Контакт

Забава

Даниел Крег и Рејчел Вајс добија ќерка

Објавено пред

Рејчел Вајс (48), сопругата на актуелниот Џемс Бонд, актерот Даниел Крег, роди ќерка. Како што пишуваат британските медиуми, оскаровката и нејзиниот познат сопруг им рекле на пријателите дека се пресреќни што им се родило бебе.

Рејчел и Даниел се венчаа во 2011 година, и ова е нивното прво заедничко дете. За првпат, Вајс стана мајка во 2006 година, кога доби син со режисерот Дарен Аронофски. Од друга страна, Даниел Крег има ќерка Ела, со актерката Фиона Лудон.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Современите родители децата ги хранат со киноа, авокадо и сладок компир

Објавено пред

Децата јадат егзотични храна од рана возраст, се вели во анкетата спроведена меѓу 1.500 родители.

Едно од седум бебиња сака хумус и едно од дваесет – киноа. Другите бебиња уживаат во кускус, а некои дури и во лимон.

Анкетираните родители откриле дека на нивните бебиња им е најмалку омилен прокељот.

73 отсто од родителите признаа дека се збунети и не се сигурни кои продукти да им ги понудат на бебињата во првите месеци на дополнителна исхрана, а 67 отсто наидоа на сосема различни совети за тоа кога треба да започнат со воведување цврста храна.

„Бебињата на милениумците сакаат необични јадења и возбудливи вкусови. Денес, егзотичните производи се повеќе достапни и првата храна за бебињата полека се менува“, вели Дејвид Лаулор, кој го нарача истражувањето.

Просечната возраст на која испитаниците почнуваат да воведуваат цврста храна за бебињата е шест месеци. Додека 55 отсто од родителите им готват посебни оброци на своите бебиња, 30 отсто од нив им нудат сопствен оброк, а 15 отсто им нудат готови кашички.

Според студијата, децата сакаат јогурт, банани, тестенини, сладок компир, варен зеленчук, јаболка, меко сирење, манго, тиква, домати, путер од кикиритки, авокадо, лосос, хумус, кускус, супа од тиква и леќа.

А најмногу мразат прокељ, лимон, печурки, јајца, брокула, грејпфрут, месо и риба.

Прикажи повеќе...

Забава

Еве зошто принцот Чарлс мрази селфи

Објавено пред

Принцот Чарлс никако не сака да се фотографира со фановите со мобилен телефон. Неговите синови со задоволство позираат, но принцот Чарлс не ги обожава мобилните телефони што му се пикаат во лицето додека си ја врши својата службена должност, пренесуваат британските медиуми.

На принцот, кој неодамна наполни 70 години, не му се допаѓаат луѓето што му приоѓаат и му се нудат за фотографирање со него.

Режисерот Џон Бирдкут, кој со години го следи и снима принцот, за потребите на филмот „Чарлс на 70“ открил дека во неколку ситуации го слушнал како им зборува на обожавателите дека избегнува снимање селфи, со што ги одбива нивните молби.

„Го иритираат луѓето што го снимаат со телефон. Сака да се сретне со нив и да ги запознае, но му пречат телефони залепени до лицето“, објаснува Бирдкут.

Некои луѓе не можел да ги спречи и покрај негодувањата, па досега снимил неколку селфија со обожаватели, но и со членови од кралското семејство.

Прикажи повеќе...

Забава

Проверките на детектор за лаги може да станат вообичаени при преминување на границите

Објавено пред

Покрај физичките проверки, со кои треба да се утврди дека не носите оружје, хемикалии или експлозиви при минување на границата, постои можност да се воведе и друга контрола.

Имено, жителите на земјите што не се членки на ЕУ и патуваат во Унгарија, Летонија и Грција, ќе бидат подложени на детектор за лаги пред да може да ја преминат границата, пишува порталот „Б 92“.

Користејќи вештачка интелигенција, машините ќе анализираат микроекспресии за да проценат дали патникот ја кажува вистината или не. Според информациите, тестирањето ќе заврши до крајот на месецот, а царинските службеници ќе бидат упатени за тоа во кои случаи мора да реагираат.

Патниците што не се сметаат за закана за безбедноста ќе треба да одговорат само на основните прашања – име, презиме, роденден, причина за патувањето, а оние што се посомнителни ќе минат низ подетален преглед.

Новиот систем има само 85 отсто успешност и предизвикува критики кај некои поединци. Првично тестот ќе се спроведува само доколку патникот даде писмена согласност за тоа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија6 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија6 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија8 часа

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија9 часа

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања11 час

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија11 час

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток12 часа

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија12 часа

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија13 часа

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Крвав четврток13 часа

Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување претседател на Собранието

Во пораките пронајдени од вештачењето на мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пронајдена е вибер-комуникација, во која...

Македонија15 часа

(Видео) Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата...

Свет15 часа

(Видео) Хамас лансира над 400 ракети кон Израел во најжестокиот борбен судир од 2014 година

Палестинските милитанти утрово кон Израел лансираа најмногу ракети од конфликтот во 2014 година предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на...

Македонија16 часа

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник...

Европа16 часа

(Видео) 15-годишно девојче се бори за живот по сообраќајната несреќа на автобус во Лондон

Дваесет лица беа повредени, од кои едно лице доби тешки повреди во сообраќајната несреќа на еден автобус во лондонската област...

Свет16 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки...

Македонија17 часа

СДСМ: Груевски го допре дното

Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност, велат од СДСМ. Од партијата велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Економија18 часа

Од денеска пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната...

Македонија18 часа

Мицкоски се сомнева дека власта не знае каде е Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сомнева дека власта не знае каде се крие неговиот претходник Никола Груевски кого полицијата...

Македонија1 ден

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Досие