Hitech
„Гугл“ воведува нова опција што ќе го унапреди пребарувањето на интернет

Новата опција во понудата на „Гугл“ наречена Discover feed, која технолошкиот гигант ја најави минатиот месец за време на одбележувањето на својата 20-годишнина, постепено почна да пристигнува до корисниците.
Функцијата Discover feed е наменета за корисници на мобилни уреди и нуди повеќе кратенки за пребарување.
Голем број кратенки се наменети за пристап до неодамнешни вести, но преку нив може да се добие и моменталната временска прогноза, спортски резултати и други вести.
Новата надградба претставува голема промена за најпопуларниот пребарувач во светот бидејќи „Гугл“ сè повеќе почнува да посветува внимание на нови и актуелни информации.
Тоа значи дека при пребарувањето, „Гугл“ ќе се обиде да го предвиди терминот што го барате, пред истиот самите да го впишете во прелистувачoт.
Инаку, „Гугл хром“ веќе им нуди на корисниците неколку предложени дестинации за пребарување кои се појавуваат веднаш по отворањето на нов таб.
Опцијата Discover feed ќе може да се користи со пребарувачите „Хром“ и „Сафари“, како на aндроид, така и на ИОС- платформи.
Засега, е достапна само за корисниците во САД, но наскоро ќе биде овозможенa и во други делови на светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech
„Епл“ го награди малолетникот што откри безбедносен пропуст во нивниот систем

Американскиот тинејџер кој откри безбедносен пропуст во апликацијата на „Епл“ наречена „Фејс тајм“ наменета за спроведување видеоповици доби награда.
„Епл“ сепак не откри колкава сума добил 14-годишниот Грант Томпсон, но се верува дека станува збор за позавиден износ кој ќе може да го искористи како инвестиција во неговото образование.
Тинејџерот пронајде пропуст поради кој беше можно да го прислушувате вашиот контакт од другата страна уште пред тој да ја крене слушалката, односно да слушате што тој зборува додека се воспоставува повикот.
Малолетникот ја добил наградата кога експерт за безбедност одбил јавно да го посочи овој проблем токму затоа што претходно не била понудена награда.
Информации за техничкиот пропуст најпрвин со појавија во јануари. „Епл“ му пристапи на ова како на сериозен проблем и ги оневозможи групните разговори во рамките на апликацијата, додека вработените утврдуваа за што всушност станува збор.
Претходно, Томпсон до компанијата испратил неколку електронски пораки со кои го предупредил „Епл“ за пропустот.
Hitech
(Видео) Револуционерен потфат: тестирана најпрецизната роботска протеза

Пациентка од Шведска со ампутирана рака стана прв човек што успешно ја контролира новата најпрецизна роботска протеза досега.
Со овој револуционерен потфат титаниумски импланти се поврзани со две коски од подлактницата на пациентката, од каде што електроди се поврзани со нервите и мускулите кои испраќаат сигнал до роботската рака и овозможуваат прецизни движења, пренесува „Сајнс дејли“.
Оваа нова технологија е развиена во Шведска од страна на тим предводен од доктор Макс Ортиз Каталано од компанијата „Интегрум АБ“, која го финансира проектoт.
Обичните протези главно се базираат на електроди што се поврзани со кожата на корисницитe, а движењата се иницираат со движење на мускулите.
„Овој исчекор го направивме благодарение на фактот што успеавме да им овозможиме на пациентите да користат вграден нервно-мускулен систем за контрола на своите протези, така што користењето не ги отежнува нивните секојдневни обврски“, истакнува доктор Ортиз.
Hitech
(Видео) Нови 230 емотикони во 2019 година

Организацијата „Јуникод консорциум“ претстави 230 нови емотикони за оваа година, од кои 175 претставуваат луѓе и делови од човечкото тело. Отсега бојата на кожата и полот на двојките ќе може да се комбинираат произволно со повеќе од 70 варијанти.
„Јуникод консорциум“ е непрофитна организација која е задолжена за стандардизација на сите знаци што се достапни на интернет за да имаат исто значење во светот. Одборот кој одлучува се состои од големи технолошки компании, како „Епл“ и „Гугл“. Но, секоја компанија на свој начин ги претставува емотиконите, со мали отстапки.
Отсега ќе бидат достапни и емотикони на лица со инвадилитет, како што е емотиконот на лице со оштетен вид со стап во раката, како и уво со апаратче за слушање.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал