Контакт

Hitech

„Глобал гејм џем“ во Скопје и Битола од 25 до 27 јануари

Објавено пред

„Глобал гејм џем“ е најголемиот интернационален настан за креирање игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48-часовен маратон. Како дел од International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање.

„Глобал гејм џем“ во Македонија се очекува да има преку 350 учесници на локациите во Скопје и Битола, а ќе се одржува од 25 до 27 јануари. За учесниците ќе има обезбедено непрекинат интернет-пристап, храна и грицки, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и простор за одмор. Се очекува да продефилира публика од над 3000 луѓе за време на отворањето и затварањето, како и во текот на настанот.

Учесниците се професионалци и студенти од ИТ-индустријата. На „Глобал гејм џем“ ќе се сретнат: девелопери, 2Д и 3Д артисти, саунд инженери, гејм дизајнери и продуценти и високо мотивирани, трендсетери и идни лидери во ИТ индустријата.

Просечната возраст на учесниците е 25 години, а 40% од нив работат како професионалци во ИТ индустријата.

Македонија го започна своето учество во 2013 година со локации во Скопје и Битола. Во изминатите пет години имаше околу 1 500 учесници – професионалци, студенти, средношколци и ентузијасти од различни сфери за заедно да креираат игри, разменуваат знаење и остваруваат контакти. Досега се создадени 142 видео игрa во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти. Повеќе информации за настанот на http://gamejam.mk.

Hitech

Новиот „ајфон“ непријатен за луѓе кои имаат фобија од дупки

Објавено пред

Луѓето кои имаат фобија од мали дупки тврдат дека дизајнот на новиот „ајфон 11 про“ го активира ваквиот страв.

На претставувањето на новиот телефон во вторникот, вниманието на јавноста го привлече ултра широката задна камера, со три леќи поставени блиску една до друга.

Стотици корисници на паметни телефони сега тврдат дека новиот дизајн ја активирал нивната „трипофобија“, што претставува аверзија од гледање во мноштво од мали дупки, пишува Би-би-си.

Терминот „трипофобија“ првпат беше споменат во 2005 година на онлајн платформата „Редит“ и оттогаш за него многу се дебатира на социјалните мрежи.

Актерката во „Американ хорор стори“ Сара Полсон и манекенката Кендал Џенер се меѓу познатите личности кои тврдат дека страдаат од ваква состојба.

Пред извесно време научници од Универзитетот во Есекс ја спроведоа првата комплетна научна студија за трипофобија.

Тие констатирале дека гледањето во мали дупки кај некои луѓе може да предизвика екстремни последици. Така некои од испитаниците повраќале, а други рекле дека неколку денови не биле во состојба да одат на работа.

Прикажи повеќе...

Hitech

(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час

Објавено пред

На интернет се распространи снимка од возач и совозач во електричен автомобил „тесла“ кои спијат додека возилото се движи по автопат со брзина од околу 100 километри на час.

„Бев изненаден кога ги видов. Возев покрај нив, возачот спиеше со спуштена глава, а рацете му беа на воланот. Им свирев за да ги предупредам, но тие не реагираа. Изгледаа како да се преморeни“, раскажува Дакота Рандал, кој го снимил видеото и го објавил на „Твитер“, пренесува хрватски „Индекс“.

Иако електричните возила на „Тесла“ имаат функција за автономно возење, позната како автоплот, компанијата ги предупредува возачите да бидат будни додека возат и да ги држат рацете на воланот.

Фактот дека автомобилот има автономно управување не значи дека треба да вози без надзор и контрола на возачот.

Прикажи повеќе...

Hitech

Бил Гејтс: Најголемиот страв ми е дека мозокот ќе престане да ми работи

Објавено пред

Најголем страв на американскиот милијардер, Бил Гејтс, е дека мозокот ќе престане да му работи.

Гејтс ова го кажа во новиот документарец на „Нетфликс“ во три дела, наречен „Во мозокот на Бил: Декодирање на Бил Гејтс“.

Во неодамна објавената најава за овој филм, чиј режисер и извршен продуцент е Дејвис Гугенхајм, се обелоденува дека неговата тематиката е да открие што се случува во главата на вториот најбогат човек во светот, која неговата сопруга Мелинда Гејтс ја нарекува мултипроцесор.

Мелинда вели дека Гејтс цвета во комплексни ситуации.

„Тој прави рамка во својот ум и тогаш почнува да ги сортира информациите. Ако нешто не се вклопува, навистина се фрустрира“, објаснува госпоѓа Гејтс.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 часа

Вечерва нов земјотрес во Албанија

Нов земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, вечерва ја стресе Албанија. Земјотресот е на длабочина од 30...

Регион10 часа

Десетици повредени во земјотресот во Албанија, граѓаните вознемирени истрчаа на улиците

Најмалку 49 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,8 степени што денеска го стресе западниот дел од Албанија,...

Македонија12 часа

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Топ13 часа

Нападнат вработен на Kомплексот клиники „Мајка Тереза“

Вчера во полициската станица бил пријавен физички напад што се случил на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот го пријавил 61-годишен...

Топ14 часа

Фатени двајца крадци кои ограбиле пет маркети во Охрид

МВР соопшти дека поднеле кривични пријави против две лица кои се сомничат за пет кражби во Охрид. Едниот е на...

Топ17 часа

(Видео) Во координирана полициска акција во 24 градови пронајдени и одземени поголеми количества дрога и оружје

По претходно изготвен план за преземање на конкретни мерки и активности, со наредби од судија на претходна постапка, вчера од...

Свет19 часа

Зариф: САД се очајни, со санкциите сакаат да ги спречат Иранците да добиваат лекови

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф ги обвини САД дека со новите санкции против иранската централна банка сакаат...

Свет19 часа

„Фејсбук“ укина илјадници апликации

Компанијата „Фејсбук“ објави дека укинала десетици илјади апликации, кои биле потенцијална опасност за приватноста на корисниците, а тоа го покажала...

Топ19 часа

Кривична пријава против Јосифовски поради хакирање на Централниот регистар

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник од Нова содицијалдемократска партија, Љубомир Јосифовски, поради...

Топ19 часа

Автомобил удри во жена во Маџари

Тешко повредена 41-годишна жена од Скопје, откако во неа удрил автомобил „Фолксваген пасат“ на ул.„Перо Наков“. Б.Ѓ. се здобила со...

Свет20 часа

Трамп одобри распоредување на воени трупи во Саудиска Арабија и ОАЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри распоредување американските сили во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, после нападот врз саудиската нафтена...

Македонија1 ден

Советот за реформи во правосудството: Избор на шеф на обвинителство предложен од партија отвора врата за политизација

Избор на шеф на кое било јавно обвинителство на предлог на политичките партии, вклучувајќи ја опозицијата, е решение кое отвора...

Интервју/Дебата1 ден

(Видео) Поповска од ДОМ: Оптимист сум дека на следните избори ќе гласаме во една изборна единица

Пратеничката од партијата ДОМ, Лилјана Поповска, во интервју за „Макфакс“ изјави дека очекува да помине иницијативата за една изборна единица...

Свет2 дена

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ2 дена

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија2 дена

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Македонија2 дена

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Денешното рочиште за случајот „Тотал“, каде што обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 17 октомври...

Свет2 дена

Во светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет2 дена

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени при пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет2 дена

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Досие