Контакт

Забава

Глорија Естефан откри сексуална злоупотреба на 9-годишна возраст

Објавено пред

Латинопејачката Глорија Естефан откри дека била сексуално злоупотребувана на деветгодишна возраст од наставник по музика, кој бил дел од нејзиното семејство.

Пејачката, најпозната по хитот Turn The Beat Around, проговори првпат за ова во текот на епизода од Red Table Talk: The Estefans што беше објавена на „Фејсбук воч“ во четвртокот.

Таа не го именува човекот, но рече дека тој ѝ се заканил дека ќе ја убие мајка ѝ доколку каже некому.

„Тој ни беше семејство, но не блиско семејство. Тој беше во позиција на моќ затоа што мајка ми ме запиша во неговото музичко училиште. Веднаш почна да кажува колку сум талентирана и како ми треба посебно внимание. Мајка ми се чувствуваше среќна дека тој посветува особено внимание кон мене“, рече Естефан, која сега има 64 години.

Му реков: „Ова не може да се случува, не смееш да го правиш ова“. Тој ми се закани: „Татко ти е во Виетнам, мајка ти е сама и јас ќе ја убијам ако ѝ кажеш“, додаде пејачката.

Кога, конечно, ѝ кажала на мајка си, таа се јавила во полиција, но од таму го обесхрабриле семејството да не го носат случајот на суд поради траумата што Естефан ќе мора да ја претрпи со сведочење.

Забава

„Нетфликс“ ќе ги поскапи услугите во Сингапур

Објавено пред

Стриминг-платформата, која навистина има пулс за тоа што луѓето сакаат да гледаат со хит-сериите како „Сквид гејм“ (Squid Game) и „Бриџертон“ (Bridgerton), ги зголеми цените за сите три опции месечна претплата во Сингапур.

Овие нови цени стапија на сила на 7 октомври 2021 година, а постојните претплатници ќе бидат известени по е-пошта еден месец пред новите цени да почнат да важат за нив.

Иако зголемувањето на цената никогаш не е пријатна вест за потрошувачите, особено со оглед на тоа што ова е второ зголемување на цената на  претплата на „Нетфликс“ во Сингапур за помалку од две години, имајќи го предвид квалитетот на содржините достапни на платформата, веројатно ќе им биде тешко на корисниците да се откажат, коментираат медиумите што ја пренесоа веста.

Прикажи повеќе...

Забава

Филмот-претходник на „Џон Вик“ го регрутира Мел Гибсон

Објавено пред

Серијалот за Џон Вик започна како приказна за одмазда, која потоа се претвори во сопствена верзија на стилска бруталност, а на крајот стана модерна студија за естетизација на насилството.

Претстојната мини-серија „Континентал“ е спин-оф претходник што го истражува потеклото на култниот хотел за убијци, кој има значајно присуство во франшизата.

Тоа ќе биде серија од три ноќи со лимитирани настани, во три епизоди од по 90 минути.

Сега, потврдено е дека Мел Гибсон ќе се приклучи на актерскиот тим.

Гибсон е познат по улогата на Мартин Ригс, наредник во полицијата во Лос Анџелес и поранешен војник на специјалните сили, во сагата „Смртоносно оружје“.

Кога станува збор за оружје, Гибсон е прилично погоден за улогата и има потенцијал да напредува во грубото дивјаштво на универзумот Џон Вик.

Прикажи повеќе...

Забава

Рускиот режисер на вселенски филм вели следна дестинација е Месечината или Марс

Објавено пред

Рускиот режисер Клим Шипенко во вторникот изјави дека е подготвен да снима филм на Месечината, па дури и на Марс, откако се врати од 12-дневниот престој на Меѓународната вселенска станица каде што се снимаа сцени за првиот филм во орбита.

Шипенко и актерката Јулија Пересилд се вратија на Земјата во неделата откако собраа повеќе од 30 часа материјал за „Предизвик“, прогласен за прв вселенски филм, а руските медиуми го поздравија како светско достигнување.

