Контакт

Забава

Детето на Илон Маск бара промена на името и раскинување на сите врски со него

Објавено пред

Трансродовата ќерка на Илон Маск, милијардерот и основач на „Тесла“, поднесе барање за промена на името во согласност со својот нов родов идентитет и затоа што повеќе не живее или не сака на кој било начин да биде поврзана со својот биолошки татко.

dobivaj vesti na viber

Ксавиер Александар Маск, кој неодамна наполни 18 години, побарал промена на полот од машко во женско и промена на името според судските документи, пренесуваат агенциите.

Според написите, барањето за промена на името и нов извод од Матичната книга на родените, што го одразува нејзиниот нов родов идентитет, било поднесено до Врховниот суд на округот Лос Анџелес во Санта Моника во април, а неодамна беше објавено од медиумите.

Нејзина мајка е Џастин Вилсон, која се разведе од Маск во 2008 година.

Според извештаите, нема објаснување за раздорот меѓу Маск и ќерка му. Ниту адвокатот на Маск ниту канцеларијата за медиуми на „Тесла“ веднаш не одговори на барањето на „Ројтерс“ за коментар, пренесува медиумот.

Еден месец откако неговото дете поднесе барање за промена на името и полот, Маск рече дека ја поддржува Републиканската партија, чии избрани претставници поддржуваат серија закони со кои се ограничуваат правата на трансродовите луѓе во државите во целата земја, анализира медиумот.

„Апсолутно ја поддржувам трансродовата припадност, но сите овие заменки се естетски кошмари“, твитна Маск во 2020 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Бред Пит најави крај на актерската кариера

Објавено пред

Мега популарниот актер – Бред Пит во интервју за британски „GQ“ најави крај на неговата кариера со образложение дека улогите кои ги добива не ги задолуваат неговите стандарди и афинитети.

dobivaj vesti na viber

„Се сметам дека стојам на последната нога. Во последниот семестар. Што ќе биде овој дел? И како сакам да го дизајнирам? – рече Пит.

По разводот со Анџелина Џоли тој се приклучил на групата „Анонимни алкохоличари“.

„Имав навистина кул машка група овде, која беше навистина приватна и селективна, така што беше безбедно, бидејќи сум гледал работи на други луѓе, како Филип Сејмур Хофман, кој беше снимен додека си ги истура црева и тоа беше неприфатливо за мене“ рече актерот.

Прикажи повеќе...

Забава

Питон од 100 килограми проголтал елен

Објавено пред

Во стомакот на бурмански питон тежок над 100 килограми и со должина од 5,5 метри биле пронајдени остатоци од елен. Најверојатно тоа бил последниот оброк за змијата која била уловена уште во декември минатата година, а која беше во замрзнувач до април годинава, ловците се бореле половина час.

dobivaj vesti na viber

Бурманскиот питон е една од шесте најголеми змии во светот.

Најголемиот примерок досега уловен е од 2005 година, змија тешка 183 килограми и долга 8,2 метри.

Прикажи повеќе...

Забава

Бил Козби осуден за сексуален напад на тинејџерка пред 47 години

Објавено пред

Судот во Калифорнија ја осуди поранешната телевизиска ѕвезда Бил Козби за сексуален напад на тинејџерка уште во далечната 1975 година.

dobivaj vesti na viber

Џуди Хут, сега 64-годишна жена, ќе добие 500.000 долари отштета. Одлуката на поротата е засега единствената правосилна против 84-годишниот поранешен актер, кој досега беше обвинет од десетина жени за сексуални напади.

Пред помалку од една година Козби беше пуштен од затвор затоа што Врховниот суд во Пенсилванија му ја укина пресудата за сексуално матретирање на Андреа Констанд, поранешна директорка на кошаркарски клуб.

Козби е познат по своето хумористично шоу „Козби шоу“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Бугарскиот парламент го одобри францускиот предлог, дополнет со четири услови

Народното собрание гласаше за нацрт-резолуција за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје. За предлогот на Демократска Бугарија, одобрен од...

Европа3 часа

Рама со одговор до бугарското МНР: Пријатели, смирете се, тргнете го ветото или бидете трпеливи со мене

Албанскиот премиер Еди Рама реагира кога бугарското Министерство за надворешни работи побара од него да зборува на соодветен јазик за...

