Контакт

Забава

Деби Хари се потсети на патувањето на „Блонди“ во Куба

Објавено пред

„Блонди“, најуспешниот бенд што се појави на њујоршката панк/њувејв музичка сцена во 70-тите, имаа шест хитови број еден во Велика Британија, вклучувајќи ги Heart Of Glass и Atomic, а продаде 40 милиони плочи ширум светот.

По шест години турнеи низ светот, се распаднаа во 1982 година, откако на гитаристот Крис Стејн му беше дијагностицирана речиси фатална болест на кожата. Вокалистката Деби Хари започна парт-тајм соло кариера додека помагаше во неговото закрепнување.

Деби и Крис, кои во тоа време беа пар, се соочија и со голем финансиски проблем. Тие мораа да платат огромна сума за неплатен данок како резултат на лошо управување и ја изгубија својата куќа. Даночната управа дури и одзеде дел од облеката на Деби за да го надомести долгот. Двајцата ја умртвија болката, емотивна и физичка, со хероин.

Со години идејата за повторно обединување на „Блонди“ изгледаше невозможна – но Деби секогаш беше борец. Кога Крис закрепна во 90-тите години и предложи повторно оживување на „Блонди“, Деби се согласи само под еден услов.

„Имав барање“, се присетува таа. „Реков, не сакам да бидам во стариот бенд. Единствениот начин на кој би го сторила тоа е ако сме креативни. Повеќе претпочитав да гледам во иднината отколку да гледам во минатото, така што тоа беше еден од основните принципи што сметав дека мора да го имаме”.

Со ваквата челична решителност, Деби го претвори враќањето на „Блонди“ од епилог во витално ново поглавје.

Синглот Maria отиде директно на број еден во 1999 година, и тие продолжија да прават хитови – Good Boys, Long Time – удобно сместени покрај класиците како Rapture и Picture This на нивната сет-листа.

Пред две години тие постигнаа уште една долгогодишна амбиција со две специјални свирки во Хавана, Куба.

Долго време фасцинирани од музиката и архитектурата на Куба, бендот ја искористи шансата да го посети островот како дел од официјалната културна размена.

Во краток филм што ги документира концертите, пејачката прави паралели помеѓу Хавана и Њујорк, градот каде што го направи своето име.

Забава

Шакира се соочува со судење поради наводно затајување данок

Објавено пред

Шпански истражен судија увидел „доволно индиции“ за колумбиската поп-ѕвезда Шакира да се соочи со судење за даночна измама, наведено е во судскиот документ објавен во четвртокот (29 јули).

Судијата Марко Џисас Хуберијас ја заврши истрагата за наводите на државното обвинителство дека пејачката не платила 14,5 милиони евра (23,3 милиони долари) данок на приход остварен помеѓу 2012 и 2014 година. Тоа е прелиминарен чекор пред да биде закажано судење.

„Документите (…) приложени кон тужбата се доволен доказ за погрешно постапување за да се продолжи со постапката“, наведува судијата во судскиот документ.

Додека обвинителите велат дека Шакира живеела во регионот Каталонија во тој период, нејзините претставници тврдат дека до 2015 година таа живеела на Бахамите, не во Шпанија и дека ги исполнува сите даночни обврски.

„Во периодот од 2012 до 2014 година Шакира била даночен обврзник на Бахамите, а не на Шпанија,“ тврдат нејзините претставници, и додаваат дека повремено патувала во Шпанија, а официјално почнала да живее таму дури од 2015 година.

Претставниците на Шакира во Шпанија во четвртокот преку е -пошта изјавија дека „судскиот документ е очекуван чекор во процесот“ и дека правниот тим на пејачката „целосно соработува со правосудните органи и нема да коментира понатаму“.

44-годишната пејачка е во врска со дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике од 2011 година и имаат две деца.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Луцифер се враќа за сезоната 6

Објавено пред

Сагата за Луцифер е речиси исто толку епска како и библиските приказни што ја инспирираат.

Фановите стравуваа дека крајот беше предвреме близу во неколку наврати, но „Нетфликс“ конечно потврди дека серијата ќе има шеста и последна сезона.

Веста дојде преку официјална објава на Твитер, придружена со броевите „666“ и следнава најава: „Ѓаволот нè натера да го сториме тоа. Луцифер ќе се врати за шеста и последна сезона. Како, крајно финале.“

Завршната сезона ќе има 10 епизоди, а ќе почне да се емитува на 10 септември.

Главниот фокус на серијата е Луцифер Морнингстар, ѓаволот, кој е несреќен и уморен од тоа да биде господар на пеколот. Го напушта престолот и го менува своето кралство со Лос Анџелес, каде води свој ноќен клуб „Лукс“. Тој е повикан да работи како консултант за полицијата на Лос Анџелес.

Прикажи повеќе...

Забава

Алекс Родригез и Мелани Колинс облечени во тон

Објавено пред

Тие уживаа во луксузно патување во Сен Тропе возејќи се на крузер изминатава недела.

А, Алекс Родригез и ТВ-водителката Мелани Колинс во средата беа забележани додека шетаат и разгледуваат продавници во францускиот град.

46-годишникот и Мелани, двајцата облечени во бела облека, посетија голем број продавници само неколку часа откако неговата поранешна свршеница Џенифер Лопез, која моментално е во Италија со Бен Афлек, застана во истите објекти.

 

Таблоидите шпекулираат дека Бенифер (Бен и Џенифер) заминале за Италија откако дознале дека поранешниот свршеник на Џенифер е во Сен Тропе.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија3 часа

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија5 часа

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија6 часа

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ6 часа

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ7 часа

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Свет8 часа

Во Кина се појави ново жариште на коронавирус, најголемо по Вухан

Жариште на Ковид-19 откриено во кинескиот град Нанџинг се прошири во пет кинески провинции и главниот град Пекинг, а кинеските...

Топ9 часа

Во гостилница во Арачиново специјалците уапсија меѓународен наркодилер кој побегнал од затвор

Во акција во угостителски објект во скопско Арачиново, утрово околу 6 часот и 45 минути бил уапсен 43-годишен арачиновец кој...

Свет9 часа

Сè поголем притисок врз невакцинираните војници и државни службеници во САД

Американскиот претседател, Џо Бајден, донесе серија мерки за поттикнување на вакцинацијата во САД, вклучително и задолжителна вакцинација за милиони федерални...

Свет10 часа

Израел почнува со вакцинација со трета доза од вакцината

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, објави дека земјата ќеапочне да дава трета доза од вакцината против коронавирус на лица постари од...

Македонија10 часа

СДСМ објави уште петмина кандидати за градоначалници

СДСМ објави уште пет имиња на кандидати за градоначалнци за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври. Партијата...

Свет21 час

Американски дипломат 14 години дрогирал и силувал жени, му се заканува доживотен затвор

Поранешен службеник на американската амбасада во Мексико се изјасни за виновен за дрогирање и сексуална злоупотреба  на најмалку 23 жени...

Свет23 часа

(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина...

Свет1 ден

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија1 ден

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија...

Македонија1 ден

Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Македонија1 ден

Новото име на мини шенген е Отворен Балкан, потпишани првите официјални договори

Како дел од церемонијата на Економскиот форум во Скопје денеска беше објавено новото име на иницијативата позната како мини шенген,...

Македонија1 ден

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство

Македонија доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот...

Македонија1 ден

Рама од Скопје: Изгубивме векови, наместо грб со грб време е да се свртиме кон соработка

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје порача дека „нема зошто да останеме затворени...

Досие