Контакт

Забава

ГМО комарци пуштени во африканско село како мерка против маларија

Објавено пред

Илјадници генетски модифицирани комарци ќе бидат пуштени во село во Буркина Фасо, како дел од проектот за истребување инсекти што ја пренесуваат маларијата.

Ова е првпат генетски модифицирани комарци да бидат пуштени во една африканска земја, се наведува во извештајот на Би-би-си.

Научниците веруваат дека оваа напредна технологија ќе даде исклучително добри резултати и ќе спаси многу животи.

Првата генерација на генетски модифицирани комарци нема да го спречи ширењето на оваа болест, но ќе подготви терен за втората генерација која ќе биде дизајниран да пренесува неплодност меѓу комарците. Во претходната фаза на овој проект, научниците пуштија обоени комарци во околината за да можат да ги следат и проучуваат нивните навики и движења.

Некои изразија загриженост за влијанието на генетски модифицираните инсекти врз животната средина. Но, експертите сметаат дека нема причина да се плашиме.

Повеќе од 445 000 луѓе починаа во светот во 2016 година како резултат на маларија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Бред Пит ја одбил улогата на Нео во „Матрикс“

Објавено пред

Иконската акциона улога на Кијану Ривс, Нео во „Матрикс“, претходно му била понудена на Бред Пит.

„Ја испив црвената пилула!“ – Бред Пит откри дека ја одбил најпознатата улога на Кијану Ривс како Нео во блокбастер-трилогијата „Матрикс“.

„Јас навистина верувам дека таа улога не беше за мене“, рече Бред во интервју на маргините на Меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара неделава.

„Не е моја. Ова е за некој друг“, рече холивудскиот актер, пренесува Пипл“.

„Ја вратив улогата. Ја испив црвената пилула“, се пошегува тој алудирајќи на пилулата во филмот што му овозможува на Нео (главниот протагонист) да излезе од илузорната матрица и да се соочи со реалниот свет.

„Матрикс“ се снимаше од март до август 1998, така што можеше да дојде до преклопување со филмот Fight Club во кој глуми Бред, а кој почна да се снима на крајот на летото таа година.

Бред во средата ја доби наградата Maltin Modern Master Award и потоа продолжи да разговара со Малтин за својата кариера. Во еден момент од разговорот Малтин го натера Пит да открие дали имало улога или улоги што не ги прифатил.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Забава

Чаша црвено вино има ист ефект како еден час вежбање во сала, тврдат научниците

Објавено пред

Истражување на Универзитетот „Алберта“ во Канада наведува дека ефектот на една чаша црвено вино може дa се спореди со цел час вежбање во сала.

Работата е во тоа што ресвератролот во црвеното вино има антиинфламаторно, кардиопротективно и антиканцерогено дејство, а исто така го намалува и нивото на шеќерот во крвта. Ресвератролот може да го разбуди организмот како еден час физичка активност.

Според зборовите на раководителот на истражувањето Џејсон Дајк, ова ќе ви овозможи да го одржите тонусот на мускулите, дури и ако не одите во вежбалница. Ресвератролот ги зголемува отчукувањата на срцето и со самото тоа го јакне срцето, а и мускулите.

„Секој од нас слушнал повеќепати за здравата навика да се пие чаша црвено вино со ручекот, но повеќето никогаш не размислувале што тоа всушност значи“, се вели во ова истражување.

 

 

Прикажи повеќе...

Забава

На повидок втор филм „Капетан Марвел“

Објавено пред

Во тек се преговори за продолжение на блокбастерот „Капетан Марвел“.

Меган Мекдонел, писателка на WandaVision („Ванда вижн“), наводно е во завршна фаза на преговори за потпишување договор за сценариото на филмот што следува, а студиото „Марвел“ е во потрага по женски режисер за „Капетан Марвел 2“.

„Холивуд репортер“ цитира извори што најавуваат дека филмот, најверојатно, ќе биде готов во 2022 година, но Ана Боден и Рајан Флек – кои го режираа и заедно го напишаа „Капетан Марвел“ – овој пат нема да бидат вклучени во проектот. Тие нема да бидат ангажирани за вториот филм во франшизата.

Сепак, двајцата би можеле да го режираат серијалот „Дизни плус“ (Disney+).

Сè уште не се знае кој ќе глуми во продолжението, но Бри Ларсон неодамна призна дека таа и сите актерки од Marvel Cinematic Universe разговарале со Кевин Фиџ во обид да се направи женски филм.

Кевин Фиџ, директорот на филмското студио „Марвел“, неодамна потврди дека првиот трансродов суперхерој на „Марвел студиос“ – фабрика за суперхерои во сопственост на „Дизни“ – ќе се појави многу бргу. Тој откри планови за воведување геј-ликови во Marvel Cinematic Universe и додаде дека претстојниот проект ќе ја претставува трансзаедницата.

