Hitech
Денеска се гаси „Интернет експлорер”

„Мајкрософт” ја исклучува својата програма „Интернет експлорер” по 27 години. Од денеска, „Мајкрософт” ќе престане да обезбедува техничка поддршка за најновата верзија на прелистувачот, „Интернет експлорер 11″.
Компанијата пред повеќе од една година објави дека „Експлорер“ ќе биде отстранет од повеќето верзии на оперативниот систем Виндоус 10. Не беше вклучен ниту во нејзината надградба на Виндоус 11, објавена минатата година.
„Интернет експлорер” првпат се појави во 1995 година како дел од оперативниот систем Виндоус 95. Во 2016 година,„Мајкрософт” престана да го развива на сметка на својот нов прелистувач „Еџ”.
„Експлорер“ порано беше најкористениот интернет-прелистувач, а врвот го достигна во 2003 година со 95% удел на пазарот.
Неговата употреба е значително намалена со лансирањето на други прелистувачи и зголемената популарност на мобилните оперативни системи како „Андроид” и „ИОС” кои не поддржуваат „Интернет експлорер”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech
Нова мобилна апликација со која ќе ги следите само оние вести што ве интересираат

Апликацијата my newz овозможува да ги следите најновите и актуелни вести од преку 250 македонски извори со посебна можност да одберете свои омилени медиуми и категории.
Новата мобилна апликација ви овозможува: Да се информирате брзо, селектирано, проверено и релевантно, да не губите време барајќи ги вестите што ве интересираат, да не прелистувате реклами што ве нервираат, да биде главен и одговорен уредник на вашите вести, да креирате сопствени категории спoред вашите интереси, да ги сочувате вестите и да ги прочитате подоцна.
И можеби најважното – со селекција на вести од релевантни медиуми, апликацијата ве штити од лажни вести.Доколку не сакате спорт, во апликацијата нема да има вести поврзани со спортот, ако политиката ви е напорна, повеќе нема да читате за дневнополитички настани.
Со само неколкуклика ќе го создадете вашиот персонализиран е-весник и во него секојдневно ќе ги следите единствено информациите од категориите и изворите кои вие ќе ги одберете.
Бесплатна, лесна и едноставна за употреба и со само неколку клика my newz ќе стане вашето единствено место во потрага по тоа што ве интересира.Апликацијата my newz е развиена со помош и поддршка од програмата за кофинансирање на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).
Оваа апликација е единствена во светот по своите карактеристики и може да се преземе од PlayStore, додека iOS верзијата ќе биде достапна до средината на февруари
Hitech
(Видео) Јапонски телевизор за лижење: Со сликата доаѓа и вкус

Јапонски професор развил прототип на ТВ-екран кој може да се лиже и кој може да имитира различни вкусови на храна, што наводно е уште еден чекор кон создавање мултисензорно искуство на гледање.
Уредот наречен „Taste the TV“ (TTTV) користи 10 канистри со различни вкусови кои во различни комбинации создаваат вкус на одредена храна. Примерокот на вкусот потоа се нанесува на површината на екранот за да може гледачот да го „вкуси“ јадењето претставено на телевизорот.
Во време на пандемија, овој тип на технологија може да го подобри начинот на кој луѓето се поврзуваат и комуницираат со надворешниот свет, вели Хомеј Мијашита, професор на Универзитетот Меиџи во Токио.
Мијашита вели дека направил прототип на TTTV во текот на минатата година и дека правењето комерцијална верзија би чинело околу 700 долари.
Потенцијалната употреба на оваа технологија би можела да биде за курсеви на далечина за готвачи и сомелиери, или за разни игри и квизови за дегустација, вели професорот.
Hitech
(Видео) Legendary од Теохаров и Влатко Стефановски – звучна перфекција што го одбележа годинешниот аудиосаем во Загреб

Теохаров аудио годинава која привршува ја заокружи со промоција на своето најново дело кое го конструираше во соработка со Влатко Стефановски.
Заедничката страст кон музиката и аудиопроизводи од висока класа на Теохаров и Стефановски се основата врз која се изгради пријателство и иницираше креативна идеја која жестоко целеше напред, кон реализација и триумф над сите ризици и неизвесности поради пандемијата.
Амбицијата стана реалност.
Бескомпромисниот инженеринг на Теохаров и бојата на звук на Стефановски се имплементираа во совршено елегантна форма која носи симболично име – Legendary!
Legendary ја имаше својата светска промовија на 17.10.2021 година во рамките на интернационалниот фестивал за аудио и видеоорема, Too Loud fest 2021 во Загреб.
Повеќе од 120 посетители од цела Европа, централниот дел на вториот кат од хотелот Double tree by Hilton го исполнија со воодушевувачка тишина, внимателно апсорбирајќи го секој кажан збор од промоторите.
Она што е најважно, и кое публиката трпеливо го очекуваше беа првите ноти кои ќе протечат низ ова легендарно ремек-дело. Под вештата рака на Стефановски, овој настап во живо ги долови сите нијанси на совршена звучна репродукција која ги освои сите присутни, но и оние кои промовијата ја следеа онлајн.
Legendary, во лимитирано издание од 15 парчиња, дефинитивно го одбележа овогодишното издание на фестивалот, оставајќи зад себе имперсии за кои долго ќе се говори.
За македонската публика, Legendary беше визуелно претставен во рамките на овогодишното издание на Skopje Jazz Festival, во Националната опера и балет.
Звучните перформанси на Legendary, за сите заинтересирани, ќе бидат претставувани со внимателно утврден индивидуален концепт за секој посетител поединечно.