Забава
Дали е на повидок нова романса: Бред Пит и Лики Ли

Светските шоу-биз медиуми објавија дека Бред Пит, наводно, е во врска со шведската пејачка и текстописец Лики Ли.
Шпекулации за новата холивудска романса почнаа да се шират во средата, кога таблоидите цитираа анонимен извор дека Бред (58) и Лики (35) тајно се гледаат, иако парот не е фотографиран заедно.
Весникот „Сан“, кој прв ја објави веста, пишува дека Лики живее на три минути возење од Бред, што помага наводната романса полесно да се чува во тајност.
„Бред и Лики може лесно да поминат под радарот затоа што се соседи“, тврди инсајдер за весникот.
„Совршено му оди во прилог на Бред да има некој што му се допаѓа да живее толку блиску, за да може да остане незабележан од радарот“, весникот го цитира изворот.
Бред почнал да поминува повеќе време со шведската пејачка уште од средината на 2021 година.
Љубовниот живот на хоивудскиот миленик предизвика бура од шпекулации, кои во минатото го поврзуваа со имиња како израелската професорка Нери Оксман и германската манекенка Никол Потуралски.
Во моментов тој сè уште е заплеткан во битка за старателство со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли, која поднесе барање за развод во 2016 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Дуа Липа се релаксира пред концертот во Минхен

Дуа Липа уживаше во малку одмор и релаксација пред нејзиниот распродаден концерт во Минхен во неделата.
Британската поп-ѕвезда (26) на себе има розово-портокалови цветни бикини, кои ги истакнуваат нејзините стомачни мускули и затегнати нозе додека лежи покрај реката во главниот град на Баварија.
Таа сподели кратко видео и неколку фотографии со своите пријателки. На објавата ѝ даде наслов pre – show river dip (нуркање во река пред концерт).
Се чини дека Дуа и нејзините пријателки Роузи Вива и Реј Ен Хејден и нејзината фитнес-инструкторка Ени Мувс уживаат во сонцето на затскриена локација.
Забава
Шерон Стоун го донесе гламурот на црвениот тепих во Кан

Шерон Стоун го красеше црвениот тепих на проекцијата на филмот на Валерија Бруни Тедески, „Засекогаш млади“ (Forever Young), во рамките на Филмскиот фестивал во Кан во неделата.
Облечена во сино-бела креација на „Долче и Габана“ со драматичен додаток, 64-годишната актерка ги воодушеви присутните кога го отфрли дополнителниот дел од фустанот закачен на нејзините колкови.
Со мала асистенција од двајца манекени облечени во костуми, ѕвездата на „Ниски страсти“ лесно се ослободи од дополнителното здолниште. Потоа позира во друга верзија на фустанот, што ја истакна нејзината тенка фигура. Ваквиот потег предизвика бурен аплауз од фановите.
Забава
Италијанската свадба на Кортни и Тревис: фотоалбум

Кортни Кардашјан и Тревис Баркер се венчаа третпат во Портофино, Италија, на раскошна свадбена церемонија во Италија, опкружени со своите најблиски.
„Среќно засекогаш“, напиша поќерката на Баркер покрај фотографијата што ја сподели на „Инстаграм“ во неделата, 22 мај.
Неделникот „Ју-ес викли“ потврди дека реалната ѕвезда (43) и тапанарот на „Блинк-182“ (46) пристигнале во Портофино во петокот, 20 мај, заедно со своите деца. Кардашјан ги има Мејсон (12), Пенелопе (9) и Рејн (7) со поранешниот сопруг Скот Дисик, а Баркер е татко на Лендон (18), Алабама (16) и ја има и поќерката Атијана (23) од бракот со поранешната сопруга Шана Моклер.
Покрај нивното мешано потомство, присуствуваа и членови на познатото семејство на реалната ѕвезда и основачка на веб-страницата што промовира модерно и здраво живеење „Пош“. Меѓу гостите беа и Крис Џенер, Ким Кардашјан, Клое Кардашјан, Кендал Џенер, Кајли Џенер и Кори Гембл.
Тревис ја побара за жена Кајли во октомври 2021 година по речиси една година врска.