Забава
Глен Клоуз: Гвинет Палтроу не заслужи Оскар за улогата во „Вљубениот Шекспир“

Гвинет Палтроу освои Оскар за најдобра актерка во 1999 година за улогата на Виола де Лесепс, измислената љубовница на Вилијам Шекспир („Вљубениот Шекспир“), но Глен Клоуз верува дека Оскарот требало да заврши во рацете на Фернанда Монтенегро („Централна станица“).
Во интервју за „Еј-би-си њуз попкорн“ со Питер Траверс, 73-годишната Клоуз рече: Да бидете номинирани од ваши врсници е нешто најдобро што може да ви се случи. Меѓутоа, никогаш не сфатив како може да споредувате перформанси.
„Се сеќавам на годината кога Гвинет Палтроу победи во конкуренција со неверојатната актерка Фернанда Монтенегро и си помислив: Што? Ова нема никаква смисла“.
Во 1999 година, покрај Гвинет и Фрнанда во категоријата Најдобра актерка беа номинирани и Кејт Бланшет за филмот Elizabeth, Мерил Стрип за One True Thing, и Емили Вотсон за Hilary and Jackie.
Клоус досега имала седум номинации, но сè уште нема освоено „Оскар“. Таа се надева дека нејзината прва победа нема да дојде во 2021 година, бидејќи не би сакала да не може да слави како што треба поради пандемијата на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Новите сопственици на зоолошката од „Кралот на тигрите“ треба да ги предадат младенчињата

Новите сопственици на приватна зоолошка градина со тигри во Оклахома, прикажана во хит-документарецот Tiger King на „Нетфликс“, добија наредба да ѝ ги предадат на сојузната влада сите тигарчиња и нивните мајки.
Случајот е поднесен против Џеф и Лорен Лоу, сопственици на паркот со егзотични животни Greater Wynnewood. Тие се обвинети за кршење на Законот за загрозените видови и Законот за благосостојба на животните.
Џеф Лоу е поранешен деловен партнер на Џо Егзотик, ексцентричниот крал на тигри, кој беше главна sвезда на документарецот.
Егзотик, кому вистинско име му е Џозеф Малдонадо-Пасаж, во моментот издржува 22-годишна казна затвор за вмешаност во заговор за убивање и злоупотреба на животни.
Забава
Синдикатот на американски актери решава дали ќе го исклучи Трамп

Американската федерација на ТВ и радиоуметници (АФТРА) ќе одржи состанок на кој ќе решава за исклучување на американскиот претседател, Доналд Трамп, од своите редови.
Синдикатот САГ-АФТРА, кој обединува околу 160.000 актери, новинари и други медиумски професионалци, во соопштението вели дека свикал состанок на својот дисциплински комитет во врска со улогата на Трамп во насилниот упад на толпата во американскиот Капитол на 6 јануари.
„Доналд Трамп ги нападна вредностите што ова здружение ги смета за најсвето – демократијата, вистината, почитта кон нашите сограѓани од сите раси и вери и светоста на слободниот печат“, рече Габриел Картерис, претседателка на САГ-АФТРА.
„Рамна е линијата од неговото безобразно непочитување на вистината до нападите врз новинари извршени од неговите следбеници“, додаде таа во изјавата.
Трамп стана член на САГ од неговите појавувања во неколку холивудски филмови и ТВ-емисии почнувајќи од „Сам дома 2“ до „Сексот и градот“ во раните 90-ти.
Забава
„Лига на правдата“ на Зак Снајдер ќе биде четиричасовен филм, а не серија

Новата проширена верзија на „Лига на правдата“, во режија на Зак Снајдер, ќе биде игран филм, а не серија во четири епизоди, како што претходно беше најавено.
Режисерот ги потврди своите планови за новата таканаречена „снајдер кат“ верзија на ДС-филмот и откри дека ќе биде игран филм. Претходно беше објавено дека форматот на проектот на Снајдер ќе биде мини серија во 4 дела, секој дел во траење од 1 час.
Без оглед на форматот, ова е нешто што фановите со нетрпение го очекуваа уште од 2017 година по „Лига на правдата“ на Џос Ведон, коментираат медиумите.
Новиот филм на Снајдер треба да ја има својата премиера во март на „ХБО макс“.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира