Контакт

Естрада

Дарко Рундек ja откри мистеријата за песната „Ена”

Објавено пред

Дарко Рундек откри дали неговата песна „Ена“, која ја изведуваше со бендот „Хаустор„, всушност е за актерката Ена Беговиќ, како што со години се зборуваше.

„Многупати ме прашуваа која беше таа Ена. Дали можеби беше Ена Беговиќ, но не … За жал, не беше Ена Беговиќ, но тоа беше одлична тема за разни таблоиди. Мислам, во тоа време многу излегувавме, секоја вечер бевме некаде, се разбира, имаше девојки кои беа во истото друштво… Ми беше мило што можевме да се дружиме, но ниедна од нив всушност не се нарекуваше Ена“, се сеќава Рундек, објаснувајќи зошто Ена.

„Но, добро беше песната да се нарече Ена бидејќи се римува со жена…” заклучува тој, решавајќи ја мистеријата.

Естрада

Актер лажирал расистички напад за да го зголеми својот хонорар од 100 илјади долари

Објавено пред

Американскиот актер Џаси Смолет, ѕвезда од серијата „Империја“, е уапсен откако полицијата утврдила дека тој исценирал расистички напад врз него за време на кој, наводно, речиси бил линчуван со поставување јамка околу вратот.

Смолет, кој е Афроамериканец, пред неколку недели во полицијата во Чикаго пријавил дека на улица бил претепан од двајца мажи и дека нападот бил расно мотивиран, но потоа се покажало дека актерот самиот ги ангажирал наводните напаѓачи и заедно го исценирале инцидентот – со цел да се зголеми неговиот актерски хонорар.

Агенцијата АП, повикувајќи се на лице запознаенo со ситуацијата, пренесува дека Смолет заработувал повеќе од 100 000 долари по епизода од популарната серија во продукција на „Фокс“.

„Гласот на Америка“  објави дека наводната жртва станала осомничен откако Смолет вчера наутро бил уапсен во Чикаго, под сомнение дека во полиција пријавил лажен напад.

„Смолет прво се обидел да привлече внимание со испраќање на лажно писмо, базирано на расни, хомофобични и политички навреди. Кога тоа не му успеало, тој платил 3.500 долари за лажирање напад“, рекол полицискиот службеник од Чикаго, Еди Џонсон.

Се наведува дека Смолет со недели тврдел дека среде улица го претепале двајца мажи кои истовремено го навредувале на расна основа и наводно му ставиле јамка околу вратот.

Адвокатите на Смолет во негова одбрана рекле дека актерот, како и сите други граѓани, има право на пресумција на невиност.

Прикажи повеќе...

Естрада

Џеј Ло покажа интимно катче од својата луксузна вила

Објавено пред

Џенифер Лопез е една од најбогатите жени во светот и  една од најголемите музички ѕвезди денес, a својот луксузен дом и интимни моменти често ги споделува со милиони фанови.

Пејачката сподели дел од атмосферата во нејзината луксузна вила, а судејќи според коментарот, таа уживаше греејќи се покрај каминот.

„Студено”, напиша само кратко Џеј Ло, а на масата и над каминот стоеја црвени рози и сè беше на место.

Покрај тоа, многумина ги забележаа врамените фотографии кои поп-ѕвездата ги чува над каминот, а на кои се близнаците Ема и Макс кои ги има со Марк Ентони, како и нејзиниот свршеник Алекс Родригез, но и неговите деца .

Џенифер и Алекс неодамна прославија две години врска.

Прикажи повеќе...

Естрада

Ози Озборн ја откажа турнејата поради грип

Објавено пред

Пејачот Ози Озборн (70), кој обожавателите го нарекуваат „татко на хевиметалот“, ја откажа турнејата низ Европа и заврши во болница поради грип, објави „Мирор“. Лекарите го советуваа рокерот да побара итен третман бидејќи неговата состојба се влошила.

Неговата сопруга Шерон (66) ја потврди информацијата.

„Лекарите мислат дека престојот во болница е најдобриот начин брзо да закрепне. Ви благодарам на сите за грижата и љубовта“, напиша таа на социјалните мрежи.

