Контакт

Забава

Деми Мур позира гола за насловната на „Харпер базар“ – 28 години по „Венити фер“

Објавено пред

Светот воздивнуваше колективно кога таа позира гола и бремена на 29-годишна возраст за насловната на Венити фер во 1991.

Деми Мур го стори тоа повторно – овој пат позирајќи во езотични марами за насловната страница на Харпер базар 29 години подоцна.

Носејќи на себе само џиновски розов шешир, актерката од филмот Дух неодамна ја сподели неверојатната насловна со фановите на „Инстаграм“.

Во времето кога позира за „Венити фер“, сега мајка на три деца, Деми беше бремена со своето прво дете Румер Вилис, чиј татко е ѕвездата на акциските филмови, Брус Вилис.

Актерката (56) разговараше со Лена Данхам за октомвриското издание на „Харпер“. Придружното интервју за магазинот е можеби еднакво емотивно разголено, како и физичкото на насловната страница.

Во него поранешната сопруга на Ештон Качер зборува за своите искуства во надминување на зависноста имајќи го предвид фактот дека „таа ја изгуби трезвеноста во своите 40-ти“, вели Данхам.

 

 

Забава

Рајан Рејнолдс: Фановите ќе го сакаат камеото во „Слободно момче“

Објавено пред

Актерот Рајан Рејнолдс верува дека фановите ќе ги обожаваат скриените камео-појавувања во акционата комедија „Слободно момче“ (Free Guy).

Рејнолдс (44) ја предводи актерската постава на претстојната научно-фантастична акција комедија, и предвидува дека малите елементи во филмот ќе се покажат популарни кај фановите.

Запрашан за неговиот омилен дел од филмот, Рејнолдс за „СинемаБленд.ком“ изјави: „За мене тоа се велигденските јајца, има толку многу велигденски јајца во филмот. Има и низа малку скриени камеа.. има многу интересни моменти.“

Прикажи повеќе...

Забава

Мет Дејмон е многу среќен за Бен и Џенифер

Објавено пред

Мет Дејмон ја искоментира обновената романса на својот долгогодишен пријател Бен Афлек со пејачката Џенифер Лопез и нагласи дека неговиот пријател ја заслужува сета среќа.

50-годишниот актер за „Екстра“ рече: Многу ми е мило за него. Тој е најдобар, ја заслужува сета среќа на светот. Драго ми е и за двајцата”.

Двојката – која требаше да се венча во 2003 година, но ја одложи својата венчавка поради „претерано медиумско внимание“ пред да ја откаже свршувачката следната година – последниве месеци повторно се зближи по разделбата на Џенифер со Алекс Родригез.

Џенифер и Бен моментално се на романтично бегство во Сен Тропе, каде во саботата вечерта со група пријатели го прославија нејзиниот 52. роденден во ноќен клуб на француската ривиера.

Прикажи повеќе...

Забава

Ова лето ништо нема да ве освежи како коктел маргарита од лубеница, но бидете внимателни со него!

Објавено пред

Маргарита со омилени летни плодови често подготвува актерката Рис Витерспун во нејзината кујна. Овој генијален пијалак има голем број придобивки, значителен алкохолен вкус кој инстантно освежува – може ли да биде подобро?

И кога веќе можете да си дозволите убаво задоволство кое вклучува алкохол, направете го тоа со стил – сигурно ќе сакате да пробате маргарита од лубеница според рецептот на Рис.

Иако во нејзината кујна често се мешаат здрави зелени сокови и смути, актерката, приврзаник на здрав начин на живот, понекогаш целосно се опушта.

Напитокот, кој содржи и огнена текила, всушност е дополнително збогатен со освежителна лубеница полна со витамини и минерали. Лубеницата е, меѓу другото, одличен извор на витамин Ц, витамин А, калиум, магнезиум … содржи многу течности и има многу малку калории. Непотребно е да се напомене дека е вкусна состојка во алкохолен пијалак што може да стане ваш омилен ова лето.

Еве што ви треба: 30 мл сок од лимета, 30 мл сируп од агава, 30 мл сок или пире од лубеница, 45 мл текила, 3 лисја од нане.

Само обидете се да бидете внимателни со оваа освежувачка бомба!

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, владата со препораки за заштита од топлотниот бран

Владата издаде препораки како заштита на населението од топлотниот бран и од денеска-среда до недела (29.07-01.08.2021 година) се препорачува: Ослободување...

Свет1 час

Бајден: Mаските и вакцините најдобра заштита од делта-сојот

Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека носењето заштитни маски и вакцинирањето во области во кои доминира делта-сојот на коронавирус се...

Македонија17 часа

Maкедонците сè уште се вакцинираат на белградскиот саем

Македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот саем. „Меѓу 300 и 500 граѓани се вакцинираат дневно на саемот во...

Македонија17 часа

Напад врз новинар ќе се смета како напад врз службено лице, се воведува и кривично дело демнење

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објави дека во Владата поминале измените на Кривичниот законик, со кои заштитата на медиумските работници...

Македонија17 часа

Заев по повод 20 години од Рамковниот договор: Успешна историја благодарение на партнерите ЕУ, САД и НАТО

Владата денеска одржа тематска седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање на седницата премиерот Заев потенцира...

Македонија18 часа

Дејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Дејан Геoргиевски го прекина 20-годишниот пост на Македонија и од Олимписки игри ќе го донесе досега најблескавиот медал во 30-годишната...

Македонија19 часа

Регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на...

Македонија21 час

Заев: 17 октомври е датумот за локалните избори

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска...

Европа22 часа

(Видео) Силна експлозија го потресе Леверкузен: Жителите добиле предупредување за екстремна опасност

Силна експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен облак од...

Македонија22 часа

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Ова, додаде тој,...

Европа23 часа

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт23 часа

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Во полу-финалето, Георгиевски го...

Македонија1 ден

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се...

Свет1 ден

(Видео) Песочна бура проголта град во Кина

Песочна бура висока речиси 100 метри зафати град во северозападна Кина, при што целиот град остана покриен со прашина. На...

Европа1 ден

Украинскиот напад ќе заврши со колапс, одговори Русија по изјавите за нова офанзива на Киев

Коментирајќи ја позицијата на поранешниот заменик-министер за привремено окупираните територии на Украина, Јуриј Гримчак, кој повика на подготовка на армијата...

Европа2 дена

Стапката на заразени од коронавирус во Европа се зголемува, предупредува СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека стапката на ширење на коронавирусот е забрзана во некои европски земји, пренесуваат светските...

Европа2 дена

(Видео) Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска зедоа замав во јужна Европа, а некои северни земји ги расчистуваат...

Регион2 дена

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Македонија2 дена

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија2 дена

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Досие