Контакт

Забава

Град кој на туристите им плаќа по 100 долари за да го посетат

Објавено пред

Калифорнискиот крајбрежен град Сан Луис Обиспо плаќа по 100 долари за првите 500 туристи кои ќе го посетат во зимската сезона.

За да добијат пари, потенцијалните посетители мора да резервираат минимум две ноќевања во некој од градските хотели преку официјалниот градски сајт. Веднаш штом ја резервираат својата соба, тие треба да испратат електронска пошта на [email protected], по што, според порцедурата, треба да добијат промотивен код.

Понудата важи само за првите 500 туристи кои ќе се најават со е-пошта. Доколку не добијат повратна порака со код, тоа значи дека заинтресираните не влегле во првите 500 туристи за оваа зимска сезона која трае од 1 јануари до 31 март.

Се работи за град каде што има многу што да се види, вклучувајќи ја и уметноста со силно шпанско влијание, но и познатата долина „Баблгам“ односно 21-метарска улица која е целосно покриена со гуми за џвакање. Се претпоставува дека на неа има залепено најмалку два милиона гуми за џвакање.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Папараците го снимија Ричард Гир во љубовна прегратка со сопругата во Италија

Објавено пред

Славниот актер Ричард Гир ужива со сопругата на одмор во Тоскана, а папараците успеаја да ги фатат во љубовна прегратка.

Поранешниот најголем заводник, кој е на прагот од осмата деценија од животот, и неговата сопруга Алехандра Силва, која е 34 години помлада од него, одмораа на тревата читајќи книги и разговарајќи.

Според обожавателите, Гир изгледа непрепознатливо на фотографиите.

 

„Времето го престигна“, се некои од коментарите на социјалните медиуми.

Прикажи повеќе...

Забава

Хорор-филмовите предизвикуваат дебелеење

Објавено пред

Една студија на универзитетот Вестминистер тврдеше дека гледањето хорор-филмови помага да се намали телесната тежина, бидејќи го забрзува отчукувањата на срцето. Но, студија на либанско-американскиот универзитет во Њујорк тврди дека гледањето застрашувачки филмови ги тера луѓето да побараат утеха во масна храна и да се здебелат.

Кога гледаат напнати или насилни филмови, луѓето се чувствуваат нервозни, исцрпени и спод трес, па затоа се обидуваат да најдат утеха во грицките. Спротивно на тоа, романтичните комедии и наративните филмови не предизвикуваат такви емоции и додека ги гледале, учесниците во истражувањето не јаделе толку чипс и чоколадо, велат научниците.

Ова е прва студија што го испитува влијанието на филмовите врз апетитот и изборот на храна. Претходните истражувања ги поврзуваа насилните видеоигри со зголемен апетит.

Резултатите укажуваат дека не само што седењето е фактор што доведува до зголемување на телесната тежина, туку и она што се гледа на екраните. Во студијата учествувале 84 учесници на возраст меѓу 20 и 30 години, кои биле по случаен пат избрани да гледаат насилен филм или романтична комедија. Пред студијата, биле извршени различни мерења, вклучувајќи ритам на срцето, крвен притисок, а биле проценети и нивоата на стрес и апетит.

На гледачите им бил даден подавалник со низа закуски како пуканки, чипс, бисквити, чоколадо, јаболка, сок од портокал и кока-кола. На учесниците им било дозволено да јадат се што сакаат и биле оставени сами за време на филмот за да можат да се опуштат.

Луѓето кои го гледале насилниот филм биле повеќе нервозни, тажни и исцрпени, а оние коишто ја гледале романтичната комедија не покажале никакви промени.

Прикажи повеќе...

Забава

Драг квинсерки го зашаренија Лондон

Објавено пред

Манифестацијата DragWorld London 2019 ја увеличаа драг квинсерките, изведувачи од кои некои се трансродови жени. Повеќето од нив учествуваат во уметничка форма затоа што тоа им овозможува да се претстават покреативно.

Така, на манифестацијата DragWorld London тие носеа фустани и комбинезони во разни бои, како и шарени перики и шминка.

Драг е вид уметност каде што мажите се преобразуваат во жени, но тие не живеат на тој начин секој ден, туку така настапуваат во ноќни клубови, а нивната цел е што подобар сценски настап.

Во последно време како драг квинсерки настапуваат и жени.

Некои членови на ЛГБТ-заедницата ги критикуваат драг квинсерките и нивното присуство на парадите затоа што веруваат дека шират лоши предрасуди за ЛГБТ-луѓето.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 часа

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет10 часа

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион11 час

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа11 час

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ13 часа

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ14 часа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија16 часа

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија16 часа

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија20 часа

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ20 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија20 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Македонија21 час

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа22 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет22 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија1 ден

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет1 ден

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет1 ден

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија1 ден

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет1 ден

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт2 дена

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Досие