Ози ги откажа плановите за турнеја низ Обединетото Кралство и Европа, така што нема да настапи во Нотингем, Манчестер и Глазгов со групата „Јуда Прист”. Причината се токму здравствените проблеми бидејќи има грип и бронхитис, па лекарите стравуваат да не добие пневмонија.

„Многу сум тажен што морам да го одложам европскиот дел од турнејата. Прво имав инфекција на палецот, а сега грип и бронхитис. Сакам да им се извинам на обожавателите кои ми беа верни сите овие години, на мојот бенд, на тимот и на ‘Јуда Прист’ бидејќи сите ги разочарав. Како и да е, ветувам дека ќе ја направам турнејата” – рече Ози. Според плановите, концертите треба да започнат во септември.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток10 часа

Одобрен куќен притвор за Јанакиески, Ристовски останува во Шуто Оризари

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе одлука со која...

Крвав четврток11 час

Утре продолжува расправата за одземање на имунитетот на Вељаноски

Утре напладне треба да продолжи седницата на собраниската Комисија за деловничко-мандатни и имунитетни прашања, на чиј дневен ред е барањето...

Свет13 часа

Јапонски министер се извини поради триминутно доцнење на состанок

Јапонскиот министер Јошитака Сакаруда, задолжен за Олимписките игри во Токио 2020 година, јавно се извини бидејќи вчера задоцни три минути...

Топ13 часа

Во нива во Волково најдено мртво тело на 29-годишна скопјанка

МВР соопшти дека утрово во 9.50 часот било пријавено дека има починато женско лице во нива што се наоѓа во...

Македонија14 часа

Мајката на исчезнатиот Пино најави протест пред Собрание

Мајката на 26-годишниот Пино Секондо, Маја Трпковска, за во понеделник пред Собранието, со почеток во 16:30 часот, најави протест со...

Интервју/Дебата15 часа

(ИНТЕРВЈУ) Силјановска: Ме болат навредите, но јас сум инает и бунтовник

Кандидатката за претседател зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова, предизвика различни реакции во јавноста по објавувањето и изборот...

Македонија15 часа

Судска медицина: Не се вадени органи кај починатите лица

Институтот за судска медицина ги демантира шпекулациите во јавноста дека на некои од починатите лица кои претходно беа пријавувани за...

Македонија16 часа

„Ги поминаа границите“ – директорот на СОЗР во Владата им забрани „Фејсбук“ на вработените

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчески, им забранил пристап до „Фејсбук“, „Инстаграм“ и...

Крвав четврток16 часа

На 15 март пресуда за крвавиот четврток

Претседателката на Судечкиот совет, кој го води случајот за насилствата од 27 април, Добрила Кацарска, следното рочиште на кое ќе...

Македонија16 часа

(Видео) Котевски: Одговорен човек сум, во понеделник поднесувам оставка

Директорот на КПУ „Скопје“, Ѓоко Котевски, пред новинарите рече дека во понеделник ќе поднесе оставка на функцијата поради физичкиот инцидент...

Македонија17 часа

(Видео) Пратеничките Лашкоска и Манаскова обвинија дека Мисовски им се заканува со камен

Пауза на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, им се...

Македонија17 часа

(Видео) Александрова: Бараме домашен притвор за Јанакиески и Ристовски

Пратеничката Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ вчерашниот инцидент во затворот во Шуто Оризари го нарече настан без...

Македонија19 часа

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати, „итен 24“ и „упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин со цел, како што велат од...

Македонија19 часа

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, по вчерашните вербални и физички напади...

Македонија20 часа

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса. Според извори од...

Европа20 часа

Хаос на автопат во Италија: Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир

Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир во северна Италија, при што едно лице загина, а вкупно 37 се...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ: Тепани луѓе во притвор, како да живееме во Северна Кореја

Вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија. Власта го допре дното. Претепувањето на Миле...

Македонија21 час

СДСМ по инцидентите во затворот: Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски

Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски, институциите и граѓаните нема да им дозволат да ја втурнат државата во...

Македонија21 час

Попладне локални врнежи од дожд, на планините снег

Уште во текот на претпладнето облачноста насекаде ќе се зголеми, а во попладневните часови ќе има локални слаби врнежи од...

Македонија1 ден

Архитектите лути, барат итна заштита на ГТЦ без зелениот покрив и на Владата без барок

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар иницираше низа барања на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) до Владата. Архитектите денес...

Досие