Контакт

Забава

Го достигнаа ли луѓето максималниот животен век?

Објавено пред

Дали е достигнат максималниот животен век на човекот е прашањето што често се поставува во научните кругови. Според резултатите од една студија спроведена кај италијански стогодишници, одговорот е – сè уште не.

Во науката веќе долго време се дебатира за тоа дали луѓето го имаат достигнато врвот во поглед на долговечноста. Според истражување објавено во списанието „Натура“ во 2016 година, животниот век на човекот го достигнл зенитот во 1997 година кога Французинката Жанет Калмант умрела на 122 години.

Сепак, нов напис објавен во списанието „Сајанс“ укажува на можноста за продолжување на човечкиот живот. Авторите, всушност, веруваат дека животниот век на човечкиот род станува подолг со текот на времето.

Научниците се повикуваат на податоци собрани од 3.800 стогодишници во Италија кои покажаа дека ризикот од смрт се забавува по 105. година.

„Кога старееме, нашето здравје се влошува, а ризикот од смрт се зголемува. Сепак, во случаи на екстремна старост овој тренд се намалува“, вели коавторот на студијата Кенет Вочер, професор по статистика на Универзитетот „Беркли“ во Калифорнија.

„Не оди најдобро, се разбира, но ризиците престануваат да се зголемуваат и практично се израмнуваат. Ова се нарекува плато на смртноста“, изјави Вочер за АФП.

Истражувачите ги анализирале податоците собрани од сите жители во Италија кои имале над 105 години, во периодот меѓу 2009 и 2015 година, со што со истражувањето биле опфатени 3.836 лица.

Со проучување на стапката на смртност меѓу луѓето на иста возраст научниците откриле дека со текот на времето се бележи мал пад на стапката на смртност.

Притоа научниците потенцираат дека социоекономските фактори и подобрата медицинска грижа може да бидат важни фактори во продолжувањето на човечкиот живот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

Новиот Самсунг „галакси С10“ ќе има верзија и со рамен екран

Објавено пред

Корејската компанија „Самсунг“ планира на почетокот од следната година да претстави нови модели на мобилни телефони од серијата „галакси С“. За разлика од актуелните С9 и С9+, моделот С10 ќе има три различни верзии од кои две ќе имаат закривен, а една рамен екран.

Големината на екранот не би требало да се разликува од моделите на С9 серијата. Така, помалите модели ќе го задржат екранот од 5,8 инчи, додека поголемите ќе имаат дијагонала од 6,2 инчи. Моделот со рамен екран се очекува да има екран од 5,8 инчи.

Во однос на екраните, треба да се наведе и дека за новата „галакси с10“ линија, „Самсунг“ подготвува нова генерација на OLED екрани за кои се користи работниот назив – M9. Според изворите, за изработка на M9 екраните се користат нови форми на органски материјали од кои некои ќе бидат набавени и од нови фабрики – црвените ќе ги испорача американската Dow Chemical, а сините материјали SFC Chemicals, исто така од САД.

Со тоа без ангажман остануваат Duksan Neolux (црвени) и Idemitsu (сини), кои ги обезбедуваа наведените материјали за производство на органски светлосни диоди во М8 екраните користени кај С9, С9+ и Ноут 9. Зелениот материјал за изработка на OLED екраните ќе продолжат да го обезбедуваат Nippon Steel и Samsung SDI.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Трамп помилува две мисирки за Денот на благодарноста

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на традиционалната годишна церемонија помилува две мисирки во Белата куќа, во пресрет на американскиот празник Ден на благодарноста. Како што пренесуваат американските медиуми, на шега, Трамп ги предупредил мисирките – Грашок и Морков, дека и покрај тоа што ги спасил со претседателски указ да не завршат на празничната трпеза, можеби сепак мораат да им одговараат на демократите.

Како што им рекол, демократите од јануари ќе имаат мнозинство во Претставничкиот дом на Конгресот, а веќе, ветиле дека ќе ги истражат сите негови одлуки и деловни ангажмани.

Белата куќа преку интернет организирала натпревар меѓу навивачите на двете мисирки, за да се утврди која ќе биде помилувана, а Трамп прво објавил дека среќна птица е Грашок, но подоцна одлучил да ги помилува и двете.

Инаку, оваа традиција на помилување на мисирки ја воведе поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш постариот уште во 1989 година, кога го поштеди животот на една мисирка, која била тешка околу 23 килограми, потсетува АП.

Трамп денот на благодарноста ќе го помине со семејството на нивниот имот на Флорида.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Минхенскиот аеродром смисли инвентивен начин за да го смести огромниот „ербас А380“

Објавено пред

Вратата на хангарот на аеродромот во Минхен има огромна дупка, од која излегува опашката на големиот патнички авион „ербас А380“.

Аеродромот немал доволно голем хангар за да смести ваков авион, па надлежните се сетиле како на креативен начин да го сместат истиот. Така направиле дупка во вратата на хангарот, низ која излегува задниот дел на леталото.

Овој авион е долг дури 73 метри, а мора да биде во хангар при постапката за одржување, поради екстремно ниските температури на кои персоналот за технички преглед не може да работи. Вратите се специјално изработени и со помош на шини тие идеално го прицврстуваат авионот.

Аеродромот во Минхен на социјалните мрежи се пошегува дека ова е нивниот идеал за совршена задница.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Сијарто потврди дека Груевски преку унгарската граница бил пренесен од унгарски дипломати

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска одржа прес-конференција на која рече дека Груевски морал да премине преку три...

Македонија55 минути

(Видео) Апостолски: Недозволиво е да се одреди мерка притвор без да биде сослушан обвинетиот

Денеска го добивме решението за мерката притвор на Сашо Мијалков. Без да се повика на сослушување обвинетиот е недозволиво да...

Македонија1 час

Директорот на затворот „Скопје“: Мијалков е во ќелија со други затвореници, има право на посети и два часа прошетка

Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со...

Македонија1 час

Хан очекува објаснување од Орбан за азилот на Груевски

Еврекомесарот за проширување, Јоханес Хан на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски,...

Свет2 часа

(Видео) Напад во Денвер, едно лице загина, двајца напаѓачи се уапсени

Доцна синоќа во центарот на Денвер две лица отвориле оган при што неколкумина беа ранети, а едно лице загина. Шефот...

Свет2 часа

(Видео) Американскиот Сенат преку писмо побара од Трамп втора истрага за Кашоги

ЦИА не успеа со сигурност 100 %, да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиство на новинарот Џамал Кашоги, изјави...

Македонија2 часа

МЗД: Да се разреши составот на Комисијата која утврди дискриминација кон Груевски

Со утврдувањето дискриминација кон Никола Груевски, Комисијата за заштита од дискриминација покажа селективно и непрофесионално работење, смета Мрежата за заштита...

Македонија12 часа

СЈО барало притвор за Мијалков поради оперативни информации дека ќе бега

Во решението на кривичниот суд за притворот на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, пишува дека мерката му е определена...

Македонија14 часа

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија16 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија16 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized19 часа

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија19 часа

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски20 часа

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија21 час

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски21 час

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Македонија24 часа

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет24 часа

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија1 ден

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Афера „Банки“1 ден

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата....

Досие