Забава
Дали кучињата смеат да јадат јаболка?

Секогаш треба да внимавате кога го храните вашето куче со овошје. На пример, црешите и грозјето се отровни за кучињата. Но, некои плодови може да бидат десерт за вашиот четириножен придружник.
Јаболкото е меѓу плодовите што можете да му ги давате на вашето милениче без страв, но без претерување. Јаболката се безбедни за кучињата. Тие се богати со витамини А и Ц, нискокалорични се и содржат многу влакна. Затоа тие може да бидат здрава и вкусна ужина како за вас така и за вашето домашно милениче.
Можете дури и да му сервирате каша од јаболка доколку не содржи додаден шеќер. Можете да ја замрзнете кашата во калапи за мраз и да му понудите вкусна, освежителна летна закуска.
Колку јаболка смее да јаде вашиот миленик?
Како и другите овошја, и кучињата може повремено да јадат јаболка, но да не се претерува во количината. Храната за кучиња ги содржи сите хранливи материи што му се потребни на вашето домашно милениче, па дополнителни витамини од овошје не му се неопходни, туку ќе послужат како десерт. Држете се до парче или две наместо да му давате цело јаболко.
Лушпата од јаболко е исто така безбедна за јадење, па дури и може да биде добра за оние кучиња на кои им треба повеќе влакна, според американскиот Kennel Club. За кучиња со чувствителен дигестивен систем, излупете го јаболкото за да избегнете стомачни тегоби. Исто така, добра практика е да го исечете јаболкото на помали парчиња за да му го олесните џвакањето и да избегнете опасност од задушување.
Кое друго овошје може да јадат кучињата, а кое не?
Покрај јаболката, за кучињата се безбедни и боровинки, дињи, брусница, краставици, манго, портокали, праски, круши, ананас, малини, јагоди, лубеници и тикви.
Грозјето, авокадото, црешите и доматите се токсични за кучињата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џоли го тужи ФБИ бидејќи не го обвиниле Пит за наводниот инцидент што доведе до нивни развод

Анџелија Џоли очајно се обидува да најде нешто ново во нејзината правна битка со поранешниот сопруг Бред Пит, откако наводно го тужела ФБИ за податоци што веќе ги имала, според извори блиски до Пит.
Неколку американски медиуми објавија дека актерката поднела тужба против Бирото во април – анонимно, како Џејн До – барајќи документи поврзани со истрагата за Пит, наводно во обид да открие зошто не била поднесена кривична пријава против него по авионскиот лет во 2016 година, кој ја наведе да поднесе барање за развод.
Извештајот, до кој дојде „Пејџ сикс“, сега е објавен и покажува дека помошникот обвинител на САД и помошникот началник на Кривичниот оддел разговарале за случајот во ноември 2017 година пред да биде донесена одлука да не се поднесе обвинение против Пит.
Во првичниот извештај на ФБИ, Џоли им кажала на официјалните лица дека Пит бил „луд“ кога се качиле на приватниот авион од Ница, Франција, до САД, со нивните шест деца.
Во анонимната тужба како ‘Џејн До’ таа прашува зошто ФБИ не го уапсила Бред Пит по наводната физичка расправија во приватен авион. Во тужбата се бара од ФБИ да ги предаде документите поврзани со истрагата за Пит (58), откако Џоли тврдеше дека тој „физички и вербално ги нападнал неа и нивните деца додека летале во приватен авион“.
Таа тврди дека во 2016 година Бред ја полил со пиво во тек на лет со приватен авион, ѝ го повредил лактот и се степал со синот Медокс“.
ФБИ го ослободи Пит од какво било незаконско постапување во инцидентот, кој наводно, се случил на лет со приватен авион, под јурисдикција на федералната влада.
Неколку дена подоцна, Џоли поднесе барање за развод од Пит и побара целосно старателство над нивните деца.
Според тужбата, Пит наводно ги ставил рацете на Џоли и ја полил со пиво, ја однел до задниот дел од авионот, ја фатил за рамениците и ја тресел додека викал: „Ти го е*еш ова семејство“. Пит, наводно, ги ставил рацете на најстариот син на двојката, Медокс, тогаш 15-годишен, при што Џоли тврдела дека го удрил – нешто што актерот целосно го негира.
Џоли наводно се пожалила на недостаток на транспарентност во врска со причината за затворање на истрагата на ФБИ.
Џоли ја изменила жалбата на 9 август.
Забава
Хајди и Софија гламурозни судијки на популарното талент-шоу

Хајди Клум и Софија Вергара пристигнаа во стил пред студиото за снимање на „Америка има талент“ во вторникот во Лос Анџелес.
Двете го украдоа шоуто пред студиото во хотелот „Шератон Пасадена“ во Пасадена.
Клум (49) зачекори на црвениот тепих во лелеав зелен фустан. а Вергара (50) изгледаше како модерен пинап во комбинезон без прерамки.
Прекрасната зелена тоалета на супермоделот Клум има полупроѕирно здолниште со шлицови напред што им овозможува на нејзините затегнати нозе да се пробијат.
Актерката Вергара ги истакна облините во жолт цветен комбинезон без прерамки со деколте во форма на срце.
Тие се дел од четиричленото жири на натпреварот за таленти, заедно со комичарот Хауи Мендел и продуцентот Сајмон Кауел.
America’s Got Talent моментално е во својата 17-та сезона и се емитува на Ен-би-си секој вторник и среда.
Забава
(Видео) Ова е најпопуларната верверица на „Тик-ток“

Корисник на социјалната мрежа „Тик-ток“ сподели видео на кое се гледа како храни верверица и видеото досега собра над 280 милиони прегледи и 35 милиони лајкови.
„Сквиши, здраво, Сквиши“, може да се слушне како ја повикува верверицата, која трча кон него веднаш штом го слушне. „Наполни си ги образите, Сквиши“, ѝ вели тој на верверицата додека јаде.
„Сега знаеме кој победи на натпреварот ‘Чаби бани”, „Прекрасно“,„Леле, колку е слатка“, „Ги сакам тие обравчиња“, „Неверојатно е колку може да стави во својата мала уста“, „Оваа верверица го живее својот живот“, „Кажи ѝ на Сквиши дека ја сакам“, се само дел од коментарите.
@chipmunksoftiktok My beautiful Betty its time to fill the cheeks #fyp #cuteanimals #cute #chipmunks #betty ♬ original sound – Chipmunks of TikTok