Забава
Двејн Џонсон ја изненади мајка си со нов дом

Двејн (Карпата) Џонсон ја изненади својата мајка со нова куќа.
Актерот од Jungle Cruise ја доведе Ата Џонсон до солзи радосници кога првпат ја виде куќата што ѝ ја купил. Имено, за Ата таа е посебна бидејќи таму планира да го помине остатокот од својот живот.
Двејн напиша на „Инстаграм“: „Те сакам, мамо, и ова е изненадување!“
„Кога бев мало момче, мразев кога мајка ми плаче – овие денови, со задоволство ќе ѝ измамам солзи радосници“.
„Ја изненадив мајка ми и ѝ купив нов дом. Мене и на мојот дизајнерски тим ни требаа 8 недели да го подготвиме. Таа веќе помина низ влезната врата првпат и сè што виде беше сосема ново и целосно изненадување. Досега сум ѝ купил неколку куќи со текот на годините, но оваа е посебна бидејќи таа во последните неколку години постојано ми велеше: по цел живот патувања, сакам овој дом да биде мојот последен. Тоа е мојот сон“.
„Мамо, нема поголемо чувство од тоа да те направам среќна – добредојде дома!“
„Секогаш велам, ако имаш добра мајка, тогаш имаш можност да станеш добро, грижливо човечко суштество. Сите да им дадеме на нашите мајки голема прегратка овој викенд и да ги направиме среќни“.
На видеоклип мајката на 50-годишниот актер, поранешен професионален борач, се гледа како реагира кога ја видела дневната соба, која му оддаде почит на нивниот самоански предок.
„Ги поставивме нејзините стари укулели на ѕидот и успеав да набавам слики од нашите предци што таа ги нема видено од времето кога растеше во Самоа,“ напиша Двејн во објавата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Бред Пит најави крај на актерската кариера

Мега популарниот актер – Бред Пит во интервју за британски „GQ“ најави крај на неговата кариера со образложение дека улогите кои ги добива не ги задолуваат неговите стандарди и афинитети.
„Се сметам дека стојам на последната нога. Во последниот семестар. Што ќе биде овој дел? И како сакам да го дизајнирам? – рече Пит.
По разводот со Анџелина Џоли тој се приклучил на групата „Анонимни алкохоличари“.
„Имав навистина кул машка група овде, која беше навистина приватна и селективна, така што беше безбедно, бидејќи сум гледал работи на други луѓе, како Филип Сејмур Хофман, кој беше снимен додека си ги истура црева и тоа беше неприфатливо за мене“ рече актерот.
Забава
Питон од 100 килограми проголтал елен

Во стомакот на бурмански питон тежок над 100 килограми и со должина од 5,5 метри биле пронајдени остатоци од елен. Најверојатно тоа бил последниот оброк за змијата која била уловена уште во декември минатата година, а која беше во замрзнувач до април годинава, ловците се бореле половина час.
Бурманскиот питон е една од шесте најголеми змии во светот.
Најголемиот примерок досега уловен е од 2005 година, змија тешка 183 килограми и долга 8,2 метри.
Забава
Бил Козби осуден за сексуален напад на тинејџерка пред 47 години

Судот во Калифорнија ја осуди поранешната телевизиска ѕвезда Бил Козби за сексуален напад на тинејџерка уште во далечната 1975 година.
Џуди Хут, сега 64-годишна жена, ќе добие 500.000 долари отштета. Одлуката на поротата е засега единствената правосилна против 84-годишниот поранешен актер, кој досега беше обвинет од десетина жени за сексуални напади.
Пред помалку од една година Козби беше пуштен од затвор затоа што Врховниот суд во Пенсилванија му ја укина пресудата за сексуално матретирање на Андреа Констанд, поранешна директорка на кошаркарски клуб.
Козби е познат по своето хумористично шоу „Козби шоу“.