Прашан за можно продолжение на Месечината, Шипенко на прес-конференција рече: „Подготвени сме. Веруваме дека вселенскиот филм треба да се снима во вселената. Ако станува збор за Месечината, ќе одиме на Месечината, ако е Марс, одиме на Марс.“

„Зошто да не? Зошто еден филм треба да се снима во студио? ”

Руските државни медиуми обезбедија целосно покривање на космичкиот филмски потфат, наслонувајќи се на убава приказна во време кога деловните титани Илон Маск и Џеф Безос се на насловните страници на светските медиуми со лансирање сопствени ракети, а самата руска вселенска програма претрпе одложувања, дефекти и корупциски скандали, пишува „Ројтерс“.

„Секоја секунда беше големо откритие“, рече Пересилд, која во филмот глуми лекарка која треба да отпатува до вселенската станица (ИСС) за да го спаси животот на еден космонаут.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

Вархељи повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи, очекува зелено светло за преговорите со Северна Македонија и Албанија и повика на итно решавање...

Македонија16 часа

Регистрирани нови 472 случаја на коронавирус, починаа 8 лица

Денес се регистрирани 472 нови лабораториски позитивни случаја на коронавирус, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со Ковид-19 од...

Македонија16 часа

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за преговори за членство во ЕУ, се наведува во новиот извештај

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за отворање на преговорите за членство и властите ја демонстрираа јавно својата цврста...

Македонија18 часа

Димитриевски: Лица од МВР три недели нè следат мене и мојот тим, тоа е вршење притисок поради изборите

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кого утрово полицијата го сопре и го прaти со возилото на технички преглед, на прес-конференција...

Македонија19 часа

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Владата на денешната редовна 113. седница, меѓу другото, во согласност со моментната епидемиолошка состојба во државата усвои измени и дополнувања...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски ја повика цела опозиција зa уривање на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во...

Македонија20 часа

За една недела од коронавирус починале 26 вакцинирани лица, од кои најголем дел примиле „синофарм“

Во периодот од 8 до 14 октомври од коронавирус починале 105 пациенти, а 75 % од нив не биле вакцинирани....

Македонија21 час

МВР не ја наведува причината за запирањето на Максим Димитриевски и најави истрага за случајот

Од Министерството за внатрешни работи по сопирањето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, велат дека за случајот е вклучен Одделот...

Македонија22 часа

Уште 27 Авганистанци заминаа од земјава

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во земјава изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните...

Македонија23 часа

35 проценти од популацијата во државата примиле две дози вакцина

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509...

Македонија23 часа

Симовски: Резултатите од пописот најдоцна до март

Директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски, информира дека обработката на податоците од пописот е почната веднаш по неговото...

Европа1 ден

Турција нареди нови апсења, 33 војници се меѓу 158 осомничени во врска со Ѓулен

Турското обвинителство нареди апсење на 158 осомничени, вклучително и 33 припадници на војската, во опсежна операција насочена против лица наводно...

Регион1 ден

Извештајот за напредокот на Македонија ќе биде објавен денеска во Стразбур

Се очекува денеска во Стразбур да биде усвоен Пакетот за проширување на земјите од Западен Балкан. Пакетот за проширување вклучува...

Свет1 ден

Северна Кореја лансираше ракета во морето

Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета во морето, соопшти јужнокорејската војска. Ракетата е лансирана во морето источно од полуостровот, соопшти армијата...

Македонија2 дена

По првиот круг градоначалници се избрани во 34 општини

По првиот круг од локалните избори избрани се градоначалници во 34 општини, покажуваат првичните податоци на Државната изборна комисија. Во...

Македонија2 дена

ДИК: Арсовска освои 7.805 гласа повеќе од Шилегов во првиот круг

Според податоците што вечерва ги соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, скопјани во вториот круг за челник...

Македонија2 дена

19 починати и 107 заболени од Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.668 тестирања, а регистрирани се 107 нови случаи на...

Македонија2 дена

Шилегов очекува победа во вториот изборен круг

Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ за Град Скопје, вели дека влегува во изборната трка во втор круг, со изедначен број...

Македонија2 дена

Арсовска: Во вториот круг влегувам со голема предност, време е за модерно и современо Скопје

Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје Данела Арсовска со повик до скопјани и во вториот круг да ја поддржат на...

Македонија2 дена

Поткуп на гласачи, изнуда, дошол пијан да гласа – Јавното обвинителство постапува по изборните нерегуларности

Во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори заклучно со првиот круг на гласање одржан на 17 октомври 2021...

Досие