Забава
Дени Бојл ќе режира ТВ-серија за „Секс пистолс“

Британскиот режисер оскаровец Дени Бојл (Slumdog Millionaire, Trainspotting) треба да режира и продуцира ТВ-серија за панк-иконите од 1970-тите, „Секс пистолс“.
„Пистолс“ е базирана на мемоарите „Лонли бој“ на гитаристот Стив Џонс, а во неа ќе глумат Ансон Бун (во улога на Џон Лидон и Луис Партриџ (Енола Холмс) како Сид Вишус.
Sвездата од „Игра на тронови“, Мејси Вилијамс, исто така, ќе ја игра Памела Рук, алијас Џордан, која беше една од најзаслужните за создавањето на панк-изгледот.
Снимањето треба да започне во март за американската ТВ-мрежа FX, a предвидено е мини серијата да има шест епизоди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Серена Вилијамс тренира со својата ќерка Олимпија

Таа во моментов е во Австралија каде што се подготвува за следниот гренд-слем тениски турнир „Австралија опен 2021“.
Серена Вилијамс неодамна на својот Тик Ток сподели видео што било направено пред таа да замине од дома.
Легендата на тенисот може да се види како игра со нејзиниот „тренинг партнер“ – тригодишната ќерка Олимпија.
Серена е во брак со Алексис Оханијан, коосновач на „Редит“, со кого се омажи во 2017 година во Њу Орлеанс.
Забава
Гвинет Палтроу ужива во прошетка на зајдисонце со сопругот Бред Фалчук

Гвинет Палтроу и нејзиниот сопруг Бред Фалчук изгледаа среќни во лежерна прошетка во Лос Анџелес во вторникот.
Bљубените птички, кои го врзаа јазолот во септември 2018 година, се добро расположени како и секогаш. 48-годишната оскаровка е во спортско издание, кое добро ѝ прилега на тенката фигура.
Нејзиниот човек, кој е најпознат по тоа што заедно со Рајан Марфи ги создадоа „Американска хорор-приказна“ и „Крик“ носи црн дуксер World Series Champions и црни долни тренирки.
Најновата филмска улога на актерката, која исто така е претприемач и деловна жена со сопствен лајфстајл-бренд, беше во 2019 година во Марвеловиот Avengers: Endgame („Одмазници: Завршница“).
Мајка на две деца, која сега се фокусира на својата лајфстајл и велнес-компанија „Гуп“, вредна 250 милиони долари, вели дека нејзините приоритети во животот се променети.
Забава
Дрејк го одложи објавувањето на новиот албум вторпат

Еден од најочекуваните нови студиски албуми во последно време има уште една пречка.
Канадската суперarвезда Дрејк одлучи да го одложи објавувањето на Certified Lover Boy вторпат. Доцнењето се должи на лични причини, кои вклучуваат сериозно повреда на коленото и последователна операција.
Според првичните најави на раперот, албумот требаше да излезе летото 2020 година, а потоа и во јануари 2021 година.
„Планирав да го објавам мојот албум овој месец, но помеѓу операцијата и рехабилитацијата мојата енергија беше насочена на закрепнување“, сподели Дрејк на „Инстаграм-стори“ во средата, 20 јануари.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот