Контакт

Естрада

Градот во кој Доли Партон е добродетелка, муза и кралица

Објавено пред

Иако помина половина век откако Доли Партон го напушти округот Севиер, Тенеси, каде што израсна во голема сиромаштија, нејзиното влијание врз овој регион е огромно. Постојат компании, згради и добротворни организации со нејзиното име, а нејзиниот лик ве гледа од врамени фотографии, билборди и маици низ целиот пејзаж. Во округот Севиер таа е она што е Исус Христос за Ватикан.

Ако го посетите градот Пиџн Форџ во областа Севиер, може да налетате на музеј посветен на Доли, кој се наоѓа во рамките Доливуд, забавен парк на тема Доли, пред да отидете на вечера во Стампедо Доли Партон, на неколку километри по патот, и да го завршите денот така што ќе легнете на кревет во апартманот на Доли во доливудското одморалиште и бања „Дрим Мор“.

Една од најголемите атракции на Пиџн Форџ се рестораните со програма на Доли, кои исто така се во нејзина сопственост.

Во 1985 година, Доли инвестираше во мал забавен парк во Пиџн Форџ кој го нарече Доливуд и постави некои атракции на тема Доли Партон.

Во годините што следуваа го прошири со аквапарк, бунгалови за изнајмување и хотел со повеќе од 300 соби. Оваа атракција привлекува 2,7 милиони посетители годишно, а вработува 4 000 работници, главно сезонски.

Во забавниот парк може да се нарача „супа од камен” во ресторанот на хотелот, која се базира на супа што ја правела нејзината мајка од камен, во денови на сиромаштија.

Во ноември 2016 година, шумските пожари се раширија низ Гатлинген, околу 16 километри јужно од Доливуд. Четиринаесет лица загинаа, а околу 2.500 згради беа оштетени или уништени.

Четириесет и осум часа по пожарот, Доли го основа Фондот „Мој народ“ за да им помогне на луѓето погодени од пожари. Таа собра повеќе од 12 милиони долари.

Естрада

Свештеник ja обвини Селин Дион за сатанизам бидејќи бебињата ги облекува во черепи

Објавено пред

Големата музичка дива Селин Дион (51) е обвинета дека е сатанистка откако ја лансира својата линија на детска облека наречена „CELINUNUN”.

На интернет-страницата таа ја претстави својата колекција како облека која ги ослободува децата од традиционалните улоги на момчиња и девојчиња и им овозможува да растат со вредностите на еднаквост и слобода.

Бројни следбеници на социјалните мрежи, како и свештеник, поточно егзорцист, ја обвинија пејачката дека е сатанист и ги повикува демоните.

„Освен што облеката е исклучително грда, таа е морам да признаам и вознемирувачка. Бебе носи кошула на која има череп. Јакната изгледа како кеса за ѓубре. На некои маички, исто така, се гледаат очите на илуминатите. Ова е сатанска детска кампања“ – вели свештеникот во интервју за „Национален католички регистар“.

Свештеникот ја обвини Дион дека на маиците индиректно ги прикажува окултните симболи, а на еден чифт фармерки го имаше бројот три, на други бројот шест.

„Ова е симбол на сатанизмот. Три шестки или 666 се броеви кои се поврзувани со сатаната со векови. Облеката не е соодветна за возрасни, а камоли за деца“, додаде свештеникот.

Прикажи повеќе...

Естрада

Се снима филм за „Секс пистолс“

Објавено пред

Биографскиот филм за кариерата на музичките икони на 70-тите години на минатиот век  „Секс пистолс“ веќе е во подготовка, а инспиририран е од огромниот успех што го постигнат биографскиот филм за групата „Квин“ – „Боемска рапсодија“, според „Рок ен рол гараж“.

Британската продукциска куќа „Старлајт филмс“ веќе 18 месеци работи на филмот за еден од највлијателните панк-бендови во Велика Британија.

Во средиштето на приказната се покојниот менаџер на бендот Малколм Мекларен и познатата модна дизајнерка Вивијан Вествуд, кои во 70-тите години во лондонскиот кварт Челзи водеа бутик што имаше огромно влијание врз британската панк-сцена.

Режисерката на филмот, Ајеша Планкет , изјави за „Дејли стар“ дека биле импресионирани од бројот на продадени билети за „Боемска рапсодија“, потврдувајќи дека тоа само покажува дека постои огромен интерес на публиката за вакви филмови.

„Секс пистолс“ беа формирани во Лондон во 1975 година. Иако траеја само две и пол години и издадоа само четири синглови и еден студиски албум – Never Mind the Bollocks, Here’s the Sex Pistols, покрај „Рамонес“ и „Клеш“ се сметаат за еден од највлијателните бендови на панк-сцената во Велика Британија.

Прикажи повеќе...

Естрада

Леjди Гага во новата биографија отворено зборува за периодот кога се дрогирала

Објавено пред

Американската пејачка Леjди Гага во новата биографија Everyone Loves You When You Are Dead, која излегува на 5 мај, дава редок увид во својот живот пред да стане славна, и отворено зборува за периодот кога била зависна од дрога, пишува NME.

Во еден дел од книгата која ја напиша Нејл Штраус, Гага вели дека понекогаш е преплашена од тоа кога ќе помисли како лежела во својот стан во Њујорк, опкружена со бубачки и бубашваби, со огледала и со кокаин насекаде, без интерес да работи ништо освен да создава музика и да се дрогира.

Гага, чие вистинско име е Стефани Џоан Анџелина Германота, вели дека експериментирала со дрогата заради уметнички цели, инспирирана од Дејвид Боуви и Мик Џегер.

„Немав лошо детство. Сите работи низ кои поминав беа дел од мојата сопствена потрага по уметничко патување да се зафркавам како (Енди) Ворхол и Боуви и Мик”, пишува во книгата.

Прикажи повеќе...

Најново

Избори 201928 минути

До 13 часот гласале 284.942 гласачи, одѕивот е 20,45 отсто

Од обработени 75,50 отсто од избирачките места, до 13 часот на гласање излегле 284 942 гласачи или 20,45 отсто од...

Свет1 час

Осма експлозија ја стресе Шри Ланка, над 180 мртви

Осма експлозија одекна во Шри Ланка, јави „АФП“. Експлозијата се случила само половина час откако експлозивна направа била активирана покрај...

Топ1 час

Полицаец загина, а четири лица се повредени откако кумановец со ,,мерцедес” направил две сообраќајни несреќи

На 21.04.2019 во 00.45 часот на регионален пат Куманово – Свети Николе во близина на крстосница со населбата Ајдучка Чешма,...

Избори 20192 часа

Едно лице приведено во Аеродром, го фотографирало гласачкото ливче

Едно лице е приведено во Скопје за време на гласањето на претседателските избори, бидејќи го фотографирало гласачкото ливче, потврдуваат од...

Регион5 часа

Двајца загинати во авионска несреќа во Бугарија

Пилотот и патник на мал приватен авион вчера загинаа во Бугарија, кога воздухопловот се урнал во јужниот дел на земјата....

Свет5 часа

(Видео) Експлозии за католички Велигден во Шри Ланка, најмалку 50 мртви

Најмалку 50 лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени во Шри Ланка во повеќе експлозии на неколку локации, вклучувајќи...

Избори 20196 часа

Изборите ќе ги следат 3.094 домашни и 419 странски набљудувачи

Гласањето за претседателските избори денеска и на 5 мај ќе го следат 3.094 се домашни набљудувачи, а 419 од странство....

Избори 20196 часа

Граѓаните бираат претседател на државата

На 3.480 избирачки места денеска 1.808.131 граѓани со право на глас по шести пат ќе бираат претседател на државата. Гласачите...

Свет17 часа

Поглед во внатрешноста на аеродромот во Сингапур – домот на највисокиот водопад во светот

По четиригодишна изградба и огромен медиумски интерес, долгоочекуваниот аеродром ,,скапоцениот камен” Чанги во Сингапур е официјално отворен. Аеродромот се протега...

Избори 201917 часа

ДИК: Гласањето помина без проблеми

Државната изборна комисија вечерва излезе со оценка дека денешното гласањето поминало тековно и без проблеми. Ден пред претседателските избори во...

Европа18 часа

Париз: Уапсени 126 лица на протестите на ,,Жолтите елеци”

На протестите на,,Жолтите елеци” во Париз се уапсени 126 лица, а полицијата со демонстрантите, кои подметнуваа и мали пожари, се...

Регион18 часа

САД ќе и испорачаат три хеликоптери ,,Блек Хок” на Албанија

Соединетите Американски Држави (САД) ќе испорачаат три хеликоптери ,,Блек Хок” во Албанија, со цел да ги зајакнат нивните воени капацитети,...

Регион20 часа

Трговски центар во Сараево евакуиран поради дојава за бомба

Трговски центар во Сараево беше евакуиран попладнево откако во сараевската полиција пристигнала дојава за поставена бомба. Со брза реакција на...

Регион1 ден

Во Косово вратени со авион десетици жени и деца на џихадисти од Сирија

Дестици жени и деца, членови на семејствата на косовски џихадисти кои војувале во Сирија, со авион биле вратени во Косово,...

Избори 20191 ден

Поради изборите МВР ќе издава лични карти денеска и утре

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сите одделенија за управни работи ќе работат и денеска и утре. Сите барања за...

Топ1 ден

Трактор и три возила се судрија кај Струмица

Сообраќајка помеѓу трактор и три возила се случила синоќа на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“. МВР...

Топ1 ден

Сообраќајна несреќа на улица во Скопје, меѓу повредените и деца

Пет лица со повреди биле пренесени во болница по сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Кемал Сејфула“ во...

Свет1 ден

Брачен пар осуден на доживотен затвор, ги злоставувале нивните деца

Брачен пар од Калифорнија кој ја призна вината за повеќегодишното злоставување на нивните 12 деца, е осуден на доживотна казна...

Европа1 ден

Јункер: Постои страв дека ќе дојде до брегзит без договор

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, побара од Велика Британија да го искористи шестмесечното одложување на брегзит за разработка на...

Свет1 ден

Во Египет референдум за продолжување на мандатот на претседателот

Египѓаните на референдум ќе гласаат за амандманите за продолжување на мандатот на претседателот Абдел Фатах ал Сиси. Одлуката за распишување...

Досие