Контакт

Бизарно

Големата дупка на мапите на „Гугл“ која може да повлече хеликоптери

Објавено пред

Љубителите на теории на заговор и вонземјани често ја користат платформата „Google maps“ во потрага по локации кои ќе ги потврдат нивните идеи, но за многу интересни и несекојдневни локации регистрирани на овие мапи, честопати постојат и научни објаснувања.

Една од нив е огромна дупка која води длабоко во земјата, а се ноѓа во близина во градот Мирњи во руската сибирска област Јакутија. Според некои теории, дупката е толку длабока што може да повлече хеликоптери во лет поради моќниот воздушен вител кој се создава, пишува британски „Експрес“.

Според статијата во весникот воздушниот простор над овој некогашен рудник наводно е затворен за летови.

На интернет-страницата „Атлас опскура“ се вели дека причината за тоа се неколку инциденти во кои летала биле повлечени од воздушните струења.

Иако не постојат официјални извештаи за несреќи, објаснувањето за воздушниот вител има смисла, затоа што топлиот воздух кој се издига од јамата се судира со поладен воздух. Тоа може да ги попречи хеликоптерите да го прелетаат напуштениот рудник односно да предизвика да загубат висина над самата дупка.

Отворената јама на рудникот „Мир“ се експлоатирала од 1957 година, кога советските научници откриле огромен дијамант во земјата. Сепак, поради екстремните климатски услови, односно фактот дека земјата била замрзната повеќе од половина година, рударската работа била отежната, а опремата замрзнувала. Во зима, температурата се спуштала на -50 Целзиусови степени, а најблискиот поголем град бил оддалечен дури 250 километри.

И поктај тоа, во 60-тите години на минатиот век од рудникот се ваделе 10 милиони карати дијаманти годишно. Според Би-би-си, додека бил активен, од рудникот се произведени дијаманти во вредност од 10 милијарди фунти. Неговата јама е длабока 525 метри, што го прави четвртиот најдлабок рудник во светот, со отвор на површината од 1.200 метри.

Рудникот беше официјално затворен во 2004 година, а производството престанало три години претходно.

Бизарно

(Видео) Огромна мечка често го гушка својот спасител: „мислам дека некогаш ќе ми ги скрши коските“

Објавено пред

Гризлито Џимбо била само мало мече кога од стапица во дивината ја спасиле Сузан и Џим Ковалчик и ја однеле во својот резерват за диви животни.

Денес, Џимбо има речиси 700 килограми и е најголемата мечка во својата група. Но, исто така и најмила. Тој обожава да си игра со Џим, а најмногу од сè ги сака прегратките.

„Понекогаш мислам дека ќе ми ги здроби сите коски во телото. Секако, нема лоша намера, туку зашто е огромна. Еден нејзин погрешен потег би можел да го платам со живот“, вели Џим Ковалчик, но додава дека нема намера да се откаже од своето милениче.

Прикажи повеќе...

Бизарно

„Ангел на ножевите“ е скулптура направена од 100.000 сечила употребени во злосторства

Објавено пред

Националниот центар за железни скулптури во Англија креира дело, кое, иако можеби на прв поглед не изгледа така, испраќа силна порака која повикува на решавање на проблемот со насилството.

„Ангелот на ножевите“ или официјално Националниот споменик против насилството и агресијата е скулптура направена од ножеви кои биле запленети од насилници во цела Англија. Скулптурата првично била поставена во селото Морда, а дури 30 отсто од ножевите биле крвави и пристигнале во вреќи за биолошки отпад.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by pictures of Hull (@pics_of_hull) on

Кампањата наречена „Зачувај го животот, предај го ножот“ почна во 2014 година и собра доволно ножеви за да се реализира проектот иако не сите полициски станици ја поддржаа ваквата скулптура.

Сепак, благодарение на соработка од 43 полициски станици бил собран материјал доволен за изработка на делото.

Автор на скулптурата е Алфи Бредли – и самиот жртва на насилство од нож, кој собрал над 100.000 ножеви и од нив направил креативна целина. Пред да ги намести сечилата во посакуваната форма, тој ги исчистил и дезинфицирал, а семејствата чии членови биле убиени со нож можеле на нив да изгравираат пораки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nigel (@cheshirenige) on

„Ангелот на ножевите“ е висок 6,1 метри, а негова примарна улога е да се подигне свеста за насилството во кое се користат ножеви како оружје. Од нејзината промоција скулптурата се пренесува од град во град.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Ѓаволски усни – нов бизарен тренд во светот на убавината и козметичката хирургија

Објавено пред

По трендот на брановидни веѓи, во светот на убавината се појавија и брановидни усни. Иако нивното потекло е непознато, се смета дека биле иницирани од руски пластични хирурзи, поточно хирургот Емелијан Брауд. Ѓаволските усни или октопод-усните вклучуваат филери што формираат бранови на надворешните рабови на обете усни.

Судејќи според објавите на „Инстаграм“, овој тренд го прифатија голем број жени. Реакциите беа различни, од ентузијазам до жестоко спротивставување. Но, има и такви што сметаат дека ѓаволските усни се невообичаено естетски привлечни.

Некои жени се впуштија во своја верзија на ѓаволски усни создавајќи ги со шминка или уредувајќи фотографии во фотошоп.

Трендот го коментираа и експертите, кои откриле дека филерите треба да се избегнуваат затоа што може да направат голема штета. Погрешно инјектираните филери може да завршат во крвотокот, што може да има фатални последици.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет5 часа

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Спорт6 часа

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по...

Економија9 часа

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Европа10 часа

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го...

Македонија10 часа

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Македонија11 час

Максим Ацевски едногласно избран за нов државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а...

Македонија12 часа

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија13 часа

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Македонија13 часа

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори...

Македонија14 часа

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Свет15 часа

Трамп до универзитетите: Укинете го антисемитизмот ако сакате пари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за забрана на федералните фондови наменети за универзитетите и колеџите, кои дозволуваат антисемитизам....

Свет15 часа

(Видео) Се запали рускиот разорувач „Адмирал Кузњецов“, тројца повредени

Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ се запалил додека го поправале на докот во Мурманск, при што повредени се три...

Регион17 часа

Преговорите за влада на Косово без резултати , нема договор за коалиција

Во косовското собрание синоќа се одржа уште една средба на лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти и лидерот на Демократскиот...

Свет17 часа

Санчез доби мандат за формирање влада

Шпанскиот крал Фелипе Шестти му довери на досегашниот премиер Педро Санчез мандат да се обиде да формира влада. Социјалистичката партија...

Свет17 часа

САД ја предупреди Северна Кореја да е откаже од нуклеарната програма и да избегнува провокации

САД се подготвени да бидат флексибилни во преговорите чија цел е Северна Кореја да се натера да се откаже од...

Свет17 часа

Парламентарни избори во Велика Британија – главни ривали се Џонсон и Корбин

Граѓаните на Британија денеска гласаат на вонредни парламентарни избори на кои се решава не само кој ќе управува во земјата,...

Спорт1 ден

Легендарниот шампион Леон Спинкс се бори за живот

Легендарниот шампион во тешка категорија, Леон Спинкс, се бори за својот живот во болница, потврди неговата сопруга, која побара молитви...

Регион1 ден

Уапсени двајца Срби и еден Македонец за убиството во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во...

Македонија1 ден

Девет членки на ЕУ предложија нова методологија за проширување

Девет земји членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за што...

Досие