Видео) Ципрас: Гласањето во Собранието отвора пат за договор меѓу Грција и Македонија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека усвојувањето на предлогот за уставни измени од страна на македонскиот Парламент отвора пат за...

Македонија1 ден

Коѕијас: Среќен сум за одлуката на Скопје, тврдењата за тајни фондови се одвратни

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, кој пред неколку дена поднесе оставка од функцијата изјави дека е среќен поради...

Македонија1 ден

Нимиц со порака до политичките лидери: Работете заедно за финализирање на договорот

Метју Нимиц, македонско-грчкиот посредник во спорот за името ја поздрави одлуката на парламентот да продолжи со промена на Уставот кон...

Македонија1 ден

Тачи: Македонија направи голем чекор кон зајакнување на мирот во регионот

Македонија е чекор поблиску до ЕУ и НАТО, откако беа обезбедени потребните гласови за измена на Уставот, отворајќи го патот...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Достоинството на Македонија беше ставено на тезга како пиперки и домати

Тоа што се случи вчера вечер во Собранието беше срам каков што светот не видел, оценува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. Опозицијата...

Македонија1 ден

Димитров на „Фејсбук“: Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме, ама го знаеме патот

Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме. Ама го знаеме патот, напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров на...

Македонија2 дена

Столтенберг на „Твитер“: Лидерите да ги завршат процедурите за Македонија да влезе во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, преку социјалната мрежа „Твитер“ го поздрави изгласувањето на одлуката за пристапување кон уставните измени...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски ги исклучи од партијата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за уставните измени

ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи пратениците од своите редови што вечерва гласаа за уставните измени – Елизабета Канческа-Милевска, Емилија Александрова, Нола Исмајловска,...

Македонија2 дена

Левицата: Ништо не е готово, борбата продолжува!

По изгласувањето на уставните измени во Собранието, се огласи и Левицата. Од таму реагираат дека сите пратеници го изгубиле легитимитетот...

Македонија2 дена

Ципрас до Заев: Честитки пријателе, Зоран Заев!

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, го поздрави гласањето во македонскиот парламент и му честита на премиерот Зоран Заев за гласањето со...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Денес напишавме историја што ќе ја раскажуваат идните генерации

Денес е историски ден, заедно напишавме историја, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата што ја одржа откако Собранието ја изгласа одлуката...

Досие