Контакт

Забава

Деми Мур му го честита роденденот на Брус Вилис

Објавено пред

За време на 13-годишниот брак, тие беа една од најгламурозните двојки во Холивуд, а по нивниот развод во 2000 година, тие останаа во добри односи. Тогаш Брус и Деми Мур (57) изјавуваа дека приоритет им се нивните деца.

Холивудската двојка има три ќерки: Румер (31), Скаут (28) и Талула (26) и токму поради нив, емотивната Деми реши јавно да му се заблагодари на својот поранешен сопруг.

„Среќен роденден, Брус! Ти благодарам за трите најголеми подароци во мојот живот“, напиша актерката и објави семејна фотографија од 90-тите години, која ги развесели нивните обожаватели.

Брус и Деми се запознале во 1987 година на премиерата на филмот „Заседа“, а истата година се венчале. За време на бракот, тие двајцата цветаа на деловен план и беа едни од најпосакуваните и најплатени актери во индустријата. Во 1998 година објавија дека веќе не се заедно, а во 2000 година се разведоа.

Забава

Возможна мисија – Том Круз доби зелено светло да снима филм на Меѓународната вселенска станица

Објавено пред

Тој е познат по ризичните сцени што сака да ги изведува сам, без каскадери, во филмовите од хит-серијалот „Невозможна мисија“.

И, конечно, на Том Круз му е отворен патот за неговата најсмела мисија досега.

Холивудската sвезда (58) ќе биде во капсулата „Спејс икс драгон“ на закажано патување до Меѓународната вселенска станица во октомври 2021 година за да снима сцени од најновото продолжение на „Невозможна мисија“, објави „Спејс шатл алманак“ во вторникот.

Истиот извор на „Твитер“ објави графикон за претстојните планирани лансирања до ISS (Меѓународна вселенска станица) заедно со листи на екипажот.

На првото туристичко патување, како што е наведено во распоредот, ќе бидат Круз и режисерот Даг Лиман (55).

 

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Шерон Стоун открива – Роберт де Ниро е најдобриот бакнувач

Објавено пред

Холивудската актерка Шерон Стоун во вторникот откри дека од сите мажи на големиот екран со кои глумела во текот на својата четиридецениска кариера, двократниот оскаровец Роберт де Ниро бил најдобар бакнувач.

Стоун и Де Ниро ги споија усните како Џинџер Мекена и нејзиниот сопруг, шеф на казино, Сем (Ејс) Ротштајн, во филмот „Казино“ од 1995 година.

„Нема дилема, Роберт де Ниро најдобро бакнува“, рече Стоун во виртуелното ток-шоу Watch What Happens Live.

„Боб беше актер на кој најмногу му се воодушевував“. Само сакав да можам да седам спроти Ниро на мса. Можеби затоа што имав високо мислење за него или затоа што премногу го ценев, сето тоа придонесе бакнувањето да биде врв на моментот за мене“.

Стоун се пошегува дека Де Ниро би можел да ја удри со чекан во главата и дека таа сè уште би била воодушевена.

„Бев лудо вљубена во него како актер. Тој не може да се спореди со ниту еден друг од главните протагонисти на големиот екран,“ рече Стоун и додава дека не ѝ се допаѓало бакнувањето со други актери.

Прикажи повеќе...

Забава

Млада Либанка се придружи на глобалниот поп-бенд

Објавено пред

Тинејџерска пејачка од Либан оваа недела стана дел од глобалниот поп-бенд формиран од Сајмон Фулер, човекот кој стои зад „Спајс грлс“ и „Американски идол“, а чија цел е да ги трансформира младите непознати луѓе во интернет-суперsвезди.

Овој проект можеби изгледа грандиозна амбиција во време на глобална здравствена криза. Но, бендот Now United (сега обединети), со над десетина тинејџери од целиот свет, чекори напред, а неделава веќе снима нова музика во градот Дубаи.

Нур Ардакани (18) даде интервју за „Асошиејтед прес“ во текот на нејзината посета на Обединетите Арапски Емирати и рече дека ѝ е чест да го претставува Либан.

„Уметноста и музиката се многу важни во вакви времиња“, рече Либанката и додаде дека нејзината земја поминува низ многу тежок период.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет2 часа

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија2 часа

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија4 часа

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија4 часа

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион4 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Македонија5 часа

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија5 часа

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Свет6 часа

Путин: Во Русија наскоро ќе биде регистрирана уште една вакцина против коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека наскоро ќе биде регистрирана втората руска вакцина против коронавирусот. „Наскоро ќе биде регистрирана друга...

Македонија6 часа

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија7 часа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Македонија7 часа

(Видео) Заев – Гир: За неколку месеци очекуваме успешна завршница на подготовките на преговарачката рамка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на ЕУ во нашата земја, неговата екселенција Дејвид Гир. Тој...

Европа8 часа

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа8 часа

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет9 часа

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија9 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија10 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија23 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија24 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Досие