Забава
Двејн Џонсон – можен кандидат за иден претседател на САД

Двејн Џонсон призна дека е отворен за идејата да се кандидира за Белата куќа – но само ако народот сака тој да се пресели во политиката.
48-годишна филска ѕвезда за весникот „Ју-ес тудеј“ изјави: Јас би размислил за претседателски кандидат во иднина ако тоа е она што луѓето го сакаат. Навистина го мислам тоа и не сум несовесен на кој било начин со мојот одговор. Тоа ќе зависи од луѓето. Ќе почекам и ќе слушам“.
Двејн претходно сугерира дека може да го предизвика Доналд Трамп за претседател на изборите во 2020 година. Акционата sвезда призна дека бил воодушевен од поддршката што ја добил од фановите.
„Навистина ме одушевија. И тоа е толку ласкаво. Треба да се запрашаме зошто. Мислам дека тоа е затоа што многу луѓе сакаат да видат поинакво лидерство денес, не поинакво, туку подобро лидерство“.
Светските медиуми потсетуваат дека некогашниот професионален борач, а сега омилен актер, доби голема поддршка по навестувањето дека би сакал да стане претседател еден ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Брит авордс“ ги менува правилата благодарение на поп-sвездата Рина Савајама

Поп-sвездата на која ѝ беше кажано дека „не е доволно Британка“ да се натпреварува за наградите „Бритс“ и „Меркјури“, успеа да издејствува пресврт во правилата за доделување на британските музички награди.
На Рина Савајама ѝ беше кажано минатата година дека не може да се натпреварува за наградите бидејќи не е британска државјанка.
Пејачката, која живее во Велика Британија веќе 26 години, сега стекна право да се натпреварува, откако се сретна со шефовите на „Бритс“.
Според новите правила, уметниците кои престојуваат во Велика Британија повеќе од пет години се квалификуваат за главните награди.
Савајама има документи за престој на неопределено време во Велика Британија, но има јапонски пасош за да ги одржува врските со своето семејство, вклучувајќи го и татко ѝ, кој живее во нејзината родна земја.
Бидејќи Јапонија не дозволува двојно државјанство, таа не може да има британски пасош. Тоа доведе до тоа нејзиниот деби-албум „Савајама“, кој доби одлични рецензии, да не може да се квалификува за минатогодишната награда „Меркјури“.
Забава
ТВ-серијата „Фрејзер“ се враќа на малите екрани

Популарната телевизиска хумористична серија од 90-тите години на минатиот век „Фрејзер“, чија главна ѕвезда е Келси Грамер во улогата на Фрејзер Крејн – снобовски водител на радиоемисија – се враќа на малиот екран.
Грамер во средата рече дека ќе ја повтори својата улога во преродбата на хит-комедијата што ќе се фокусира на „следното поглавје во понатамошниот пат на психијатарот д-р Фрејзер Крејн“.
Забава
Следната серија „Војна на ѕвездите“ пристига во мај на „Дизни плус“

Следната серија „Војна на вездите“, анимиран серијал за елитна група клонови, The Bad Batch, ќе дебитира на стриминг-платформата „Дизни плус“на 4 мај, соопшти компанијата во средата.
Акционата серија на студиото Марвел, „Локи“, за негативецот кој го игра Том Хидлстон, ќе има премиера на 11 јуни, се вели во изјавата на „Дизни“ пред презентацијата на претстојните програми пред Здружението на телевизиски критичари.
The Bad Batch ќе ги следи експерименталните клонови во галаксијата што брзо се менува по завршувањето на војната на клоновите.
Датумот на премиерата се совпаѓа со неофицијалниот празник меѓу фановите на „Војна на ѕвездите“.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер