Забава
„Дамски гамбит“ нема да има втора сезона
Мат! Нетфликсовиот хит „Дамски гамбит“ освои 11 награди „Еми“, вклучувајќи ја и наградата за најдобра драмска минисерија, но нема да се врати во втора сезона.
На големо разочарување на фановите, извршните продуценти на серијата Скот Френк и Вилијам Холберг потврдија дека приказната за шаховското чудо Бет Хармон (Ања Тејлор Џој) го достигна својот природен крај.
„Ја раскажавме приказната што сакавме да ја раскажеме и сметам – дозволете ми да го кажам ова поинаку – стравувам дека ако се обидеме да кажеме нешто повеќе, ќе го уништиме она што веќе го кажавме“, рече Френк во текот на виртуелен панел.
Оваа вест не треба да биде изненадување за многумина со оглед на тоа како серијата заврши прилично добро за Бет, која не само што ја постигна една од нејзините најголеми цели, туку и се помири со траумата што го прогонуваше нејзиното минато.

Мини серијата, насловена по шаховски потег, следи харизматична генијалка која влегува во светот на шахот каде доминираат мажите. Дејствието се одвива во 60-тите години на минатиот век. Вработен во сиротилиште го открива талентот на малата Бет, која подоцна станува шаховско чудо.

Најголемата sвезда во серијата, можеби повеќе од главната протагонистка, е самиот шах бидејќи серијата му донесе гламур на спортот, кој инаку добива малку внимание.
Една од причините за големата гледаност на оваа серија е тоа што става женски играч во преден план, реткост во светот на натпреварувачкиот шах.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хороскопски знаци на кои не им се допаѓа Евровизија
Некои хороскопски знаци едноставно не можат да се пронајдат во евровизискиот хаос и спектакл, па го гледаат на сосема поинаков начин.
Јарец
Го гледа Евросонг како хаотичен спектакл без структура и често се прашува дали некој воопшто навистина пее.
Девица
Гледа, но анализира сè: вокал, сценографија, облека. За неа има премногу „cringe“ моменти и премалку совршенство.
Шкорпија
Не сака површност и претерана драматика, па ексцентричните настапи ѝ делуваат премногу и брзо ја губи интересот.
Бик
Премногу гласно, хаотично и заморно. Преферира мирна вечер, храна и нешто проверено наместо евровизиски спектакл.
Водолија
Иако сака оригиналност, Евросонг ѝ делува како „пресметана чудност“ и затоа често ја губи магијата.
Забава
Пет земји ја бојкотираат Евровизија оваа година
Почна 70. издание на Eurovision Song Contest 2026, кое оваа година се одржува во Виена, Австрија, во салата Wiener Stadthalle. Вкупно учествуваат 35 земји. Велика Британија, Франција, Германија и Италија како дел од „големата петорка“ имаат директен пласман во финалето, заедно со домаќинот Австрија како лански победник.
Оваа година, од натпреварот се повлекоа пет земји: Исланд, Ирска, Холандија, Словенија и Шпанија. Шпанската одлука е посебно значајна затоа што земјата е меѓу најголемите финансиски поддржувачи и вообичаено има директно место во финалето. Исланд бил последен што се приклучил на бојкотот.
Причината за повлекувањето е протест против воената кампања на Израел во Газа, која започна во октомври 2023 година.
Покрај бојкотот, три земји – Шпанија, Ирска и Словенија – одлучија да не го пренесуваат натпреварот. Ирската телевизија RTÉ наместо тоа ќе емитува епизода од серијата „Father Ted“, а Словенија ќе прикажува циклус палестински филмови под наслов „Гласови на Палестина“.
Големото финале на Евросонг ќе се одржи во сабота, 16 мај.
Забава
Ништо нема да биде исто: Два знака донесуваат одлука што ќе им го промени животот
Некои недели минуваат мирно и без поголеми промени, но има и такви моменти кога една одлука става сè во движење.
Астрологијата покажува дека оваа недела ќе биде пресвртница за два знака, по што работите повеќе нема да бидат исти.
Ова се одлуки што ги одложувале долго време, иако длабоко во себе веќе знаеле што треба да направат. Сега доаѓа моментот кога повеќе нема да можат да го игнорираат она што го чувствуваат.
Шкорпија
Шкорпиите веќе некое време се чувствуваат како да стојат во место. Иако однадвор изгледаат смирени и контролирани, незадоволството се натрупува во нив веќе долго време.
Оваа недела доаѓа моментот кога ќе мора да се откажат, без разлика дали станува збор за врска, работа или ситуација што емоционално ги исцрпува. Одлуката нема да биде лесна, но ќе донесе чувство на ослободување што им недостасувало долго време.
После тоа, тие повеќе нема да се согласуваат со работи што ги задушуваат.
Водолија
Водолиите се познати по тоа што долго размислуваат пред да направат голем чекор. Сепак, откако ќе одлучат, нема враќање назад.
Оваа недела, тие би можеле да ги изненадат оние околу нив со потег што никој не го очекувал. Ќе сфатат дека повеќе не сакаат да ги исполнуваат очекувањата на другите и ќе одлучат да ги стават своите потреби на прво место.
Оваа одлука би можела да го промени нивниот поглед кон иднината.