Европа5 часа

Бугарското МНР за Рама: Слушаме непровоцирани, тешки и навредливи квалификации од шеф на влада

Бугарија отсекогаш била меѓу оние земји членки на Европската Унија што ја поддржуваат европската припадност на албанскиот народ. Ги браневме...

Македонија6 часа

Милошоски до Османи: Нема потреба од два збора, ниту правдање со загради, доволна е оставка!

„Нема потреба ниту од два збора ниту има потреба од правдање со загради. Еден збор е доволен. Оставка“. Ова е...

Европа6 часа

Украина и Молдавија со кандидатски статус; Макрон: Ова е порака до Русија

Еден од најмоќните европски политичари, францускиот претседател Емануел Макрон, ја поздрави одлуката Украина да добие официјален статус на земја кандидат...

Македонија6 часа

Османи: Усвојувањето на резолуцијата во Бугарија ќе го блокира европскиот процес и ќе го парализира договорот за пријателство

Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на Европската Унија во регионот, напиша на социјалните мрежи министерот за надворешни работи,...

Европа7 часа

Гајдај: Украинските сили добија наредба да се повлечат од Северодонецк

Украинските сили добија наредба да се повлечат од Северодонецк на истокот на земјата, каде што се водат жестоки битки со...

Европа7 часа

Зеленски за официјалното доделување статус во ЕУ: Украина не е перница меѓу Западот и Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот канал на „Телеграм“ објави уште еден коментар за официјалното доделување статус на кандидат за...

Македонија7 часа

Захариева: Петков требаше поодговорно да се однесува за Северна Македонија

Немањето став повеќе од една недела за францускиот предлог за регулирање на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија ги влоши...

Свет18 часа

Руте: Загрижен сум за С. Македонија, а со тоа и Албанија, поради бугарската блокада

Марк Руте – премиерот на Холандија пред почетокот на Европскиот самит во Брисел изрази загриженост поради бугарската блокада за Северна...

Свет18 часа

ЕУ им додели кандидатски статус на Украина и Молдавија

Кандидатски статус за влез во ЕУ вечерва добија Украина и Молдавија – дваесет и седум членки на Унијата ја донесоа...

Свет21 час

Мишел: За Северна Македонија продолжува работата кон брзо изнаоѓање на прифатливо решение

Претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел по самитот ЕУ – Западен Балкан на Твитер напиша дека „На ЕУ и...

Регион1 ден

Вучиќ: Ќе се бориме заедно за европска иднина почитувајќи се себеси

Србија денеска даде голема поддршка за отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Повторно ништо не се случи....

Регион1 ден

Рама: Жал ми е за ЕУ, ни пандемијата ни војната не ги обедини Европејците

Албанскиот премиер Еди Рама, по самитот за Западен Балкан, изјави дека му е жал за Европската Унија и дека се...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Францускиот предлог е неприфатлив

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека францускиот предлог е неприфатлив за него и за неговата држава. „Северна Македонија е кандидат 17...

Европа1 ден

Борисов: Ако ја срушиме Владата на Северна Македонија, тогаш Петков му е сојузник на Путин на Балканот

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, ја повика владата итно да ги достави до парламентот ажурирањето на буџетот и францускиот предлог...

Европа1 ден

(Видео) Кирил Петков: Ќе си го одржам зборот за Северна Македонија, уморен сум од кукавици!

Неколку часа пред состанокот на Европскиот совет во Брисел, премиерот во оставка, Кирил Петков, увери дека ќе си го одржи...

Европа1 ден

Шолц: Ќе вложам максимални напори Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе вложи максимални напори на Украина и на Молдавија да им даде кандидатски статус,...

Европа1 ден

Борел: „Денеска не е добар ден – Бугарија го блокира процесот“

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, изрази незадоволство што во Бугарија нема напредок во однос...

Европа1 ден

Рама: Срамно, Бугарија киднапира две членки на НАТО

Премиерот на Албанија, Еди Рама, по пристигнувањето на самитот на ЕУ, повтори дека е срамота што една земја на НАТО,...