Контакт

Естрада

„Дајте музика” во претпразнична општествено одговорна мисија

Објавено пред

Во екот на претпразничните денови ликовите од детскиот едукативно музички серијал „Дајте музика“ се фатија за хумана работа.

Празниците се време за подарување. Играчки, пакетчиња, технолошки уреди се најчесто на листата на желби на најмалите. Но што е она што навистина им е потребно на децата? „ Да го добиеш она што го сакаш нема да те направи посреќен ако го немаш она што ти е потребно“ – гласеше пораката на Јован Дукмеџиев, кој заедно со останатите јунаци од серијалот „Дајте музика“ го искористија најубавиот период од годината да подарат пред сè многу искрени насмевки на многу детски лица.

„Сите деца се еднакви и имаат еднакви права. Секој секому треба да помага и да се дружи, бидејќи вистинските пријателства се најважни во животот“ – порача Филип Поповски од „Дајте музика“ на заедничкото дружење со своите врсници, членови на здружението за хуманоопштествен развој „Проект среќа“. Наташа, Кики, Саша, Јован, Филип и Тео – освен своите новогодишни желби, на дечињата од „Проект среќа“ им подарија пакетчиња од „Витминка“ и „Алкалоид“. Тие упатија моќна порака дека секое дете има право да верува во новогодишната магија.

„Ако желбите на децата не се слушнати, не можат да бидат исполнети. Оние деца чии желби се неисполнети ќе престанат да веруваат во моќта на новогодишните празници. НИЕ не смееме тоа да го дозволиме!“ – порачаа протагонистите од серијалот, продолжувајќи ја својата празнично хумана мисија и во трговскиот центар „Рамстор“ каде им помагаа на волонтерите од Црвениот крст на град Скопје во делењето на подароците од „Новогодишната елка на желби“ наменети за дечињата сместени во згрижувачки семејства.

Од продукциската куќа на проектотот „Дајте музика“, чие емитување на првата сезона беше заокружено минатата недела, велат дека покрај првичната едукативна улога на серијалот низ содржинската матрица, важно е и општественото поведение на ликовите, кои веќе се врснички идоли на голем број деца од различни возрасни генерации.

„Општествената одговорност, хуманоста и позитивните човечки вредности генерално се изучуваат уште од најрана возраст, а пренесувањето низ врснички дружби е најефикасен начин за нивно усвојување“ – изјави Цаци Паковска, носител на проектот „Дајте музика“. Таа изрази особена благодарност до Македонската телевизија за дадената можност за дружење со протагонистите од серијалот и дечињата од „Проект среќа“, до компаниите „Витаминка“ и „Алкалоид“ за подароците, како и до Црвен крст на Град Скопје за можноста да бидат дел од празничната магија.

Естрада

Таблоид тврди дека принцот Хари доживеал нервен слом

Објавено пред

Повеќе странски медиуми ја пренесоа веста дека принцот Хари доживеал нервен слом и бил однесен во психијатриска клиника.

Како што пишува магазинот „Глоуб“, состојбата на Хари се влошувала во текот на изминатите години, особено откако тој минал 10 години служејќи во армијата.

Според пишувањата на таблоидот, „капката што ја прелила чашата“ била разделбата од кралското семејство односно тешкиот чекор на кој се одлучил за да ја заштити својата сопруга Меган Маркл од британската јавност и медиумите кои не се особено наклонети кон неа.

Тој во еден момент призна дека не сака неговата сопруга да мине низ она што и се случило на неговата мајка.

„Принцот и Меган се расправаа за тоа како би изгледал нивниот живот во САД кога ќе заврши карантинот, што го доведе до точка на пукање. Тој заврши во локалната клиника за ментални болести. Слушнав дека има синдром на пострауматски стрес, предизвикан од смртта на неговата мајка, а сегашната состојба и траумата поради разделбата од кралското семејство само ја влошила ситуацијата“, изјавил неименуван извор за таблоидот „Глоуб“.

 

Прикажи повеќе...

Естрада

Заштитните маски на Ким Кардашјан распродадени за рекордно време

Објавено пред

Реалната ѕвезда Ким Кардашјан почна линија на заштитни маски за лице, кои, како што пренесуваат медиумите, се распродале во рекордно време.

Маските се дизајнирани да може да се носат во текот на целиот ден и се наменети за повеќекратна употреба.

Станува збор за заштитни маски кои се проѕирни и растегливи, пренесе Си-ен-ен.

Кардашјан на својот профил на „Твитер“ објави дека колекцијата била распродадена за неколку часа по лансирањето на новиот производ.

„Работиме со партнер во Лос Анџелес за да произведеме нови што е можно побргу“, соопшти Кардашјан додека во САД во сила се заштитни мерки поради пандемијата на кронавирусот.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Видео) „Суперхикс“ во домашни услови сними спот за песна посветена на карантинот

Објавено пред

Карантинот не ги обесхрабри челеновите на „Суперхикс“, туку напротив, ги мотивираше во домашни услови да настане нивната нова песна „СКАрантин“.

Се работи за бунтовна, игрива и ексцентрична, песна во која ќе се пронајде секој екстроверт, но и интроверт.

„СКАрантин, сите сме во СКАрантин“, велат Суперхикс во стиховите проследени со веселата ска-музика, препознатлива за нив.

Во видеоспотот се појавуваат и фанови на бендот кои се забавуваат во нивните домови, со заштитни маски, играат, пеат, свират и покажуваат како го поминуваат своето време во карантин.

„Спотот е изработен во домашно-карантински услови со помош на нашите фанови коишто ни испратија видеа како танцуваат и се забавуваат на нашиот нов сингл. Многу сме горди и среќни што песната беше прифатена позитивно од нивна страна и ни покажаа уште еднаш дека вреди да твориме и во тешки и во убави времиња“, велат членовите на „Суперхикс“.

Карантинската аудио обработка е дело на Ненад Трифуновски – Трипе, а карантинската видеообработка ја направи Гоце Лалковски.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион35 минути

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Регион43 минути

Словенија: Рекорден број заразени од средината на април

Во Словенија од 1456 тестирани примероци, потврдени се 30 позитивни на коронавирус, што е најмногу од средината на април, покажуваат...

Македонија2 часа

Заев: САД се нашиот најголем партнер во градењето на стабилна, демократска држава

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, испрати честитка по повод 4 јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави. Во честитката...

Свет3 часа

Осумгодишно момче убиено во пукање во САД

Осумгодишно момче загина, а тројца други се повредени во пукање во трговски центар во Алабама, објави АП. Полицијата сè уште...

Свет3 часа

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет4 часа

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет4 часа

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет4 часа

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион15 часа

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет16 часа

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет17 часа

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ20 часа

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија21 час

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа22 часа

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија23 часа

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ23 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија1 ден

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет1 ден

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија1 ден

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Досие