Забава
Денеска почнува летото – ова е најдолгиот ден во годината

На северната земјина хемисфера, денеска, во 11.13 часот почнува летото, а на јужната хемисфера во исто време почнува зимата.
За жителите на северната полутопка летото почнува во оној момент кога правецот на северниот дел од земјината оска е најблиску до сонцето. Висината на сонцето на тој ден е најдалеку.
Во ист момент на спротивната полутопка почнува зимата.
На првиот ден од летото ноќта е најкратка, а денот најдолг – трае 15 часа и 36 минути.
Летото ќе трае до 23 септември 2022 година кога официјално почнува есента.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џејмс Камерон го споредува „Аватар 2“ со „Господарот на прстените“

Режисерот Џејмс Камерон во интервју го спореди претстојното продолжение „Аватар: Патот на водата“ (Avatar: The Way of Water “) со „Господарот на прстените“ на Питер Џексон.
Во интервјуто, режисерот вели дека сака да раскаже една поголема приказна и да остави влијание како серијалот романи на Толкин и филмовите на Питер Џексон.
„Во тоа време им реков на ‘Фокс’: ќе го направам тоа, но тука мора да играме поголема игра. Не сакам само да направам каков било филм и да го снимам. Сакам да раскажам поголема приказна“, рече Камерон.
„Замислете да постои серија романи како Господарот на прстените, а ние ги адаптираме“. Сега, тоа беше одлично теоретски, но потоа морав да одам да ги создадам чудните романи кои ќе ги адаптирам.“
Слично на трилогијата на Џексон, „Господарот на прстените“, Камерон ги снимаше продолженијата на „Аватар“ едно по друго. По објавувањето на The Way of Water, третиот филм се очекува да дебитира во декември 2024 година. Четвртиот и петтиот филм ќе следат на секои две години. На Камерон не му било лесно да дојде до таков договор.
Забава
Во сеќавање на принцезата на народот – Лејди Ди

Споменот на неа сè уште живее. Таа успеа да влезе во историјата и да ги освои срцата на Британците, но и останатите ширум светот.
Светот остана во шок на 31 август 1997 година, кога се прошири веста за сообраќајната несреќа во тунел во Франција во која животот го загуби омилената британска принцеза. Доколку нејзиниот возач одбереше некој друг пат, принцезата на народот, како што ја нарече тогашниот британски премиер Тони Блер, на 1 јули ќе наполнеше 61 година.
Дијана и Чарлс се венчаа на 29 јули 1981 година во Катедралата Св. Павле во Лондон. Свадбената церемонија ја гледаа преку 750 милиони луѓе, а пренос имаше на 74 телевизиски станици ширум светот. На церемонијата присуствуваа 2.650 гости, а Дијана беше облечена во венчаница од 9.000 фунти, чиј „опаш“ беше долг дури осум метри.
Стилот што го негуваше принцезата Дијана изврши големо влијание врз многу генерации.
Таа се трансформираше од срамежлива девојка во обожавана принцеза и модна икона која носеше парчиња од Версаче, Шанел и Кетрин Вокер.
Во секоја пригода, независно дали се работи за црвен килим или за деловен изглед, или пак во моментите кога сакаше да биде само „обична“ девојка, нејзиниот стил беше инспирација за бројни копирања.
Забава
Српски документарец за Првата светска војна меѓу најгледаните на „Нетфликс“ во Европа

Документарецот на Милош Шкундриќ, The Long Way to War („Долгиот пат во војна“) е на листата 10 најгледани филмови на „Нетфликс“ во 14 европски земји во првата недела од прикажувањето.
Продуцентската куќа „Парадокс филм“ истакнува дека има особено добра гледаност во нордиските земји. Документарниот филм е деветти на листата во Холандија и шести во Шведска.
„Ова е важна вест за српската кинематографија и српската историографија”, се наведува во соопштението на продуцентската куќа. Филмот прикажува интервјуа со историчари кои откриваат како настанала Првата светска војна. Во филмот глумат Џон Рол, Хју Страхан, Доминк Ливен, Аника Момбауер, Олег Ајрапетов, Жорж-Анри Суту, Лотар Хобелт, Стиг Форстер, Жан Пол Блед, Алан Аскед и Душан Батаковиќ.
На „Нетфликс“ пристигна на 28 јуни, точно на годишнината од атентатот врз австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд. Атентатот го изврши Гаврило Принцип.
Документарецот се прикажува во 30 европски земји, каде што стриминг-платформата има публика од околу 70 милиони претплатници. Ќе биде достапен за гледање во следните пет години. Направен е со поддршка на Министерството за култура на Србија и Филмскиот центар на Србија во 2018 година. Низ годините, филмот е наградуван на бројни меѓународни филмски фестивали.