Контакт

Забава

Даниел Крег и Џими Фарел пијат мартини во чест на 007

Објавено пред

Откако цели 15 години го глумеше Џејмс Бонд, Даниел Крег, уживаше во последното мартини во чест на агентот 007 во вторникот во текот на „Тунајт шоу“ со Џими Фалон.

53-годишниот британски актер дегустира пијалак со потпис на својот лик додека ја завршува промоцијата на филмот „Не е време за умирање“ со гостување во популарното ток-шоу на Ен-би-си.

„Ќе ми биде чест да споделам поздрав со мартини со вас господине Бонд. Господине Крег. Ви благодарам за сè“, рече Џими (47) на крајот од нивниот разговор и извади две мартини.

Двајцата станаа и ги чукнаа чашите додека публиката во студиото ракоплескаше. „Благодарам“, рече Даниел пред да се напие голтка.

Забава

„Блумберг“: Проценета вредност на Нетфликсовиот „Сквид гејм“ е околу 900 милиони долари

Објавено пред

„Сквид гејм“ (Squid Game), најголемото лансирање на оригинална серија на „Нетфликс инк“, се проценува дека вреди речиси 900 милиони долари за стриминг-гигантот, објави „Блумберг њус“ доцна во саботата , повикувајќи се на бројки од внатрешен документ на компанијата.

Трилерот со девет епизоди, во кој натпреварувачи играат детски игри со смртоносни последици во обид да освојат 45,6 милијарди вони (52 милиони американски долари), стана меѓународен хит, откако беше лансиран минатиот месец.

Во споредба со проценетата нето вредност, продукцијата на серијата чинеше само 21,4 милиони долари, тврди „Блумберг“.

Според извештајот, околу 132 милиони луѓе гледале најмалку две минути од серијата во првите 23 дена, со што лесно го срушија рекордот поставен од драмата „Бриџертон“, која беше стримувана од 82 милиони претплатници во првите 28 дена.

Нетфликс претходно објави дека серијата собра 111 милиони фанови, но „Блумберг“ вели дека тие бројки се базираат на малку постари податоци, што значи дека гледаноста сигурно се зголемила во меѓувреме.

„Нетфликс инк.“ одби да го коментира извештајот. Адвокат на компанијата за Блумберг рече дека би било несоодветно за Блумберг да ги открие доверливите податоци содржани во документите кои ги прегледал.

Прикажи повеќе...

Забава

„Вондер воман 3“ наскоро на големите платна

Објавено пред

Режисерката Пети Џенкинс потврди дека „Вондер воман 3“  е во фаза на изработка.

По успехот и на киноблагајните и на стриминг-платформата „Ејч-би-о макс“ со „Вондер воман 1984“ – продолжение на првиот филм за жената чудо ( 2017) – Џенкинс се враќа на чело на третиот дел од сагата на „Ди-си екстендид јуниверс“, а прекрасната Гал Гадот ќе ја повтори својата улога како насловна суперхероина.

Говорејќи во DC FanDome во саботата, Џенкинс нагласи: „Премногу сме возбудени за Wonder Woman 3. Гал Гадот, која жали што не е тука, е најзафатената личност на светот со три мали деца и снимање.

Прикажи повеќе...

Забава

Сопругата на Шон Пен поднесе барање за развод

Објавено пред

Сопругата на Шон Пен, Лејла Џорџ, поднесе барање за развод, пренесуваат американски таблоиди.

61-годишниот актер се венчаше со 28-годишната Лејла на 30 јули минатата година, а нешто повеќе од една година од нивниот брак, Лејла сега поднесе документи за легален прекин на нивната врска.

Според „ТМЗ“, австралиската актерка – која е ќерка на актерот Винсент Д’Онофрио – поднела документи за развод до Високиот суд на Лос Анџелес во петокот на 15 октомври.

Истиот извор наведува дека не е позната причината за ваквата одлука на Лејла.

Веста доаѓа откако таблоидите неодамна пишуваа дека и двајцата морале да работат напорно на поправање на нивната врска.

