Забава
Даниел Крег го коментира крајот нa својот последен филм како 007

Ѕвездата на култниот серијал „Џејмс Бонд“, Даниел Крег, неодамна ги сподели своите размислувања за крајно неочекуваниот крај на најновиот No Time to Die („Не е време за умирање“).
No Time to Die означи крај на ерата на Даниел Крег како Џејмс Бонд. Во неговото испраќање, Бонд на Крег не успева да излезе жив по лансирањето на проектил, а неговата штотуку откриена ќерка преживува.
Во разговор со „Вараети“, Крег го сподели своето мислење за трагичниот крај на филмот.
„Ако заабалежувате, на самиот крај на филмот, пишува ‘Џејмс Бонд ќе се врати’, така што сè е добро. Мислам дека најважното беше што сите се обидувавме да создадеме ситуација на трагедија. Идејата дека постои несовладлив проблем, дека во игра е поголема сила и дека никој ништо не може да направи за тоа. А поголемата сила е оружјето на Савин. И дека тоа го убива единственото нешто што Бонд го сака во животот – да биде со луѓето што ги сака, а не може да биде со нив – и затоа, не му останува ништо за што вреди да живее. И тој всушност би ги загрозил нивните животи, а тоа е последното нешто што сака да се случи“.
„Тој елемент беше неверојатно важен да оди до крај, бидејќи не можеше да биде случаен чин. Мораше да има тежина – без неа, немаше да биде добро. Ќе баравме друг начин да ставиме крај“.
Крег се присети на еден разговор со продуцентката.
“Ја прашав на Барбара колку вакви филмови треба да снимам, таа одговори четири“.
„В ред. Може ли да го убијам во последниот? ја прашав. Таа се согласи. И така, се договоривме дека трагичен крај е единствениот начин на кој можев да го завршам мојот мандат. Потоа ќе дојде некој друг да продолжи.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Адисон Реј се разладува под туш на отворено во бикини од тантела

Адисон Реј го истанцува својот пат кон славата, преку „Тик-ток“, откако ѝ се приклучи на популарната апликација во јули 2019 година.
Во меѓувреме, таа ги задева фановите и следачите со своите облини и модниот сензибилитет, што резултира во огромен пораст на прегледи на нејзините објави на социјалните мрежи – 87,6 милиони само на „Тик-ток“.
А во петокот, познатата тик-ток ѕвезда од Луизијана сподели серија фотографии на кои се тушира во оскудно бикини од розова тантела.
Реј (родена како Адисон Реј Истерлинг) се чини дека е на некаква тропска локација. Таа се разигра пред камерата и почна да ги оближува усните пред да почне да тече водата.
Забава
Ема Стоун ја продава куќата во Малибу

Оскаровката Ема Стоун, ѕвезда на „Ла Ла Ленд“, ја стави на продажба својата куќа во Малибу за 4.2 милиони долари.
Речиси четири години откако го купи имотот покрај океан за 3.25 милиони долари, 33-годишната актерка реши да го огласи на пазарот на недвижности, објави „Волстрит журнал“.
Еднокатната куќа од 157 квадратни метри се простира на имот со површина од 1.300 квадрати, во луксузната област Саут Калифорнија.
Агентот на Sotheby’s International Realty, Ерик Лејви, ја опиша куќата за весникот како „класичен калифорниски среден век од 1958 година што виси над Пацификот и куќа на плажа во Малибу што би ја избрале за филм на Ненси Мејерс.“
Домот на убавицата вклучува извонреден поглед на градскиот пејзаж на Лос Анџелес, Тихиот Океан и островот Каталина и е во непосредна близина на пешачките патеки и плажата.
Има и трпезарија на отворено, која е покриена со дрвја од еукалиптус и јука, како и двор со панорамски поглед на брегот.
Забава
Агилера, Ричи и Харлоу на црвениот тепих на модна ревија на „Диор“

Кристина Агилера, Кристина Ричи и Вини Харлоу во четвртокот вечерта присуствуваа на моден настан во Лос Анџелес на кој беше презентирана машка колекција „Диор“ за сезоната пролет/лето 2023.
Поп-ѕвездата Агилера привлече внимание додека позира на ѕвездениот настан, каде познатиот моден бренд дебитира со своите најнови креации.