Контакт

Забава

Детскиот фестивал „Поточиња“ објавува аудиција за нови членови

Објавено пред

Во пресрет на 16. издание на детскиот фестивал „Поточиња“. кое ќе се одржи напролет, организаторот „Пап продукција“ објавува аудиција за прием на нови членови – учесници на „Поточиња 2019“.

Аудицијата ќе се одржи во градинката „Срничка“ (објект „Бамби“) во населбата Аеродром од 17 до 20 септември во периодот од 18 до 19 часот.

„Сите заинтересирани деца на возраст од 5 до 10 години може да дојдат во еден од предвидените термини и со широка насмевка да испеат една омилена песничка“, порачаа организаторите.

 

Забава

„Звуците на културата“ во Ѓорче Петров

Објавено пред

Од

Од денеска па до недела во општина Ѓорче Петров за првпат ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата“. Многу познати музички имиња, играорни групи, млади таленти и баскер-артисти се дел од програмата.

Покрај активностите на главната бина, ќе има и детско катче, театар на сенки, работилници, хуманитарни акции, базар на ракотворби, локални производи и деликатеси, како и филмски проекции. В недела ќе биде прикажан и филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски.

Локацијата е во реонскиот парк во Ѓорче Петров, а програмата  секој ден почнува  во 17:30 и ќе трае до доцните вечерни часови.

Настапуваат: „Летечки пекинезери“, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Кристина Арнаудова, Миле Кузмановски, „Токсиколози“, Бени и „Нон стоп“, „Куку леле“, Тони Зен, „Ласт експедишн“, Мугер Фугер, мјузиклот „Коштана“, „ПМГ Колектив“, Милко и многу други.

Прикажи повеќе...

Забава

Европска земја во која кинеските туристи оставаат најмногу пари

Објавено пред

Од

Кинезите се познати како големи патници, а оваа година тие најмногу ја избирале Европа, поточно Италија, во која потрошиле дури 83 отсто повеќе пари отколку претходната година.

„Патувањето во странство, а најмногу во Европа, е најголема желба на секој млад кинески турист. За нив, шопингот во Италија е неповторлива можност, која многукратно го збогатува нивното туристичко искуство“, вели Пјетро Кандела, директор на мобилната платформа за плаќање „Алипај“.

Покрај тоа, по купувањето во Италија, кинеските туристи продолжуваат да ги користат истите брендови, па од Кина нарачуваат и плаќаат преку интернет, така што врската со Италија останува и по нивното враќање дома.

Кинеските туристи, кои се најмногубројни во Италија, се родени во 90-тите години на минатиот век, што значи дека во најголем дел тие се на возраст меѓу 19 и 28 години.

Инаку, зголемената потрошувачка од страна на кинеските туристи не е случај само со Италија. Во Русија забележано е зголемување од дури 5.000 отсто во однос на потрошувачката на кинеските туристи за време на мундијалот.

Прикажи повеќе...

Забава

Меган Маркл ги изненади Британците со својата умешност за готвење

Објавено пред

Од

Меган Маркл стана член на британското кралско семејство во мај и нејзиниот живот се промени целосно. Британците се опседнати со првата војвотка од Сасекс и секој нејзин јавен настап предизвикува еуфорија.

Меган ѝ покажа на целата земја дека одлично се снаоѓа во кујната. Војвотката одлучи да го поддржи објавувањето на готвачот „Заедно“ со цел да се одржи една јавна кујна. Меган готвеше разновидни јадења со жените во кујната и се дружеше со нив, а тие беа воодушевени од нејзиниот ангажман.

Кралската двојка набргу ќе замине на првата турнеја низ Австралија и Нов Зеланд, а нивното патување ќе трае две недели.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

(Видео) Уставниот суд ја почна седницата за референдумот

Почна седницата на Уставниот суд на која точка на дневен ред е иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на...

Вести50 минути

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија1 час

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија1 час

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Македонија21 час

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура22 часа

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ23 часа

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија1 ден

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет1 ден

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија1 ден

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет1 ден

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа2 дена

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет2 дена

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет2 дена

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Daily news2 дена

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за...

Македонија2 дена

Актерката Ирена Ристиќ приведена па однесена во болницата во Бардовци оти чистела ѓубре пред Влада

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“ бидејќи, како што вели, чистела догорчиња...

Македонија2 дена

Ги уценувале со илјадници евра за да не објават текстови за Драган Даравелски и Минчо Јорданов

Во кривичниот суд во Скопје, повторно, од почеток почна судењето за случајот „Шпион“, кое го застапува специјалното јавно обвинителство. Во...

Свет2 дена

Милијардерот Марк Бениоф го купува магазинот „Тајм“

Списанието „Тајм“ повторно ја менува својата сопственичка структура, речиси осум месеци откако беше продадено на американската медиумска група „Мередит корпорејшн“....

Македонија2 дена

Американскиот секретар за одбрана допатува во Скопје, загрижен е за мешањето на Москва во резултатот на референдумот

Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, утринава слета на Меѓународниот аеродром  „Скопје“ и беше пречекан од министерката за одбрана, Радмила...

Досие