Контакт

Забава

Даниел Крег смета дека 007 не треба да биде жена

Објавено пред

Во екот на битката за родова рамноправност во филмската индустрија, Бонд-актерот Даниел Крег во неодамнешното интервју за „Радио тајмс“ рече дека Џејмс Бонд не треба да го глуми жена.

На прашањето дали би поддржал „подиверзитетен избор како негова замена“, Крег одговори:

„Одговорот на ова прашање е многу едноставен. Секако дека треба да има подобри улоги за жени и за актери Афроамериканци. Зошто жена треба да го глуми Џејмс Бонд кога би требало да има улога подеднакво добра како Џејмс Бонд, но за жена?“

Одговорот на Крег ги рефлектира коментарите на извршната продуцентка на франшизата Бонд, Барбара Броколи, која во 2018 година рече: „Бонд е маж. Тој е машки лик. Напишан е како маж и мислам дека веројатно ќе остане како маж. И тоа е во ред. Не мора машките ликови да ги претвораме во жени. Треба да создадеме повеќе женски ликови и да ја прилагодиме приказната на женски ликови.“

Некои медиуми наведоа обичен пример – Бонд влегува во бар и нарачува мартини. На прашањето дали сака протресено или промешано, тој одговара: „Дали ти личам на човек на кого му е важно тоа?“

Дали женскиот Бонд ќе го каже истото? коментираат медиумите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Како Кинезите го победија Холивуд со партизански спектакли

Објавено пред

Кинескиот филм „Битката на езерото Чанџин“ заработи повеќе од 400 милиони долари за шест дена прикажување. Некои медиуми тврдат дека нема сличен пример во историјата на филмот.

Кинескиот подвиг во Корејската војна ја продолжува епската опсада во киносалите во земјата, со заработка од преку 400 милиони долари помалку од една недела по премиерата.

Бројките звучат нереално: за четиринаесет дена прикажување, кинескиот пропаганден воен спектакл The Battle at Lake Changjin („Битката кај езерото Чанџин“) заработи повеќе од 633 милиони долари. Филмот заработи рекордни 769 милиони долари на домашните киноблагајни помалку од три недели од премиерата.

Филмот би требало лесно да достигне 800 милиони долари претстојниот викенд, ако не и порано.

Продуциран од Bona Film Group и филмските компании поддржани од државата Shanghai Film Group и Huaxia, ова е најскапиот кинески филм некогаш направен, со продукциски буџет од над 200 милиони долари.

„Битката кај езерото Чанџин“ ги велича кинеските жртви и херојства во реалниот живот, истоимена битка од 1950 година за време на Корејската војна (или позната во Кина како „војна за отпор на американската агресија и помош на Кореја“). Клучна победа за кинеската страна, во историската битка придружена со успешно разнесување на мостот Шуимен, по што американските воени сили беа принудени да се повлечат.

Прикажи повеќе...

Забава

Порано беше најсекси жена на светот, денес ја критикуваат за вишокот килограми , но среќна е

Објавено пред

Поранешната манекенка и водителка Кели Брук (41) пред неколку години ја доби титулата најсекси жена на светот, а сега гордо ги истакнува бујните облини што ги доби заедно со неколку килограми вишок.

Со оглед на тоа што на некои од нејзините фанови не им се допаѓа промената, Кели е апсолутно задоволна со своето тело и со задоволство позира на фотографии што подоцна ги објавува на социјалните мрежи.

Фановите на поранешната манекенка и водителка веќе ѝ дадоа до знаење дека сметаат оти треба да поработи на себе и дека претходно изгледала многу подобро. Но, ваквите коментари очигледно не ја засегаат, со оглед на тоа што ретко одговара на какви било провокации.

Папараците неодамна ја уловија на пат кон работа. Таа позира со широка насмевка на лицето, а на нејзината среќа најверојатно ѝ кумува новата позиција на работното место. Имено, Кели ќе биде новата водителка на утринската емисија на радиото „Харт“ (Radio Heart).

Да потсетиме, Кели неодамна зборуваше за тоа како се чувствува откако стана цел на хејтери на социјалните мрежи поради прекумерна тежина.

„Изгледам како нормален 40-годишник. Изгледам како што треба да изгледам, тоа не е нешто недостижно. Никогаш нема да го имам телото што го имав на 21 година ниту, пак, сакам да бидам истата таа девојка“, рече таа.

Откако целосно се прифати себеси и својот изглед, не мора да се грижи за непријатните коментари бидејќи и комплиментите на социјалните мрежи се слеваат од сите страни.

Прикажи повеќе...

Забава

Едно јаболко дневно е одлично за здравјето, три за линијата, а колачи со јаболка – за душата

Објавено пред

„Едно јаболко дневно го брка лекарот од вашиот дом“, вели една народна мудрост што ја потенцираат многу лекари и нутриционисти поради опсегот на вредни хранливи материи што ги содржи ова овошје.

Поради влакната што ги содржи, јаболкото го намалува холестеролот и е добро за срцето. Помага за откиселување на телото и на урината, го чува здравјето на бубрезите, а корисно е и за превенција од дијабетес.

Во есен можете да уживате во вкусот на јаболката што сè уште можете лесно да ги набавите. А уште повкусни се колачите. Следниве два се наједноставните рецепти за подготвка на овој десерт.