Ларсон или Керол Данверс во „Капетан Марвел“, рече: „Голем број жени од ‘Марвел’ отидовме кај Кевин и му рековме: „Ние сме заедно, сакаме да го сториме тоа“. Што значи тоа, немам идеја. Знаете, јас не сум одговорна за иднината на „Марвел“, но тоа е нешто за што навистина сме страсни“.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ го користи Јовески како лошо алиби за напуштање на преговорите

ВМРО-ДПМНЕ очекувано ја напушти средбата, по вчерашната изјава на Христијан Мицкоски, кој кажа дека има забелешки и од сите 9...

Македонија2 часа

Еден месец притвор за заканувачот Емил Јакимовски

Кривичниот суд му го продолжи притворот на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар, за закани упатени кон новинарката Мери...

Македонија2 часа

(Видео) Милошoски: Не преговараме за законот за Јавно обвинителство без присуство на Јовески

ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата на работните групи за законот за Јавно обвинителство во Собранието, откако министерката за правда, Рената Десковска,...

Македонија2 часа

(Видео) Достовски до Филипче и Дуковски: Бидете како Атиџе, половина канабис за вас, половина за пациентите

Пациентите на кои им е потребно маслото од канабис се сосема заборавени во предлог-законот за опојни дроги и психотропни супстанции,...

Македонија6 часа

Заев: ВМРО-ДПМНЕ да го прифати законот за Јавното обвинителство и да се надмине себе си

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара од ВМРО-ДПМНЕ да се надминат себе си и да го прифатат законското решение за...

Македонија6 часа

Поповска: Во институциите има луѓе заинтересирани за бизнис со отпад, увозот не се врши контролирано

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Попвска, која е една од иницијаторите на законот за забрана за увоз на отпад, рече дека...

Македонија7 часа

УХМР објави оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди

Управата за хидрометеоролошки работи го објави јавниот оглас „Услуги за модификација на време со авионско засејување“. Се работи за нов...

Свет9 часа

Словачки министер пијан демолирал кинески ресторан, најави оставка

Словачкиот министер за животна средина објави дека поднесува оставка кога наводно пијан со својот брат учествувал во демолирање кинески ресторан...

Свет10 часа

Вухан гради болница за заболените, планира да ја заврши за 5 дена

Градот Вухан, кој е жариште на новиот корона вирус, забрзано гради болница со 1.000 кревети за лекување на заразените пациенти....

Македонија10 часа

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во посета на земјава

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска ќе допатува во посета на Македонија. Мишел ќе оствари средби со високи претставници...

Свет21 час

Гутереш: Ја губиме војната против климатските промени, постои закана за опстанок на човештвото

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени денеска во Давос дека светот продолжува да ја губи војната против климатските промени....

Свет22 часа

Вирусната болест во Кина не е вонредна глобална здравствена ситуација

Во седиштето на Светската здравствена организација, во Женева, беше одржан состанок на кој е одлучено дека вирусната болест во Кина...

Регион23 часа

(Видео) Маж се самоуби пред парламентот во Белград

Непознат маж, на околу 50-годишпна возраст, изврши самоубиство вечерва пред зградата на Собранието во Белград, соопшти српската полиција, пренесуваат српските...

Македонија1 ден

(Видео) Стаменковска: Фрчат дисциплински за тие што не се блиски до СДСМ, човек беше казнет што не вклучил греалка

Фрчат дисциплински постапки, незаконски распределувања и се подговуваат откази на административци кои не се партиски истомисленици на СДСМ, за да...

Европа1 ден

Смртоносниот корона вирус стигна во Европа, четири лица во карантин во Шкотска

Корона вирусот пристигна и во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека најверојатно корона вирусот стигнал во Велика Британија, каде четворица кинески...

Македонија1 ден

(Видео) Со хипотека на имот од над 3 милиони евра, Камчев бара да му се вратат пасошите

Орце Камчев понудил хипотека на недвижен имот од над 3 милиони евра, за да му се вратат македонскиот и бугарскиот...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со Чулев

Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Бекир Аслани вели дека и...

Македонија1 ден

ЕСЧП пресуди во корист на детето со попреченост, кое беше врзувано за кревет – државата системски потфрлила

Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2015 година, во име на малолетниот Л. Р., лице со повеќекратна попреченост, поднесе апликација...

Топ1 ден

Скопјанец со тупаници го тепал едногодишното дете на својата партнерка

Триесет и четиригодишен скопјанец е обвинет дека физички го малтретирал едногодишното дете на својата партнерка. Според истрагата, тој го тепал...

Свет1 ден

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во...

Досие