Ова ќе биде трет развод за Шон … тој претходно беше во брак со актерката Робин Рајт од 1996 до 2010 година, а неговиот прв брак со Мадона траеше од 1985 до 1989 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет27 минути

Напад со нож во трговски центар во Мелбурн – избодени двајца мажи

Двајцата мажи се пренесени во болница откако биле избодени со нож во трговски центар во Мелбурн. И двајцата се здобиле...

Македонија9 часа

(Видео) Заев: На крајот СДСМ ќе има повеќе градоначалници oд ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека СДСМ и коалицијата победуваат или имаат водство во повеќе од 30 општини во...

Македонија11 час

(Видео) Мицкоски соопшти каде победи ВМРО-ДПМНЕ, а каде има предност: „Ова е победа на народот“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски презентираше резултати од изборите кои според аналитичкиот центар на партијата донеле победа во првиот круг....

Македонија11 час

(Видео) Николовски: СДСМ води во Скопје и уште во најмалку 25 општини

СДСМ победува во Скопје и води во првиот круг од локалните избори, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на партијата и...

Македонија12 часа

Алијанса за Албанците и Алтернатива прогласија победа во Гостивар и Дебар

Алијанса за Албанците и Алтернатива прогласија победа во Гостивар и Дебар. Партискиот претседател на Алијансата, Зијадин Села соопшти дека во ...

Македонија12 часа

(Видео) Зурли и тапани пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, симпатизерите радосни за изборниот резултат

Со зурли, тапани, гласна музика и пиротехнички средства, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ слават пред централниот штаб во Скопје. Присутните се радуваат...

Македонија12 часа

Ахмети прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница. Ахмети рече дека партијата е во водство во...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ најави победа во Велес, Штип и Свети Николе а води во Битола и Охрид

Во Велес, Штип и Свети Николе води ВМРО-ДПМНЕ, брифираат од партијата. Оттаму според нивните неофицијални информации посочуваат и дека имаат...

Македонија14 часа

Мицкоски: Победа и голема одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по завршување на изборниот ден, посочи дека победиле а со тоа доаѓа и одговорноста. Тој...

Македонија14 часа

Спасовски: Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности

Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој оцени дека првиот изборен...

Македонија14 часа

ЗНМ го осуди односот на Даштевски кон новинарите

Здружението на новинарите регира на односот на претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, кон новинарите во текот на попладневната...

Македонија16 часа

Членови на избирачки одбори самите си одлучиле да не ги користат биометриските уреди

Државната изборна комисија добила информации дека на повеќе избирачки места членовите на избирачките одбори на своја рака престанале да ги...

Македонија16 часа

До 17 часот гласале 41,38 отсто од избирачите

До 17 часот вкупно гласале 41,38 отсто од гласачите во земјава или 547.048 граѓани, покажуваат податоците од Државната изборна комисија....

Македонија17 часа

Прекини во гласањето во неколку изборни места

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр.2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски“ е прекинато гласањето во 13,56...

Македонија18 часа

329 новозаболени од Ковид-19, починале 18 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.045 тестирања,...

Македонија19 часа

Даштевски со допис дозволи да гласаат повеќемина, за да се намали метежот

За да се намали метежот кој се создава во ходниците на избирачките места, претседателот на Државната изборна комисија со допис...

Свет20 часа

Почна трката по молнупиравир – осум земји веќе потпишале договор за купување на лекот

Азиските земји побрзаа да го нарачаат најновиот потенцијален лек против Ковид-19, кој е во форма на таблети, иако се уште...

Македонија21 час

(Видео) Ангеловски: Изборниот процес се одвива мирно

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...

Македонија22 часа

Проблеми со уредите за отпечаток на повеќе избирачки места, ДИК апелира гласачите да притиснат повеќе

На дел од избирачките места утрово гласањето било прекинато поради проблеми со уредите за биометриска идентификација на гласачите. Портпаролката на...

Македонија22 часа

Член на политичка партија пријавил дека осудени криминалци добиле оружје за попречување на изборите

Член на политичка партија пријавил во американската амбасада дека 83 осудени криминалци добиле оружје за попречување на изборите, соопшти Јавното...

Досие