Бабин колач со јаболка

Потребни состојки
3 јајца, 12 лажици шеќер, 12 лажици масло, 12 лажици млеко, 15 лажици брашно

Подготовка
Направете смеса од јајца, шеќер, брашно, масло, млеко и прашок за печиво. Јаболката изрендајте ги и додајте цимет. Половина од смесата излејте ја во калап и ставете да се пече 15 минути на 180 степени. Потоа извадете ја од рерната, наредете рендани јаболка врз кората, а врз нив втората половина од смесата. Вратете во рерна и печете уште десетина минути. Кога ќе се излади, печениот колач наросете го со шеќер во прав.

Превртен колач со јаболка

Потребни состојки
3 јајца, 4-5 јаболка, 75 гр путер, 7 лажички шеќер, 3 лажици кисела павлака, кора од лимон, 1 лажичка екстракт од ванила, 1 лажичка цимет.

Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад за печење нанесете путер. Исечете ги јаболката на парчиња и исцедете лимон на нив. Во сад растопете 50 гр путер, додајте 5 лажици шеќер и гответе додека не се растопи шеќерот. Ставете ја смесата во садот за печење и наредете ги јаболката. Додадете 2 лажици шеќер и 1 лажица путер исечкан на мали парчиња. Садот ставете го во рерна додека го подготвувате преостанатиот дел од колачот.
Додека јаболката се печат, подгответе го тестото. Одвојте ги белките и жолчките. Во еден сад ставете 75 г путер, 5-те лажици шеќер и мешајте додека не добиете компактна смеса. Во неа додајте ги жолчките, киселата павлака, кората од лимон и екстрактот од ванила. Мешајте додека состојките не се соединат. Изматете ги белките и додадете ги на смесата. Извадете ги јаболката од рерна и наросете ги со цимет. На нив додајте ја смесата и печете 25-30 минути додека не добиете златножолта боја.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 час

„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина штити и дека е сигурна за деца

Компанијата „Модерна“ ги објави позитивните резултати од својата вакцина против коронавирус кај деца на возраст од шест до 11 години...

Македонија12 часа

11 починати лица, 135 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 1.514 тестирања,...

Македонија14 часа

Баравме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород, сведочи семејството на 22-годишникот што почина од корона

Семејството на 22-годишното момче од Битола, кое почина како последица на коронавирусот, преку писмо се обрати од министерот за здравство,...

Свет15 часа

ОН: Толку високо ниво на јаглероден диоксид на Земјата имало пред дури 3 милиони години

Концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата повторно достигна рекордно ниво, се вели во денешниот извештај на ОН. Концентрацијата на јаглероден...

Македонија16 часа

Антикорупциската сѐ уште чека одговори од Обвинителството за ДУП-от кај „Холидеј ин“ и тендерот на ДИК

Обвинителството сѐ уште не ѝ одговорило на антикорупциската комисија по иницијативите за кривична одговорност во однос на лицата што учествувале во детаљниот...

Топ17 часа

Тешка сообраќајна незгода во Битола помеѓу автомобил и мотор управуван од дете

Две малолетни деца се повредени во сообраќајната несреќа во Битола што се случи помеѓу автомобил и мопед. Едното од децата...

Македонија17 часа

(Видео) Ковачки: Во злосторничката група полицајци директно вмешани луѓе на Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека полицајци на Заев и Спасовски договарале малтретирање граѓани за изборната кампања. Од партијата објавија докази дека група...

Свет19 часа

Ранетиот режисер открива детали за трагедијата на снимањето

Алек Болдвин вежбал да вади револвер од футролата по што го вперил во камерата за време на пробата на снимањето...

Свет19 часа

Колумбискиот наркобос не користел телефон и соработувал со криминалци од Балканот

Колумбискиот главен наркобос Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен вчера, е поврзан со балкански трговци со...

Свет20 часа

Тедрос: Пандемијата нема да се доведе до крај додека не заврши во целиот свет

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аденон Гебрјесус, изјави дека пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена. „Ги имаме...

Регион1 ден

Словенечкиот премиер и министерот за одбрана добија писма со смртна закана

Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка со закана за смрт за нему и неговото семејство, а слична закана добил и...

Регион1 ден

Ердоган протерува десет амбасадори

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе протера десет западни амбасадори, меѓу кои седум членки на НАТО. Во...

Македонија1 ден

16 починати и 227 новозаболени од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.595 тестирањe,...

Топ1 ден

Тела на починати мигранти пронајдени во гевгелиско

Тела на две починати лица, најверојатно мигранти, вчера биле пронајдени на местото викано „Јаворица“, атар на с.Миравци, гевгелиско. По овластување...

Регион2 дена

Српски виролог: Ковид – пропусниците треба да важат 24 часа, а не само по 22 часот

Ковид – пропусниците во Србија се воведени доцна и неправилно бидејќи треба да важат 24 часа, а не само од...

Регион2 дена

Брнабиќ откри дека било планирано убиство на Вучиќ

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека било планирано убиство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Според неа, атентатот бил...

Свет2 дена

Во Кина вакцинирани 75 отсто од населението

Кина досега целосно вакцинираше 75,6 отсто од своето население против коронавирусот, изјави портпаролот на Националната здравствена комисија Ми Фенг. „Околу...

Топ2 дена

Автомобил излета од патот кај Ласкарци, едно лице загина, тројца тешко повредени

Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Тетово – Скопје. Според...

Македонија2 дена

Во Македонија 482 нови случаи на коронавирус, 12 починати

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 482 нови случаи на коронавирус, а 12 лица починаа, информира Министерството за...

Македонија2 дена

Мицкоски за Бугарија: Ние нема да им ветуваме сѐ и сешто

Ние нема како Заев да ги вовлекуваме во некои непринципиелни односи ветувајќи им се и сешто, од нас може да...

Досие